8. Март во Опатија и островот Крк - ATKK

Share on facebook

8.МАРТ ВО ОПАТИЈА

(со островот Крк)

 

(03.03.2022 – 06.03.2022)

 

 

      Позната под различни имиња како „Стара дама“, „Бисер на Јадранот“ или „Кралица на туризмот“, Опатија е елегантна приморска дестинација чија туристичка традиција започнува од далечната 1844-та година…Застанете за момент, затворете ги очите и сигурно ќе ја почувствувате богатата култура на овој град… Можеби ќе ги слушнете и чекорите од минатото…

 

 

Прв ден: 03.03.2022 (четврток)

 

18:00 часот Заминување на групата од  Кавадарци и во 20:00 часот од Скопје (пред туристичките агенции) кон Хрватска со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори.

 

 

Втор ден: 04.03.2022 (петок)

 

Пристигнување во Опатија во претпладневните часови. Организиран разглед со локален туристички водич на градот кој го нарекуваат Хрватска кралица на туризмот. Прошетка до еден од најубавите паркови кој се вбројува во спомениците на хортикулурата-Angiolina, во кој има околу 150 најразлични видови растенија донесени од целиот свет, потоа вилата Amalia, најстариот хрватски хотел Kvarner, раскошната црква во центарот на Опатија, прошетка по шеталиштето Lungomare и посета на скулптурата „Девојката со галебот“-симболот на Опатија. Потоа  сместување на групата во хотел Astoria4**** (https://www.hotel-astoria.hr/ ) кој се наоѓа во непосредна близина на центарот на Опатија. Слободно време за одмор од патувањето и индивидуални прошетки во градот. Ноќевање.

 

 

Трети ден: 05.03.2022 (сабота)

 

Појадок. Заминуваме кон островот Крк сместен во Кварнерскиот Залив, еден од 1185-те острови во Хрватска, познат како најтрактивно место бидејќи уште од античко време го добил името „Златен Остров“ токму заради изобилството на природни и културни убавини-има три потоци и две езера. Организиран разглед со локален туристички водич на островот кој во почетокот на минатиот век е наречен „шестиот континент“. Уште во минатото островот бил судбински поврзан со бројот седум: Во седмиот век го населиле Хрватите, седум пати успешно се одбранил од гусарите, седмиот по ред кнез Франкопан бил последнот крчки кнез, а денес островот има седум области. Потоа заминуваме кон Врбник, едно од најстарите места на островот со историја долга 900 години, прогласено за Споменик на културата и лулка на писменоста во Хрватска. Слободно време за уживање во потомата природа, но и во интересната архитектура-местото изобилува со кратки улици па нека не Ве чуди тоа што најкратката улица на светот се наоѓа токму тука. Островот Крк е познат и по единственото квалитетно суво бело вино жлахтина, кое ќе имаме можност да го дегустираме во автентична локална винарија. Во определеното време враќање во хотелот во Опатија. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

 

 

Четврти ден06.03.2022 (недела)

 

Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки во Опатија. Во договореното време одјавување од хотелот и заминување на групата кон Македонија со попатни одмори. Пристигнување во понеделник на 07.03.2022 во раните утрински  часови.

 

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………169 евра (10.480 денари)

 (плаќање во денарска противвредност)

 

 

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

 

– Превоз со туристички автобус на наведената релација

– Две ноќевања со појадок во хотел Astoria, 4**** во Опатија

– Локален туристички водич  за разглед на Опатија

– Посета на островот Крк со локален туристички водич

– Дегустација на вино во винарија на островот

– Организација на патувањето и туристички придружник

 

 

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

 

– Доплата за еднокреветна соба – 27 евра од вечер

– Туристичка такса во Опатија (се плаќа во агенцијата) – 1,50 евра по лице од вечер

– Патничко осигурување

 

 

 

Напомена: Доколку се променат ковид протоколите, можно е аранжманот да претрпи одредени промени

 

 

За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници

Последен рок за пријавување: 15. Февруари 2022 година