BUDVA - New Year

Share on facebook

НОВА ГОДИНА ВО ВИЕНА

30.12.2021-03.01.2022
2 ноќи / 5 дена
Шенбрун Белведере l Пратер
Outleet Parndorf

30.12.2021 Скопје- Виена                                                                                                                     

Состанок на групата  пред “Дрво Декор ” во 13:30 ч.Заминување за Виена во  14:00 ч . Се патува преку Србија и  Унгарија  ноќно возење со попатни одмори за царински формалности и одмор.

 

31.12.2021 Виена                     

Пристигнување во Виена во предпладневните часови, панорамско разгледување на градот со локален водич: булеварот Рингштрасе, палатата Хофбург, Парламентот, Виенската опера, катедаралата Св. Стефан, шарената куќа Хундертвасер,…Сместување во хотел.

слободно време за одмор и подготовки за дочекот на Новата 2022. Во вечерните часови во организација со водичот трансфер до центарот на Виена во близина на плоштадот Ратхаус каде што ќе ја доживеете најубавата атмосфера во Европа со секаков жанр на музика а и воедно да се напиете топло традиционално црвено вино. Во договорено време трансфер до хотел. Ноќевање

 

01.01.2022 Шенбрун – Белведере – Виенски пратер  (факултативно)  

Појадок.По појадокот се заминува во центарот на Виена. На видео бим ќе ја проследите главната Виенска филхармонија на новогодишниот концерт и традиционално  да заиграте валцер со  музиката на Штраус и делата на класичната музика.

Можност за факултативна посета на дворецот Шенбрун, летната Хазбуршката резиденција од 1700г. еден од најубавите во Европа како и дворецот Белведере.

По слободно време во посета на Шенбрун и Белведере заминуваме кон Виенскиот пратер каде ќе можете да го доживеете најстариот парк во Европа кој е симбол на Виена.

Во вечерните часови враќање во Хотел. Ноќевање.

                                                                                         

02.01.2022   Виена – Parndorf outlet – Македонија       

Појадок.По појадокот заминуваме во центарот на Виена, слободни активности. Во 13часот заминуваме кон Македонија со попатна пауза во Pandorf outlet center кој се наоѓа на патот од Виена кон Будимпешта. Во пладневните часови заминување кон Македонија преку Унгарија,Србија, ноќно возење со попатни паузи.

 

03.01.2022 – Македонија                                                                    

Пристигнување во утринските часови.

 

Цената на аранжманот изнесува: 180евра

Промо цена  (За уплата до 06.12)

                           

                                 Трансфери од Битола, Прилеп, Велес, Штип со доплата од 10€

                       Напомена: Се патува со 2 вакцини и важечки пасош од минимум 3 месеци

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Превоз со високо туристички автобус (A/C;TV;DVD;CD)
  • Разглед на Виена со локален водич
  • Сместување во хотел со 3* на база 2 ноќевање со појадок
  • Oрганизација и водство на патувањето со пратител од агенцијата

 

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Посета на дворецот Шенбрун, Белведере и забавниот парк Виенски пратер – 30еур (трансфер) доплата на влезница за замокот индивидуално
  • влезници за културно историските споменици
  • Доплата за 1/1 соба
  • Осигурување 5 € ( до 65 години)

 

  В А Ж Н И   И Н Ф О Р М А Ц И И

*Секој програм е креиран со посебни услови. Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.

*Цената на аранжманот е пресметана на минимум 40 лица (автобус) и спрема условите на  новонастанатата ситуација со вирусот Ковид 19

*Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот 7 дена пред терминот за патување.

*2 дена пред започнување на аранжманот агенцијата ќе ги потврди информациите за време и место на тргнување или патниците да се обратат во Агенција за време и место на поагање

*Резервација на аранжманот се прави со валидна патна исправа (пасош не постар од 3 месеци по враќање од патувањето или со лична карта)  уплата на аконтација која е неповратна во случај на отказ од страна на патникот.

*Аконтацијата се уплака: 30% автобуски програм доколку не е поинаку назначено.

*Цената е загарантирана само за целосна уплата. Во спротивно, загарантиран е  износот на аконтација, а остатокот е подлежен на промени.

*Патникот го потпишува Договорот за патување штом го прочитал Аранжманот и е согласен со истиот.

*Доколку патникот е незадоволен има право да се обрати на претставникот на агенцијата и на лице место да пополни Записник; или може во рок од 5 работни дена по завршување на аранжманот да поднесе приговор

*Доплата за одбирање на ред на седење во автобус +10 €, а дополнително седиште во автобус 20€ ова важи само кога е организирана група со автобус.

*Организаторот го задржува правото да ја намали или зголеми цената во случај на промена такса, копнен сообраќај, додатен багаж).Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите по политиката на локалната агенција. Факултативите задолжително се резервираaт во агенцијата при самата уплата по избор.

*Се замолуваат патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.*Се информираат патниците дека со себе можат да носат 1 патна торба како и личен багаж, во спротивно возачот на превозното средство има право да го острани или да го наплати дополнително.Се информираат патниците доколку носат ски опрема да пријават во агенција поради типт на автобусот кои ке ги вози.

*Патниците се симнуваат до најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира возилото.

*Локалниот водич или пратителот на патувањето има право да го отстрани патникот или да направи промена во редослед поради (непотчитување на правилата на агенцијата, за предупредување, непочитување на саатнините закажана однапред од страна на агенцијата и локалниот водич.

*Агенцијата задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата застој во сообраќај, локални штрајкови, снег на пат, локали предупредувања, каснење на патници, непочитување на саатнина закажана однапред од страна на агенцијата.

*Во случај на промена на монетарниот пазар организаторот го задржува правото на промена на цените да ги зголеми и намали цените,Плаќањето е во денарска противвредност по курс 62 денари.Плаќање со кредитни

*Важат Општите услови на ТА LIBERO TRAVEL со Лиценца-А членка на СКТМ и СКЕМ