Sicilija-BLF-Leto 2023

Share on facebook

Сицилија, со години е меѓу најпосетуваните европски дестинации, посебно текот на летните месеци, па затоа за летување на Сицилија се одлучуваат се поголем број на туристи. Овој скапоцен камен на јужна Италија, ќе Ве водушеви со својата природа, долгите плажи, голема лепеза на бои и секако тука животот буквално е на ивицата на вулканот.

Доколку го имате гледано филмското достигнување, кое критичарите го сметаат за еден од најдобрите филмови на сите времиња, летувањето на Сицилија ќе Ве асоцира на филмот Ким (The Godfather). Овој мегахит, во режија на Frensisa Ford Kopole, му донесе на островот вртоглава популарност, но секако преставува само мал дел од тоа што може да понуди Сицилија.

Roccalumera – најдоброто место за одмот на Сицилија

Приморскиот град Рокалумера се наоѓа на јонскиот брег, во градскиот град на провинцијата Месина. Има население од околу 4.000 жители. Рокалумера е град познат не само по своите преубави и долги плажи, туку и по поетот добитник на Нобелова награда Салваторе Квазимодо, кој таму го има поминато своето детсво и младост во куќата на своите баба и дедо кои се наоѓаат на улицата Умберто I.

Главни знаменитости се плажата Chiesa Madonna del Carmin и шеталиштето.

Опис на хотелот:

Хотелот La Piramide 3*, се наоѓа во градчето Рокалумера. Лоциран е на 200 метри од плажата, каде гостите од хотелот не плаќаат лежалки во Lido Restaurant – Pizzeria. Секоја соба има сопстено купатило, тераса. Собите се опремни со мини-бар, фен, TV, клима. Собите се чистат секојдневно. Хотелот е оддалечен 15 минути возење од монтенскиот град Таорима.

ТЕРМИНИ

08.07.-19.07.2023

15.07.-26.07.2023

22.07.-02.08.2023

ЦЕНИ СЕ ОДНЕСУВААТ ПО ЛИЦЕ

ТЕРМИН 08.07.-19.07.

1/4 СОБА – 509 ЕВРА

1/3 СОБА – 519 ЕВРА

1/2 СОБА – 539 ЕВРА

ТЕРМИНИ 15.07.-26.07. И 22.07.-02.08.

1/4 СОБА – 519 ЕВРА

1/3 СОБА – 529 ЕВРА

1/2 СОБА – 549 ЕВРА

 

ПРОГРАМА ЗА ПАТУВАЊЕ:

  1. Ден / Скопје – Србија – Хрватска – Словенија:

Состанок на групата  во 11:00 часот кај спортската Сала Борис Трајковски, тргнување во 11:30 часот. Патување низ Македонија, Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи заради одмор и регулирање на граничните формалности.

2.Ден / Кавелино – Венеција – Рим:

Во раните утрински часови пристигнување во туристичката зона Кавелино. Слободно време или факултативен трансфер до пристаништето Пунта Сабиони и возење со брод до Венеција. Разлгед на градот: Дуждевата палата, Црквата Св. Марко, мостот Риалто, мостот на воздишките, плоштадот Св. Марко… Слободно врме до касните попладневни часови. По разгледот се упатуваме за Рим. Пристигнување во доцните вечерни часови, сместување Ноќевање.

  1. Ден / Рим – Сицилија:

Појадок. Напуштање на хотелот. Возење со автобус до локација од каде е предвидено заминување со метро до центарот на Рим (цена на карта за метро е 1.50 евро во еден правец). Следи обиколка на Рим: Coloseum, Foro Imperiali, Piazza Venezia, Fontana di Trevi, Piazza di Spagna и Panteon…. Слободно време за индивидуални активности. Во вечерните часови тргнување за Сицилија. Ноќно возење кон југот на Италија.

4-10. Ден / Сицилија:

Преминување со траект на Сицилија. Пристигнување на Сицилија во попладневните часови. Краток разлгед на центарот на преубавата Месина. Сместување во хотел на база на одбраната услуга. Во текот на престојот на Сицилија покрај слободното време за уживање во преубавите плажи, за индивидуални активности, агенцијата се погрижи да Ви организира голем број на факултативни излети, кои ќе Ви овозможат незаборавни спомени од Сицилија…

11.Ден / Сицилија – Бари:

Појадок. Напуштање на собите, во претпладневните часови се упатуваме за Бари. Во вечерните часови се качуваме на траект, каде ни пристои ноќно возење со траект до Драч.

  1. 12. Ден / Драч – Албанија – Македонија – Скопје:

Пристигнување во утринските часови во Драч. Ни пристои патување низ Албанија и Македонија со попатни паузи за одмор и регулирање на граничните формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

  • 7 ноќевања со појадок во 1/2, 1/3 и 1/4 соби во Хотел La Piramide 3* во Roccalumera
  • 1 ноќевање со појадок во 1/2, 1/3 и 1/4 соби во Хотел 3* во околината на Рим
  • Автобуски превоз со високо туристички автобуси (АC/TV/DVD) на релацијата според програмата
  • Бродска карта на релација Бари – Драч
  • Траект на релација Villa San Giovani – Месина – Villa San Giovani
  • Разглед на Рим
  • Пратител на групата за времетраење на аранжманот
  • Организација на патувањето.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА

  • Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување
  • Задолжителна туристичка такса за Рим која се наплаќа од 01.09.2014. година (за хотели со 3* – 4 евра по особа, а за хотели со 4* – 6 евра по особа, се плаќа на рецепција)
  • Факултативни излети
  • Метро карта за Рим
  • Индивидуални трошоци на патникот.