8-ми Март во Италија: Венеција, Фиренца, Верона и Падова - ЕСТ
По анализата и истражувањето коешто го направивме со Ескејп Травел, успеавме да создадеме аранжман за викенд патување во Италија кое ќе биде за патници кои ќе сакаат да научат многу за културата на земјата и да добијат квалитетна програма со селектирани градови, наместо квантитативно трчање низ градовите.
На маса ни беа сервирани доста градови за посета, ние се одлучивме нашата програма да ја исполниме со три квалитетни градови кои привлекуваат милиони туристи секоја година.
Нашата програма почитувани патници, нуди можност да уживате во уникатните моменти во Италија. Да вечерате со вашите блиски во ресторан во Верона, да уживате во чаша „Аперол-шприц“ на некој од познатите плоштади во Фиренца или пак да го искористите целиот ден за истражување на каналите, мостовите и тесните улични во Венеција, наместо да се брзате со ограничено време.
Од тие причини, последниот ден од нашата програма е Венеција, кога ќе бидете најодморени од патот до Италија и ќе може да уживате искористувајќи го целиот ден во градот. Во Венеција нè очекува нашиот пријател локален водич кој ќе ви раскаже од А до Ш за градот, историјата и културата.
Првиот ден од нашата програма е предвиден за посета на Верона која е гратис факултатива, а каде ќе може да уживате во шопинг искуството и вечера во ресторан со луѓето со кои патувате. За да бидете уште побезбедни додека патувате до Верона, нашата агенција одлучи да изнајми дополнителен автобус со кој ќе биде организирана посетата на градот, бидејќи нашите возачи заслужуваат одмор по долгиот пат, а вие како патници заслужувате безбедност.
Вториот ден е предвиден за посета на Фиренца, градот кој плени со својата убавина и историја. Град кој вреди барем еднаш да го посетите во својот живот. Град во кој е роден Данте Алигери, Америго Веспучи, Николо Макијавели, а живеел Леонардо Да Винчи каде ја слика познатата „Мона Лиза“. Во Фиренца се наоѓа познатата склуплтура „Давид“ на Донатело, а со ова веќе сосема ви е јасно каков град за посета имаме во нашата програма. Во Фиренца нè очекува нашата пријателка локален водич кој ќе ви раскаже од А до Ш за градот.
Она што е доста важно да се напомене е дека Верона ќе ја посетиме откако ќе се сместиме во хотелот, раскомотиме и подготвиме за уживање во тоа што се нарекува Италија. Ваквиот начин на организирање тура во Италија го воспоставивме бидејќи патувањето е доста часови, а сакаме сите вие како патници да може да ги доживеете трите градоди како што им доликува.
Нашата програма вклучува локални туристички водичи поради една причина- Нашите патници да може да слушат и научат се за историјата и културата.
ПРОМО ЦЕНА за резервации до 15.02.2022 – 119€/ 7,378 ден
Редовна цена 149€/ 9,238 ден
План и програма
СКОПЈЕ – ПАДОВА
Состанок на групата на паркингот кај хотел ВИП спроти саем во 13.30 часот. Поаѓање за Италија во 14.00 часот. Патувањето се одвива преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Ноќно возење.
ПАДОВА-ВЕРОНА
Пристигнување во претпладневните часови во околината на Падова, град кој има одлично сочувано градско јадро со бројни цркви и палати кои денес се под заштита на УНЕСКО. Сликовит град со мрежа на густо поврзани улици со аркади кои се спојуваат со градските плоштади како Prato della Valle, Piazza della Erbe, Piazza della Frutta. По самото пристигнување се сместуваме во хотелот, време за кратко освежување од патувањето и заминуваме на разглед на градот Верона со организиран приватен автобус кој нашата агенција го изнајмува во Италија се со цел да им овозможиме на нашите возачи да се одморат од патот и да бидат подготвени за наредниот ден.
Пристигнување во Верона и прошетката во градот на Ромео и Јулија, ја правиме релаксирано со придужникот на групата со посочување на местата од интерес: го минуваме мостот и влегуваме покрај Ѕидините на градот до Арената, плоштадот Бра, Виа Мацини и плоштадот Ербе, се до куќата на Јулија од каде имате слободно време за индивидуални прошетки, шопинг и секако вечера во некоја од локалните италијански ресорани. Во договореното време се собираме на договорената локација и се враќаме назад кон Падова со автобус.
Доколку сакате да го посетите центарот на Падова, тоа ќе може да го направите со локално такси првата или втората вечер, доколку не се чуствувате уморни.
Ноќевање.
ПАДОВА – ФИРЕНЦА – ПАДОВА
ПАДОВА – ВЕНЕЦИЈА – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотелот и заминување кон Венеција каде ќе го искористиме целиот ден да уживање. Одморени, дотерани и подготвени за уживање во градот.
Во договорено време со пратителот се упатуваме кон терминалот Фусина, од каде се качуваме на брод Вапорето и пловиме до Венеција. Пристигнување на портот на Венеција и заминување на пешачки разглед со локален водич кој трае околу еден час до час и половина. Ќе имате можност одблизу да ги видите:
– Мостот на Воздишките
– Дуждевата Палата (Влез со доплата)
– Црквата Св. Марко (Влез со доплата)
– Плоштадот
– Мостот Риалто
– Каналот Гранде
Кога ќе пристигнеме до каналот Гранде кај мостот Риалто, разгледот завршува. По разгледот групата добива доста слободно време за индивидуално уживање, кафе, ручек, шопинг и секако милион фотографии. По завршувањето на слободното време, групата се чека на договореното место и се враќа назад кон пристаниште.
По самото поаѓање кон Македонија, ќе направиме кратка пауза доколку дел од патниците сакаат да се раскомотат со полесна облека за патување.
Дневно и ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности.
Пристигнување во Скопје во претпладневните часови, во зависност од задржувањата на граница.
Сместување во хотел со 3‘ во Падова
Сместувањето е во хотел со 3* во Падова со вклучен појадок
Што е вклучено во цената
Што не е вклучено во цената
Задолжително патничко и здравствено осигурување;
Задолжителна доплата на превоз со брод вапорето до Венеција – 20€ (поради огромниот интерес и ограничените места, нашата агенција овозможува патување на лицата кои ќе се одлучат за посета на Венеција и Фиренца);
Задолжителна факултативна посета на Фиренца со локален водич – 45€ (поради огромниот интерес и ограничените места, нашата агенција овозможува патување на лицата кои ќе се одлучат за посета на Венеција и Фиренца);
Доплата за туристичка такса на рецепција во хотел (1-2€ по лице од ноќ);
Влезници по културно – историските знаменитости.
Попусти и опционални доплати:
Доплата за еднокреветна соба 40€/2.480ден,
Попуст за 3то лице на дополнителен кревет -10% (на барање),
Доплата за одбирање на ред на седење во автобус 10€/620мкд (мин. 2 седишта),
Доплата за дополнително седиште во автобус 80€/4.960ден.
Факултативни излети
Посета на Венеција (Задолжителна доплата)
20€
Венеција — главен град на регионот Венето и провинцијата Венеција во североисточна Италија. Изградена е на 118 мали острови во устието на реката Бренте во Венецијанскиот Залив. Позната е и како „град на каналите“. Повеќе од илјада години Венеција била главен град на Венецијанската Република. Градот бил основан во 569 година кога група бегалци, за да се спасат од инвазијата на Лонгобардите, се населиле во крајбрежната област. Венеција има над 170 канали по кои пловат гондоли, чамци, мали параброди и моторни бродови. Најголем е Големиот канал на кој се наоѓа познатиот мост „Ријалто“, а околу 380 помали и поголеми мостови служат за премин преку каналот.
Посета на Фиренца (Задолжителна доплата)
45€
Фиренца е позната по својата историја. Центар на европската трговија и економија и еден од најбогатите градови на денешницата.Фиренца се смета за местото каде се родила ренесансата и била нарекувана Атина на средниот век. Во нејзината бурна политичка историја се вклучени периодите кога владеела силната фамилија Медичи и бројни религиозни и републикански револуции. Од 1865 до 1870 та година, градот бил исто така и престолнина на скоро основаното Кралство на Италија. Фиренца содржи повеќе палати и згради од различни епохи. Палацо Векио (во превод Старапалата) е градското собрание на Фиренца и исто така е и музеј на уметноста. Оваа голема романична тврдина-палата која има поглед на Piazza della Signoria ја има копијата на скулптурата на Давид од Микеланџело,како и галеријата на скулптури во непосредна близина на Loggia dei Lanzi. Оригинално наречена Palazzo della Signoria, по Сигнориа од Фиренца, владејачкото тело на Република Фиренца, исто така и беа дадени и неколку други имиња: Palazzo del Popolo, Palazzo dei Priori, andPalazzo Ducale, во согласност со различната употреба на палатата за време на својата долга историја. Зградата го добила своето сегашно име кога војводската резиденција на Медичи била преместена преку Арно во Палацо Пити.
SIMILAR OFFERS
-
Uncategorized
Краков (Полска) за 8-ми Март -ЕСТ
-
Uncategorized
Атина за 8ми март – ГТ
-
Uncategorized
ИСТАНБУЛ – 8ми Март 2022 – ЛТ –
-
Uncategorized
ВИЛА ФИЛОКСЕНИА – Неа Врасна – атк – ЛЕТО 2024