ИТАЛИЈА – ШПАНИЈА – ФРАНЦИЈА Лето 2025 - СЕПТЕМВРИ

Share on facebook

ШПАНИЈА – АВТОБУС – Септември 2025

Период 07.09.2025-18.09.2025

 

ШПАНИЈА АВТОБУС Рана уплата Регулар цена
07.09 – 18.09.2024 Lloret De Mar Hotel Don Juan 4* 649 eur 699 eur

 

Хотелски комплекс кој располага со 2 надворешни базени,простор за одмор и детски базен. Оддалечен од центарот на градот Лорет де Мар на само 100 метри.

 

Собите се со сопствено купатило, клима уред и сателитска ТВ.

 

Има комплетна забавна програма за сите возрасти. Собата за игри вклучува маса за билјард, пинг-понг и има тениско игралиште на лице место. Гостите можат да се релаксираат во ТВ-собата. Хотелот нуди и широк спектар на дневни и ноќни активности. 

 

Сите оброци се служат во ресторанот Нива, украсен со јапонски градини и нуди широк спектар на медитеранско и шоу готвење во стил на шведска маса. Исто така постои и бар услуга покрај базенот. 

 

Програма на патувањето:

 

07.09.2025

 

Поаѓање од Скопје во 14.00 ч.

Ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија.

08.09.2025 

 

Пристигнување во утринските часови на пристаништето Пунто Сабиони и започнување со првата факултативна екскурзија во Венеција.

Сместување во хотел во регијата Венето (Хотел со 2* или 3*)

Ноќевање

09.09.2025 

 

Појадок и поаѓање кон Верона

Прошетка низ центарот на Верона, посета на една од најстарите арени од римско време каде денес се одржуваат бројни познати концерти на најпознатите музички ѕвезди, куќата на Јулија, споменикот на Данте Алигиери


Поаѓање кон Шпанија – Ноќно возење

10.09.2025 

 

Пристигнување во Лорет Де Мар и сместување во хотел со 4*- Hotel Don Juan 4*

Лорет де Мар е едно од нај – тренди местата на Коста Брава сместен на околу 70 км од Барселона. Големи песочни плажи, забава за млади и уживање во локалните ресторани.
Град во кој без разлика на возраста секој има каде да се пронајде.

Во хотелот имаме 2 оброци (појадок и вечера) – Шведска маса.

10.09.2025 – 16.09.2025 – Престој во Лорет де Мар

16.09.202

 

После појадок поаѓање кон Кан и Ница. Сместување во хотел во Кан / Ница со 2/3*

Посета на Пристаништето на Кан, Филсмкиот фестивал, посета на промеданата на Ница, патеката на Формула 1 во Монако, палатата на принцот и целиот ноќен гламур на Монако и Монте Карло со луксузните казина, јахти, крузери и уникатни автомобили.

Ноќевање

 

17.09.2025 

 

Појадок и одјавување од хотел

Поаѓање кон Скопје.

18.09.2025 – Пристигнување во Скопје во претпладневните часови


ЦЕНА: 649 ЕУР – РАНА УПЛАТА (До 01.03.2025)

Цена по 01.03.2025 – 699 еур


Цената вклучува:

– Организација на патувањето и водич
– Превоз со високо туристички автобус (ТВ, клима)
– 1 ноќевање со појадок во регионот на Лидо ди Јесоло
– 6 полни пансиони (појадок, ручек и вечера – шведска маса) во Калела во дво и трокреветни соби
– 1 ноќевање со појадок на Азурен брег (Франција – Кан / Ница во хотел со 2/3*)
– Бесплатна посета на Кан, Ница, Верона, Монако и Монте Карло


Цената не вклучува:

– Патничко осигурување
– Доплата за еднокреветна соба = 50 еур по лице / за сите ноќевања во хотел според програмата
– Задолжителна туристичка такса во хотел во Италија и Шпанија = 2 еур по лице / ден.


Дополнителни информации:

– Резервација на место се прави со задолжителна уплата од 6000 ден.
– Попуст за дете од 2 до 12 год – 50 еур
– Резервација на посакувано место во автобус – 1000 ден од седиште по лице
– Дозволнео е само еден голем куфер до 20 кг по лице и еден ранец за патување
– Пасошот мора да биде валиден 90 дена од влез во Европска Унија

 

ФАКУЛТАТИВНИ ЕКСКУРЗИИ:

1. Посета на Венеција со Брод. – 30 ЕУР

– Пристигнување на пристаништето Пунто Сабиони во претпладневните часови (околу 10.00)
Почеток на турата со посета на: Мостот на воздишките, плоштадот Св.Марко, Дуждовата палата, мостот Риалто, прекрасните мали канали како и големиот канал кој ја дели Венеција на 2 делови.  Можност за индивидуално слободно време за прошетки, возење со гондола, посета на продавници и сл. 

 

  1. Посета на Верона – Бесплатно

    – Пристигнување во Верона
    Прошетка низ центарот на Верона, посета на една од најстарите арени од римско време каде денес се одржуваат бројни познати концерти на најпознатите музички ѕвезди, куќата на Јулија, споменикот на Данте Алигиери

 

  1. Посета на Кан, Ница и Монако и Монте Карло – Бесплатно

    – Посета на Пристаништето на Кан, Филсмкиот фестивал, посета на промеданата на Ница, патеката на Формула 1 во Монако, палатата на принцот и целиот ноќен гламур на Монако и Монте Карло со луксузните казина, јахти, крузери и уникатни автомобили.

    4. Барселона Панорамика 1 – 65 еур

    – Поаѓање после појадок од пред хотел со Автобус.
    Пристигнување во Барселона и посета на Саграда Фамилја, куќите на Гауди & Paseo de Gracia, плоштад Каталуња, споменикот Кристофер Колумбо, Монжуик и влезница за Паркот – Шпанско Село. Слободно време за шопинг и индивидуални активности во центарот на градот (Estacio de Franca)

    Можност за дополнителан факултатива:

    Аквариум Барселона – влезница 35 еур

 

Враќање во хотел во вечерните часови. Пристигнување за вечера.

 

  1. Фламенго Вечер – 35 еур

    – Трансфер до локацијата, влезница и Сангрија (Традиционално Шпанско вино)

* Можност за дополнителни факултативни екскурзии по барање на групата
* За секоја факултатива потребно е минимум 25 патници