Siam Elegance | Antalija Belek *****

Share on facebook
  • ДЕТЕ ДО 12,99 – БЕСПЛАТНО СМЕСТУВАЊЕ
  • ЗА ДЕЦА
  • НА ПЛАЖА
  • ТЕРЕТАНА И СПА
  • НАША ПРЕПОРАКА
  • ПЕСОЧНА ПЛАЖА
  • БЕСПЛАТНО WIFI НА ЈАВНИ ПОВРШИНИ
  • АКВА ПАРК
  • АНИМАЦИЈА
  • ПОВОЛНИ ЦЕНИ
  • НАША ПРЕПОРАКА
  • ЛЕЖАЛКИ И ЧАДОРИ БЕСПЛАТНО
  • ОТВОРЕН БАЗЕН
  • Положба

    Хотелот се наоѓа во Богазкент на 40 км од аеродромот во Анталија и 50 км од центарот на градот.

  • Сместување

    Вкупно 523 соби во три згради.

    • Стандардни соби (27 м², една спална со француски кревет + единечен кревет, едно купатило, макс. 3 лица),
    • Фамилијарни соби (45 м², лоцирани на најгорниот кат од хотелот, со две спални соби – горниот кат е како галерија, има француски кревет, на долниот кат има два единечни кревета, едно купатило, макс. 4 лица),
    • Фамилијарни апартмани (74 м², на најгорниот кат, дуплекс со отворени скали, една дневна, две спални соби, две купатила, едното е со џакузи, макс. 5 лица),
    • Јуниор апартман (31 м², една спална соба, едно купатило со џакузи и поглед на море, купатило, макс. 2 лица)
    • 2 соби за лица со попреченост.

    Сите соби имаат приватно купатило со туш кабина, фен, централен клима систем кој што работи согласно временските услови, телефон, мини бар (вода и безалкохолни пијалоци секојдневно се полнат), сеф, сателитски ЛЦД ТВ со музички канали, распрскувач на вода и детектор за чад, ламинатен паркет, и балкон со поглед кон градина или море (страничен поглед).

  • Услуга

    Ултра Сѐ вклучено – 24 часа храна и пијалоци, шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек и вечера, детско и диететско бифе во главниот ресторан, места за закуски во текот на денот, À la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престојот во еден од нив (не е дозволено за деца под 12 години), мини бар полнет со вода и безалкохолни пијалоци секојдневно, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, попладне сладолед близу базенот. Не е вклучено: сите увозни пијалоци, флаширани пијалоци, специјални вина, енергетски пијалоци, свежо цедени сокови, услуга во соба.

  • Содржини

    Samui – главен ресторан за шведска маса, À la Carte ресторани – италијански, кујна од далечен исток, рибен, турски, суши бар, ресторан и бар за закуски, кафе Чај, бар во лоби и на плажа, диско клуб. Доктор, чување деца, фризер, перална и хемиско чистење, продавници, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, изнајмување кола се со доплата. Wi-Fi интернет во лобито е бесплатно.

  • Плажа

    Хотелска приватна песочна плажа со бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа. Кабаните на плажа и покрај базен се со претходна резервација и со доплата.

  • Спорт и забава

    Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, лизгалки на вода, фитнес центар, турска бања, сауна, парна соба, кошарка, одбојка на плажа, мини голф, пинг понг се бесплатни. Масажа, СПА центар за убавина и здравје, билијард, спортови на вода се со доплата. Забавни програми во текот на денот, спортски натпревари покрај базенот, навечер шоу програми, музика во живо. Мини клуб со специјални програми за деца од 4-12 години, мини диско навечер.

  • Внимание

    Забелешка: поради новите мерки за заштита од Ковид-19, хотелот го задржува правото за промена на некои содржини без претходна најава.