Akka Antedon Hotel | Antalija Kemer *****
- ОПКРУЖЕН СО ЗЕЛЕНИЛО
- 2 ДЕЦА БЕСПЛАТНО
- НА ПЛАЖА
- НАША ПРЕПОРАКА
- SPA & WELLNESS
- БЕСПЛАТНО WIFI НА ЈАВНИ ПОВРШИНИ
- АКВА ПАРК
- НАША ПРЕПОРАКА
- ЗАТВОРЕН И ОТВОРЕН БАЗЕН
- ТЕНИСКИ ТЕРЕН
- ЛЕЖАЛКИ И ЧАДОРИ БЕСПЛАТНО
- ФАМИЛИЈАРНИ
- ПЕСОЧНО-КАМЧЕСТА ПЛАЖА
Положба
Хотелот се наоѓа во Белдиби на 15км од Кемер и 45км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупно 507 соби во два блока во главната зграда, еден фамилијарен блок и 7 вили.
- Стандардни соби вклучувајќи 12 поврзани соби и 5 соби за лица со попреченост (30- 42м²; спална соба, купатило, макс. 3 лица)
- Супериор соби (42м², лоцирани во главна зграда, спална соба и купатило, VIP –бањарка, бесплатно користење на еден À la Carte ресторан, посебен мини бар, корпа со овошје, макс. 3 лица),
- Фамилијарни соби (40-52м²; лоцирани во фамилијарен блок, две спални одвоени со врата, купатило, макс. 4 лица),
- Дуплекс соби (52- 63м²; лоцирани во главна зграда, две спални и две купатила, макс. 4 лица).
Сите соби се со приватно купатило, туш, када, фен, влечки, централна клима, телефон, мини бар (вода, минерална вода, негазирани пијалоци и пиво се дополнува секој ден), електричен бокал, сет за чај и кафе, сеф, гардеробер, сателитска телевизија со музички канали, балкон.
Услуга
Премиум сѐ вклучено – пијалок и турски локум за добредојде и ладни миризливи крпи за освежување при пристигнување. Шведска маса за појадок, доцен појадок, утринска ужина, ручек, попладневна ужина, торта, колачиња, вечера, доцна ужина и ран појадок. Можност за бебешка храна според родителски рецепт (стерилизицаија на бебешки шишиња и прибор, микробранова, блендер). Катче за здрава исхрана подготвена од нутриционисти, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, топли напитоци, свежо цедени сокови, фрижидери околу хотелскиот комплекс со вода и безалкохолни пијалоци. Не е вклучено: Премиум пијалоци, специјални вина, шампањ, свежо цедени сокови (освен за појадок), енергетски пијалоци, флаширани пијалоци, услуга во соба, специјално мени за торти, À la Carte ресторани со претходна резервација и доплата.
Содржини
Главен ресторан – Divan – шведска маса, À la Carte ресторани: Safran (турска кујна), Gulet (рибен ресторан), Olive (италијанска кујна), Pasha (француска кујна, ресторан за возрасни и концепт за деца еднаш неделно), Ala Meze House Restaurant (турска кујна), барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, чување деца, перење и хемиско чистење, шопинг центар, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, фризер, изнајмување кола се со доплата. WI-FI (мала брзина) во лоби и сите јавни простори на хотелот е бесплатно.
Плажа
Хотелска приватна плажа со камчиња и песок. Лежалки, чадори за сонце и крпи се бесплатни. Павилјоните се со претходна резервација и со доплата.
Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, Аква парк, фитнес центар, турска бања, сауна, парна соба, тениски терени, кошарка, одбојка на плажа, мини фудбал, пинг понг се бесплатни. Wellness SPA центар, масажа, осветлување на тениски терени, спортови на вода, билијард и други игри се доплаќаат. Забавни програми во текот на денот, натпревари покрај базен и плажа, шоу програми навечер, кино и жива музика. Akka Mini мини клуб за деца 04 – 16 години, организирани од профеисонален тим, базен за деца, игралиште, кино, разни забави.
ЛОКАЦИЈА ОД ХОТЕЛОТ
SIMILAR OFFERS
-
11 дена ГРЦИЈА
ВИЛА MERSINIS – Неа Мармарас – аткк – ЛЕТО 2024
-
2 КРАК - СИТОНИЈА
ВИЛА LINA – Метаморфози – ткс – ЛЕТО 2024
-
Лето 2024 вкупно
ВИЛА HRISTOS – Неи Пори – мгн – ЛЕТО 2024
-
Лето 2024 вкупно
ВИЛА LEONA – Неа Врасна – вт – ЛЕТО 2024