ИСТАНБУЛ – 8ми Март 2022 - ЛТ -

Share on facebook

ИСТАНБУЛ – 8ми Март 2022

ПРВ ТЕРМИН: 03.03.2022-06.03.2022

ВТОР ТЕРМИН. 10.03.2022-13.03.2022

 

Денес Истанбул претставува велеград со преку 20 милиони жители, кои работат и живеат на двата континента.Модерниот плоштад Таксим, или квартовите Бејоглу и Османбеј, ке направат да се чувствувате како во било која светска метропола, додека прошетка низ плоштадот на Султан Ахмет, неизбежно ќе ве врати илјада години назад низ времето: ново и старо, Ориент и Европа, ислам и христијанство – никаде нема да најдете испреплетено и нераскинливо поврзување како во Истанбул. Истанбул е збир од знаменитости и музеи, звуци од галеби и улични продавачи, вкусови на традиционална храна. Истанбул е историја! Истовремено и најдобар пример за разликата меѓу сјајот и бедата на еден град, на една цивилизација.

 

ПРОМО ЦЕНА: 79 ЕУР / 4900 ден (за уплата до 01.02.2022)

РЕДОВНА ЦЕНА: 89 ЕУР / 5520 ден

ПРОГРАМА:

1 ден(четврток)

Поаѓање во попладневните часови од пред т.а. Либеро Травел (организиран трансфер од Скопје, Велес, Св.Николе, Штип, Виница, М.Каменица, Делчево). Ноќно патување преку Бугарија со попатни паузи и царински формалности.

ден:  (петок)

Пристигнување во Истанбул во раните утрински часови и по можност сместување во хотелот. Средба на групата со локален водич пред хотел. Програмата започнува со панорамска обиколка на Истанбул .Обиколката започнува од Европскиот дел на градот, кон Азија Посета на паркот Беилербеи од каде шти се открива неверојатна позадина на Босфор. Фото пауза од 30 минути. Се враќаме во Европскиот дел на градот и продолжуваме со пешачка прошетка во историскиот центар Султанахмет. Разгледување на знаменитостите на хиподром. По можност посета на Сината џамија – единствена со 6 минариња. Следи факултативна посета на Топкапи палатата. Оваа исклучително важна палатабила седиште на Отоманската империја повеќе од 4 века, а денес претставува еден од најпосетуваните музеи во „Главниот град на светот“. Топкапи Сарај е подигнат во средината на 15-тиот век, по наредба на султанот Мехмед II „Освојувачот“. Градбата била направена врз старо византиско утврдување, а дел од камените столбови, како и кадата во која се крштевале византиските цареви се се уште зачувани и претставуваат дел од културното наследство, кое е под заштита на УНЕСКО од 1985 година.

Можност за посета на Аја Софија или Света Софија позната и како Црква на светата мудрост – единствен храм на светот кој бил црква, џамија, музеј и повторно црква. Изградена е во 537 година и како православна црква функционирала се до 1204 година, кога станала католичка црква. Во 1261 година повторно ќе стане православна, за во 1453 година да стане џамија, се до 1953 година кога Аратурк решава да ја претвори во музеј.

Попатна посета на Капали чаршија, еден од најголемите и најстари затворени пазари во светот со 61 покриена улица и над 3000 продавници.  Враќање во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Вечерта, факултативна турска традиционална вечера на брод по Босфор со целосно мени и програма.Ноќевање.

3 ден  (сабота)

Појадок од 07.00 до 08.30. Во 09.00 започнува програмата со факултативно крстарење по Босфор со локален водич. Прошетката со брод ќе ви овозможи да уживате во Европскиот брег на Босфор до тврдината Румелија Хисар. Ќе имате можност да ги фотографирате прекрасните Долмабахче, дворецот Јилдиз, Чифте Сарај од страна на Босфорот. Потоа бродот се упатува кон Азискиот брег. На бреговите на Босфор ќе ги видите прекрасните вили каде се снимени повеќето од турските серии. Се враќаме на пристаништето Еминону. Посета на продавница за СЛАТКИ НЕШТА – баклава, локум, кафе, алва..  . Факултативна посета на палатата Долмабахче кој е еден од најраскошните дворци во светот. Долмабахче палатата во Истанбул – прекрасен комплекс, кој е украсен со прекрасен Босфорот. Овој одличен пример на структурата на целиот свој изглед покажува туристи треба да изгледа како палата. Се што е во и околу објектот е елегантен и одговара на името. Турскиот збор “Долмабахче” значи “полни градина.” Всушност, оваа палата е полна со ориентални луксузни и Европската богатство.Дворецот е скапоцено богатство на Турција. Продолжуваме со посета на Облакодерот Sapphire – Тој беше највисокиот облакодер во Истанбул и Турција помеѓу 2010 и 2016 година и 4-та највисока зграда во Европа.Sapphire се издига 54 ката над нивото на земјата и има надземен покрив од 238 метри: зградата има вкупна структурна висина од 261 метар вклучувајќи го и нејзиниот шпиц, кој е дел од дизајнот, а не радио антена.Тоа е и првиот еколошки облакодер во земјата.Нуди неверојтана атракција – симулација на лет со хелихоптер над градот – 4D. Враќање во хотел.Слободно време за одмор. Навечер, факлутативна посета на Venezia Mega Outlet и  најпопуларниот плоштад во Турција – Таксим и улицата Истиклал која води до Галата кулата кои се посетувани од над 3 милиони посетители дневно. Слободно време за разглед на Галата кулата, шопинг во многубројните продавници, вечера во некој од рестораните или пак пијалок во кафуле. Враќање во хотелот. Ноќевање.

4-ти ден:  (недела)

Појадок. По појадокот одјавување од хотел и тргнување кон Македонија со попатна посета на најразновидниот аквариум Florya кој нуди разглед на разнобојни видови морски животни, можност да видете поларна област со пингвини и амазонска област со прашува.  Мал одмор и тргнување кон Македонија. Пристигнување во Македонија во вечерните/ утринските часови.

 

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО: 

  • Превоз со високотуристички автобус
  • Две ноќевања со појадок во хотел 3* во близина на Капали чаршија
  • Панорамска обиколка на Истанбул со локален водич
  • Разглед на Хиподромот и плоштадот Султанахмет
  • Посета на Капали Чаршија
  • Посета на шопинг центар Sapphire
  • Посета на шопинг центар Florya
  • Придружник на патувањето

 

  • ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
    • Облакодер Sapphire со 4D филм  – 20€
    • Дворецот Топкапи – 25€
    • Крстарење по Босфор – 20€
    • Дворецот Долмабахче – 25€
    • Venezia Mega Outlet и Таксим –15€
    • Аквариум Florya – 20€
    • Тест за влез во МК (за невакцинирани) – 15 еур
    • Дополнителна можност за вечера на брод – по договор со придружникот во автобус
  • Пакет факлутативи – 110€ (бесплатна посета на Venezia Mega Outlet и Таксим)
    Патничко осигурување – 200 денари (без фрашиза)
    Придржување на мерките за Covid-19 ќе бидат во целост запазени.
    Патувањето се реализира преку Бугарија- транзит до Турција
  • НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за избор на место во автобусот со доплата од 20 евра при уплата на аранжманот.
  • УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:
    • Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
    • Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
    • Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ.
    • Пасошот мора да има задолжителна важност од минимум 6 месеци од датумот на завршувањето на аранжманот.
    • Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
    • Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14 часот. Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето.
    • Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
    • Во случај на нереализација на патувањето- средствата се враќаат целосно на патниците.
    • Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ или Турција

 

ВИДЕО ОД ПРЕУБАВИОТ ИСТАНБУЛ