Palladium Hotel Kriopigi Halkidiki

Share on facebook
Хотелот Palladium е изграден на полуостровот Касандра, во Криопиги помеѓу зелена планина покриена со борови и идилични плажи, нудејќи им на своите посетители совршена пријателска семејна средина за нивниот одмор. Привилегираната локација на хотелот им нуди на сите гости пристап до ретките природни убавини на Халкидики и гарантира мир и спокојство за луѓето кои бараат мирни и релаксирачки денови за време на нивниот одмор.
Хотелот се состои од 4 посебни згради. Во првата зграда се наоѓа рецепцијата, главниот бар и ресторанот. Останатите 3 згради се целосно за сместување на клиентите.
Хотелот располага со 60 пространи соби, двокреветни, трокреветни, фамилијарни соби и јуниор апартмани. Дневен превоз со хотелски шатл-автобус до плажа според возен ред
Хотелски услуги: 24 часа рецепција, надворешен базен, снек бар покрај базен, wifi интернет, паркинг, ТВ сала.
*Со доплата: доктор на повик ( на барање), сеф ( во собите)
Услуга: полупансион / се вклучено
 
Оддалеченост од плажа: 600 метри

Проверете актуелни цени и капацитет​