Alexander the Great Kriopigi Halkidi

Share on facebook
Бескрајна плажа со кристално чиста вода, градина со цвеќиња, борови дрвја – сè наоколу му дава на ова место необичен вкус на одморалиштето. Широк избор на соби, ресторан, таверна, барови, базен, спорт, забавни програми. Хотелот е погоден за секоја категорија туристи, како и за љубителите на комбинација на релаксирачки и активен одмор.
Локација: Полуостров Касандра, 1,5 км од центарот на Криопиги, 2 км од Калитеа, 90 км од аеродромот „Македонија“ Солун. Хотелот се состои од централна зграда и 4 згради од типот на бунгалов. Награден Green Key како хотел кој ги исполнува највисоките еколошки стандарди.
Сместување: Хотелот располага со 215 соби, сите опремени со клима, телефон, сателитска ТВ, купатило, фен, балкон, мини бар ( со доплата), сеф ( со доплата)
Хотелски содржини: рецепција, ресторан, a la carte ресторан, барови, базен, детско игралиште, паркинг, лифт, rent a car,доктор, банкомат
*Со доплата: билијард, пинг-понг, тенис, водени спортови, Wi-fi (на јавните површини и во собите), лежалки, чадори и пешкири плажа
Оддалеченост од плажа: 200-500 метри

Проверете актуелни цени и капацитет​