Општи услови Турција Чартер
Share on facebook
Општи услови за патување
01. Општи одредби
Овие општи услови се прилог кон Договорот за патување и се негов составен дел. Со потпишување на пријавата-договорот за патување (во понатамошниот текст: ,,Договорот“) со својот потпис патникот-купувач на патувањето/аранжманот потврдува дека нему и на сите лица-корисници на аранжманот, вклучени во Договорот (во понатамошниот текст ,,Патникот“) му се врачени овие Општи услови на патување (во понатамошниот текст: ,,Општите услови“) и однапред припремена и објавена програма на патување (во понатамошниот текст: ,,Програмата“). При пријавувањето и склучување на Договорот, Патникот потпишува изјава – Изјавувам дека сум запознат со програмата и со Општите услови на патување, и дека во целост ги прифаќам! со што Општите услови на патување, стануваат правна обврска за Организаторот и Патникот.02. Содржина на аранжманот
Организаторот гарантира реализација на аранжманот според описот во Програмата. Содржината на аранжманот ќе се оствари во потполност и на опишаниот начин, освен во случај на влијание на “виша сила”, која не можела да се предвиди (војна, терористички акции, штрајк, елементарни непогоди, епидемии, сообраќајни и технички проблеми во превозот, или слично). Пред склучување на Договорот, Организаторот може во секое време да го измени описот на своите услуги во Програмата и за тоа да го извести Патникот во примерен рок, без одложување, во пишана форма или преку емаил. Патникот и Организаторот согласно констатираат дека Патникот е известен за сите евентуални промени на податоци од Програмата, пред склучувањето на Договорот и дека Патникот е запознаен со истите.03. Пријава – Договор и уплата
Пријавата – Договорот се прави во писмена форма, до пополнување на капацитетот на слободни места, со уплата на аконтација на цената назначена на секоја поединечна пријава. Патникот може да се пријави за патувањето и да склучи Договор во просториите на Организаторот -туристичките агенции на ,,Пикник Травел ДООЕЛ Скопје“, како и во сите други туристички агенции кои имаат склучено договор со Организаторот за посредување на продажба на патување, односно кои се овластени за продажба на нејзините програми за патување. При пријавувањето и склучување на Договорот, Патникот уплаќа аванс во висина од 30% од вредноста на цената на целиот аранжман, освен ако не е поинаку договорено или определено во Програмата. Остатокот од договорената цена се плаќа по потврдувањето на резервацијата од службата за резервации, најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот, освен ако не е поинаку договорено или определено во Програмата. Доколку Патникот до тој рок не изврши доплата на аранжманот, Организаторот ќе смета дека Патникот се откажува од аранжманот и ќе ги наплати трошоците за отказ на аранжманот од Патникот, согласно условите од Член 07 од Општите услови. За датум на уплатата се смета датумот на уплатата на сметката на Организаторот или Посредникот. Секоја уплата на аконтација се води како уплата за сите патници, а не само за одреден патник од Договорот. Доколку Патникот не изврши уплата на авансното плаќање или на целата цена на аранжманот благовремено, Организаторот на патувањето може да се откаже од Договорот за патување и да бара надомест во согласност со точка 07 од Оштите услови. Доколку дојде до откажување или измена на Договорот, отказните одредби и измени важат за сите наведени патници во Договорот.04. Цена на аранжманот
Цените за сите патувања/аранжмани се објавени во Денари или во Евра со обврска Патникот да врши плаќање во денарска противвредност според пазарниот курс – објавен од страна на Организаторот. Цените се формираат од страна на Организаторот и истите не може да бидат предмет на приговор од страна на Патникот. Со потпишување на Договорот се смета дека Патникот се согласил со цената на аранжманот. Организаторот го задржува правото на промена на цената на аранжманот во случај на промена на цените на хотелските, превозните и други услуги, како и во случај на промена на девизните курсеви на пазарот. За зголемување на цената на аранжманот до 10% не е потребна согласност од Патникот (се пресметува на остатокот од уплатата). За зголемување на цената на аранжманот повеќе од 10%, Патникот има право да го раскине договорот без обврска да ја надокнади штетата произлезена од отказот. Организаторот го известува Патникот за зголемувањето на цената повеќе од 10 % благовремено, по пат на емаил или во пишана форма. Доколку во рок од два дена од приемот на известувањето, Патникот по писмен пат не го извести Организаторот дека се откажува од Договорот, се смета дека Патникот ја прифатил новата цена и должен е истата да ја плати во целост. Доколку Организаторот дополнително објави намалување на цените на патувањето/аранжманот (на пр. специјални понуди или попусти за “last minute“ или било какви други попусти ), намалувањето не може да се однесува на веќе склучените договори за патување и не може да биде основ за било каков приговор или рекламација на Патникот кон Организаторот. Во случај Патникот да бара исполнување на дополнителни услуги од понудените во Програмата, Патникот е должен за истите да изврши дополнителни плаќања. Услугите извршени во странство кои не се однапред договорени и платени од страна на Патникот, Патникот ги плаќа на лице место на непосредниот извршител на услугата. За сите дополнителни услуги и плаќања кои Патникот ги врши на лице место на непосредниот извршител на услугата, Организаторот нема никаква обврска и плаќањата извршени од страна на Патникот по овој основ, Патникот нема право да ги бара од Организаторот.05. Категоризација и опис на услугите
Понудените хотели и апартмани се опишани според официјалната категоризација во време на издавањето на каталогот и објавување на Програмата. Квалитетот на услугите го стандардизираат локалните туристички власти. Стандардите на сместување и услуги се различни по дестинации и не се споредуваат. Организаторот не презема одговорност за било каква друга усмена или писмена информација, која не е во согласнот со описот на услугите во понудената програма. Организаторот на патувањето не го обврзуваат усните рекламации, на продажните места, кои не се во склад и отстапуваат од описот даден во Програмата.06. Право на организаторот за измени и отказ на аранжманот
Пред почеток на патувањето Организаторот ги има следниве права и обврски: Да ја измени Програмата (во времетраењето или содржината) во случај на виша сила или вонредни околности кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани. Во случаи кога нема можност за сместување во резервираниот објект, поради технички проблеми или “over booking” од страна на хотелиерот, Организаторот ќе го смести Патникот според можностите во дадениот момент, во објект од иста категорија или доколку не е возможно да биде обезбедено сместување во објект од иста категорија, Патникот ќе биде сместен во објект од повисока категорија, без надомест. Во ваков случај Патникот нема право да го избере објектот во кој ќе биде сместен. Да го одложи или откаже аранжманот во случај на недоволен број на пријавени патници од предвидениот минимум за одреден аранжман. Во случај на отказ на аранжманот, Организаторот е должен да ги извести сите патници за отказот најмалку 5 дена пред почетокот на реализацијата на аранжманот и да им ги врати во целост уплатените средства најдоцна во рок од 15 дена од денот на откажувањето. За време на патувањето Организаторот ги има следниве права и обврски: – Организаторот на патувањето го задржува правото да го промени денот или часот на патувањето, како и да направи промена на програмата на патувањето и изврши потребни измени во Програмата, доколку се променат условите за патување (променет распоред на лет, принудно слетување, преполна граница или сообраќај, затворање на кое било од назначените места, визни промени, безбедносна состојба, природни непогоди или други вонредни и објективни околности и виша сила) без обврска да плати надомест на штета на Патникот. За промените организаторот има обврска веднаш и на најпогоден начин да го извести Патникот. Во случај ако Патникот интервенира во извршувањето и спроведувањето на патувањето со грубо и недолично однесување, без оглед на дадените предупредувања, Организаторот може да бара надомест за направените трошоци. Во случај на појава на вонредни околности за време на патувањето што не може однапред да се предвидат, а кои може да се поистоветат со виша сила (терористички напади, вонредна состојба, експлозии, инфекции, зарази, епидемии и други болести, природни непогоди, климатски услови и сл.), двете договорни страни имаат право да го раскинат Договорот, при што Организаторот не сноси одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите. Организаторот не презема никаква одговорност ако Патникот го одбие понудениот превоз со обезбедено средство за транспорт од страна на Организаторот.07. Право на патникот за откажување на патувањето
Патникот има право во секој момент да се откаже од патувањето и за откажувањето е должен да го извести Организаторот во писмена форма. Датумот на писменото откажување на Договорот претставува основа за пресметка и наплата на надоместокот што му припаѓа на Организаторот како последица на откажувањето, изразен како процент во однос на вкупната цена на патувањето/аранжманот, освен ако не е поинаку договорено или определено во Програмата и тоа согласно следнава скала:- За отказ од 90 до 45 дена пред патувањето се наплатува 5%
- За отказ од 44 до 30 дена пред патувањето се наплатува 10%
- За отказ од 29 до 20 дена пред патувањето се наплатува 20%
- За отказ од 19 до 15 дена пред патувањето се наплатува 40%
- За отказ од 14 до 10 дена пред патувањето се наплатува 80%
- За отказ од 09 до 06 дена пред патувањето се наплатува 90%
- За отказ од 05 до 00 дена пред патувањето или во текот на патувањето се наплатува 100%.
08. Обврски и права на организаторот на патувањето
Организаторот е обврзан да се грижи за реализацијата на услугите и за изборот на извршителите на услугите со внимание на добар организатор, и да се грижи за интересите на патниците согласно со професионалните принципи во туризмот. Организаторот е должен да му ги овозможи на Патникот сите услуги наведени во Програмата. Организаторот е должен да склучува договори и да презема деловни активности само со угостителски правни субјекти кои поседуваат лиценца и категоризација на објектот, издадено од страна на надлежен орган на државата во која се регистрирани. Организаторот е должен да склучува договори само со лиценцирани туристички водичи и придружници, за кои одобрение или лиценца за работа издава и врши контрола на работењето надлежен орган на државата во која се регистрирани. Организаторот не одговара за штетата која настанала поради грешки во работењето на сообраќајните претпријатија, угостителските правни субјекти, туристичките водичи и придружници, за кои одобрение или лиценца за работа издава и контрола над работењето врши надлежен орган на државата во која се регистрирани. Организаторот исклучува секаква одговорност во случај на промени и неизвршување на услуги предизвикани од дејство на виша сила како и од доцнење на превозните средства, за кои превозникот не одговата според позитивните прописи и меѓународните конвенции. Организаторот на патувањето не прифаќа никаква одговорност доколку дипломатско-конзуларното претставништво го одбие издавањето на влезната виза или доцни со издавањето на визата, или ако емиграционото одделение на странска земја не одобри влез на одреден патник, ниту за било кои други последици кои произлегуваат поради евентуалната неисправеност или губење на патните документи на патникот. Во овие случаи Патникот на свој трошок ги плаќа дополнителните трошоци и Патникот нема право ваквите трошоци да ги бара од Организаторот. Организаторот не сноси одговорност доколку Патникот го изгубил патниот документ пред патувањето или за време на патувањето, или доколку патниот документ на Патникот е неисправен, со изминат рок или со недоволен период на важност за влез во земјата во која патува. Во ваков случај Патникот сам ги доплаќа дополнителните трошоци и Патникот нема право ваквите трошоци да ги бара од Организаторот. Во горните случаи Организаторот ќе обезбеди соодветна помош на Патникот за безбедно враќање од патувањето или остварување на евентуални побарувања од давателот на услугите, при што Патникот ќе му плати на Организаторот за трошоците кои ќе произлезат од тие дополнителни услуги.09. Обврски на патникот
Патникот е обврзан:- Детално да се запознае себе и сите лица од Договорот со Програмата, Општите услови, да ги истакне посебните барања кои не се опфатени со објавување на Програмата.
- Да ја плати договорената цена под условите, роковите и начинот предвиден во Договорот.
- Да надомести штета која ќе ја направи кон непосредните даватели на услуги или трети лица, со кршење на законски и други прописи и овие Општи услови;
- Пред потпишување на Договорот, да се информира на сајтот на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија (www.mfa.gov.mk) и на други начини за земјите на таканаречен висок или умерен ризик.
- Да достави навремено до Организаторот точни и комплетни податоци и документи потребни за организирање на патувањето и да гарантира дека тој, неговите патни исправи, багаж и др., ги исполнуваат условите одредени со прописите на матичната, транзитна и крајната земја на патувањето (гранични, царински, монетарни и други прописи).
- Да се придржува кон куќниот ред во угостителските и хотелските објекти, како и во превозните средства, и да соработува со претставникот/придружникот на Организаторот и извршителите на услугите во добра намера. Во случај на непочитување на овие обврски, Патникот одговара на Организаторот за направената штета. Патниците кои го нарушуваат редот во објектите односно возилото можат да бидат одстранети од аранжманот
- Да поседува важечки пасош и да се информира кај Организаторот дали за земјата во која патува (или за замјите низ кои се патува во транзит) е потребна виза, за да таа навреме се обезбеди
- Да се информира за девизните и царинските прописи во својата земја и земјите во кои патува.
- Да се информира за правилата за користење на угостителските и хотелските објекти, со сите пропратни содржини директно извршителите на услугите.
- Да ги чува и лично да одговара, за сите свои документи, парични средства и личен багаж за сето време на патувањето.
- На лице место, без одложување, да го соопшти оправданиот приговор, по правило во писмена форма на Организаторот или лицата наведени во патната документација.
- Да се информира кај овластените претставници на Организаторот, најдоцна за 24 часа, но не порано од 48 часа, за точното време на поаѓање и враќање од патувањето.
10.1 Авионски превоз
Патникот е обврзан да се прилагоди кон превозот и неговата организација во согласност со пропишаните правила и прописи. Превозот на патниците со авион е регулиран со меѓународните правила кои важат за авионскиот сообраќај, како и согласно правилата на авионската компанија која ја ангажира организаторот на патувањето. Патникот е должен да ја провери својата резервација за лет во агенцијата, најдоцна 72 часа пред полетувањето. Патникот е должен да се информира на аеродромот за местото за чекинг и предавање на багаж во вообичаеното време-час и половина пред полетувањето. Во случај на промена на предвиденото време на полетување и слетување на авионот од страна на авиокомпанијата како и за задоцнување на авионот, организаторот на патувањето не сноси никаква одговорност за евентуалните последици предизвикани од задоцнувањето, како и од промената на времето на полетување и слетување на авионот, туку се применуваат важечките прописи и узански од областа на авио-сообраќајот, за кои Патникот е должен самиот да се информира и запознае. За било какви неусогласености на личните податоци дадени на Организаторот на патувањето при пријава на аранжманот, со податоците од пасошот на патникот кои може да предизвикаат последици од прогласување на картата за нерегуларна и испошување на нови авионски карти се на трошок на Патникот и Организаторот на патувањето не снови никаква одговорност. Патникот е одговорен за својата авионска карта од моментот кога ќе ја добие од претставникот на агенцијата на аеродромот или од службеникот во туристичката агенција. Патникот во целост ги сноси последиците од губење на авионската карта пред или во текот на патувањето. Не постои можност да се издаде дупликат авионска карта ниту на бординг карта за влез во авионот, при што трошоците за нова авионска карта ќе ги сноси Патникот. Доколку Патникот не го реализира патувањето поради горенаведените причини, Организаторот на патувањето нема обврска да изврши рефундација на средствата платени за патувањето/аражманот и нема да се применуваат правилата за виша сила.10.2 Автобуски превоз
Превозот со автобус, како и автобуските трансфери, се извршува со стандардни туристички автобуси согласно прописите ио критериумите кои важат во земјите во кои е регистриран автобускиот превозник ангажиран од страна на Организаторот на патувањето. Не постои однапред дефиниран распоред на седишта на патниците, ниту пак утврден начин на промена на седиштата во текот на патувањето со автобус. Местата во автобусот се доделуваат последователно според датумот на пријавување на аранжманот од страна на патникот. Исклучок може да бидат одредени автобуски патувања, во кој случај ваквото патување е регулирано со посебна одредба во програмата на патувањето. Во случај на доцнење на автобусот поради временски непогоди, вонредни услови во сообраќајот, прекумерно задржување на границите и слично, организаторот на патувањето нема да сноси никаква одговорност за ваквото задоцнување. Oдредбите во врска со патувањата на брод или железница наведени се во програмите на патувањето во кои е предвидено користење на овие превозни средства.11. Багаж
Патникот има право на бесплатен превоз на багаж од 15 -до 20 кг на чартер летовите а на редовните авионски летови има различна ставка во зависност од авиокомпанијата. Кај автобускиот редовен превоз и автобускиот чартер превоз, дозволен е багаж од една патна торба (до 20 кг) по патник и една рачна торба, доколку не е поинаку определено од страна на превозникот или програмата. За секој килограм багаж над дозволеното и надминување на дозволените димензии на патна торба, превозникот има право да наплати од Патникот дополнителен трошок, чија висина зависи од дестинацијата на патување. Патникот нема право ваквиот трошок да го побарува од Организаторот на патувањето. Деца до 2 години на авионскиот превоз и деца кои не плаќаат билет во автобусот, право на бесплатен багаж имаат согласно меѓународните правила. Како багаж, не се дозволува внесување на трговска стока, храна, пијалоци, лекови, наркотици, хемиски и други запаливи средства, оружје, животни, растенија, амбалажи и слични предмети. При внесување и изнесување на багажот од возилото, патникот со лично присуство одговара за истиот. За време на реализација на аранжманот за багажот од возилото, се грижи самиот патник. Поради тоа препорачуваме пред патувањето да се направи полиса за Патничко осигурување со осигурување на багаж, преку Осигурителна компанија, која може да се уплати во агенцијата на Организаторот. Во случај на уништување или губење на багажот, Организаторот не сноси никаква одговорност и Патникот не може да бара надомест на трошоци или било каквов надомест по основ на оштетен или изгубен багаж од Организаторот на патувањето. Организаторот на патувањето не одговара за уништениот багаж или изгубениот багаж, или драгоцености за време на престојот во Објектот наменет за сместување. Препорачуваме изнајмување на сеф, доколку е тоа возможно. Доколку трошоците за изнајмување на сефот не се вклучени во Програмата и се доплаќаат како услуга на непосредниот давател на сместувачката услуга, ваквите трошоци ги сноси Патникот и Патникот не може да ги побарува ваквите трошоци од Организаторот на патувањето.12. Здравствени прописи и заштита
Патникот е должен да се информира кај надлежната здравствена институција и да ги почитува здравствените прописи за патување во одредена земја (потреба од вакцина или здравствен документ). Во случај на болест или незгода во текот на користењето на аранжманот, трошоците за лечење или евентуални лекарски интервенции ги плаќа Патникот. Поради тоа препорачуваме, пред патувањето да се направи полиса за Патничко осигурување преку Осигурителна компанија, која може да се уплати во агенцијата.13. Сместување во соби и апартмани
Доколку патникот-закупувач при пријавување во агенцијата на Организаторот на патувањето и склучување на Договорот за патување не договорил соба/апартман со посебни карактеристики, ќе прифати било која официјално регистрирана соба/апартман за сместување во договорениот објект, опишана во каталогот и ценовникот. Доколку е можно, организаторот ќе се обиде да одговори на дополнителните барања на патникот (комфор, ориентација на собата, кат и слично) но, не може да гарантира исполнување на таквто барање. Вообичаено сместување во собите е 14:00 часот, а напуштањето на собите е до 10:00 часот (доколку во куќниот ред не е поинаку пропишано). Земајќи ја предвид моменталната ситуација со вирусот Ковид -19, хотелот го задржува правото да направи промени во содржината без да извести трета страна.14. Индивидуална програма за патување и поединечни услуги
Индивидуално патување (во натамошниот текст: Индивидуална програма) на Патникот е комбинација од две или повеќе услуги, како и повеќедневно патување кое вклучува услуга за сместување за одредени датуми,Организаторот за потребите на Патникот го организира. Одредбите од претходните точки на Општите услови не се применуваат по иста аналогија и важат услови кои Организаторот дополнително ке го запознае Патникот а тој ќе ги прифати и ќе се раководи според пропишаните услови на крајниот давател на услуга. За индивидуални и „резервации на барање“, Патникот уплаќа депозит во износ не помал од 50 евра во денарска проотиввредност според продажниот курс на банките на денот на уплатата. Доколку резервацијата биде прифатена од страна на Патникот, депозитот се пресметува во цената на услугата. Доколку резервацијата не биде потврдена од агентот на услугата во договорениот период, депозитот се враќа во целост на Патникот. Доколку Патникот не ја прифати понудената или потврдена резервација, што е целосно во согласност со барањата на Патникот, износот на депозитот го задржува посредникот за услуги, во целост. Посредникот на услугата, освен во случај на своја немарност и негрижа, не одговара за недостатоците, на индивидуалните туристички патувања, за кои истиот е само посредник помеѓу Патникот и непосредните даватели на услуги (на пример: поединечна услуга за сместување, превоз, влезници за спортски манифестации, излети, рент-а-кар и др.). По добивање на доказ за поединечна договорена услуга, договорните услови стануваат важечки исклучиво меѓу Патникот и секој поединечен давател на услуга.15. Заштита на лични податоци на патникот
Личните податоци на Патникот, кои тој доброволно ги дава, се деловна тајна на Организаторот. Патникот се согласува дека Организаторот може да користи личните податоци на Патникот за реализација на договорената Програма за патување, каде што адресите, местото, времето и цената на патувањето и имињата на придружниците не смеат да бидат соопштени на други лица, освен на лица согласно посебни законски одредби.16. Решавање на приговори
Во случај на непотполно или неквалитетно извршување на услугите, Патникот има право на соодветно обештетување, исклучиво доколку приложи писмен приговор до Организаторот. Секој патник – носител (потписник) на договорот има право на приговор врз основа на неизвршена договорна услуга. Организаторот нема да прима во процедура групни приговори кои ги поднесуваат повеќе носители на договори врз основа на еден приговор. Постапка за поднесување приговор: Веднаш на самото место Патникот ја рекламира адекватната услуга кај претставникот на Организаторот, а доколку истиот го нема, кај извршителот на услугите. Патникот е должен да соработува со претставникот и со извршителот на услугите во добра намера за да се одстранат причините за приговорот. Доколку патникот на самото место не го прифати понуденото решение на рекламацијата кое одговара на уплатената услуга, Организаторот нема да ја уважи дополнителната рекламација на Патникот и нема да одговори на истата. Ако причината за рекламацијата не биде отстранета, Патникот за тоа составува со претставникот писмена потврда (записник). Најдоцна 8 дена по завршувањето на аранжманот, Патникот поднесува писмен приговор во продажното место каде што го уплатил аранжманот, и ја приложува писмената потврда (записник) потпишана од претставникот како и евентуалните сметки за дополнителни трошоци. Организаторот ќе ги прими во процедура единствено оние приговори кои содржат потполна, релевантна документација. Организаторот е должен да донесе писмено решение во рок од 14 дена од приемот на приговорот во продажното место. Организаторот може да го одложи рокот на решението на приговорот заради комплетирање на информациите и проверка на наведените рекламации кај извршителот на услугите. Организаторот ќе ги решава само оние рекламации за кои во местото на одмор не можеле да бидат отстранети причините кои ги предизвикале. Додека организаторот не донесе решение по приговорот, Патникот се откажува од посредување на било кое друго лице, судска постапка или давање информации во јавните медиуми. Евентуалното непридржување на Патникот кон истата, или пак нарушување на отпочнатата постапка со било каква активност спомената или не, дава причина за неприфаќање на истите приговори, прекинување на отпочнатата постапка и воедно претрпената штета и нарушениот углед во јавноста. – Највисоката надокнада по приговорот може да достигне сума до исносот на рекламираниот дел од услугите, но таа не може да ги вклучува веќе искористените услуги како и севкупниот износ на аранжманор. Со ова се исклучува правото на Патникот да истакнува било какво побарување по основ на наплата на штета.17. Надлежност на судот
Во согласност со точка 16 од овие услови, Патникот има право на рекламација кај Организаторот. Доколку Патникот не е задоволен со решението на Организаторот, има право да побара дополнителна арбитража и мислење од страна на Судот на чест при надлежната комора, или од страна на надлежниот Суд во Скопје., согласно местото каде е седиштето на Организаторот.SIMILAR OFFERS
-
Uncategorized
ВИЛА MARIA PASHALIDOU – Неа Рода – аткк – ЛЕТО 2024
-
Uncategorized
ВИЛА МЕМФИС – КАЛИТЕА – МТФ
-
Uncategorized
ВИЛА ДИОГЕНИС – НЕА ПОТИДЕА – АТК – LETO 2023
-
Uncategorized
BELGRADE – New Year