СОКОБАЊА- 8ми Март 2022 - ЛТ -

Share on facebook

СОКОБАЊА- 8ми Март 2022

Сокобања се наоѓа во централниот дел на југоисточна Србија, во истоимената котлина на надморка височина од 400 метри и од сите страни е јасно ограничена со планини.Низ Сокобања тече реката Моравица. Главни карактеристики на ова подрачје се топли лета и ладни, остри зими.
Сокобања е климатско лекувалиште, односно воздушна бања, бидејќи во околината нема ниеден загадувач на воздухот. Освен тоа, за Сокобања е карактеристичен воздухот богат со негативни јони.Местото поседува шест термоминерални извори кои се користат во лечење на различни заболувања. Температурата на водата е од 28 до 45 степени.Овие извори се погодни и за превенција од заболувања, па во последните години се повеќе туристи доаѓаат за одмор и рекреација.
Погодната клима, богатството од термоминерални извори и богатата културно историска традиција на ова место се главни мотиви кои од година во година привлекуваат се поголем број на туристи и благодарение на нив Сокобања денес е едно од најпосетените туристички места во Србија.

Термин: 12.03-13.03.2022

 

ЦЕНА за уплата до 10 февруари: 59 еур/ 3660 ден.

Редовна цена на аранжманот: 69 еур / 4280 ден.

*Може да се патува со лична карта
*Може да се патува со било која вакцина или тест.

(1 ноќевање + 1 полнпансион + свечена вечера + превоз)

ПРОГРАМА:

Прв ден. 12 март- сабота:

Тргнување за Сокобања во утринските часови – организиран превоз од Делчево, Каменица, Кочани, Штип, Велес и Скопје.  Се патува преку граничен премин Табановце со попатни паузи. Пристигнување во Сокобања напладне. Традиционален коктел за добредојде. Сместување во хотел Бaњица 3*. Ручек. Прошетка со локален водич низ широкиот центар на Сокобања (Милошев Конак, Турско купатило). Враќање во хотелот. Време за слободни активности. Свечена вечера со жива музика. Ноќевање.

Втор ден. 13 март-недела:

Појадок. Пешачки излет до Лептерија со водич. Тргнување за Македонија во 13 часот со попатни паузи. Пристигнување во Кочани во вечерните часови.

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • Коктел за добредојде
  • 1 полнпансион (појадок, ручек и вечера)
  • Свечена вечера со жива музика со НЕОГРАНИЧЕН ПИЈАЛОК (ладно предјадење, зелник со кисело млеко, 2 парчиња скара, сезонска салата, домашна погача, баклава) хотел Бањица
  • Прошетка низ центар на Сокобања (Милошев Конак, Турско купатило), Сокоград
  • Прошетки до Лептерија
  • Wi-fi интернет, кабелска ТВ
  • Користење на Wellness центар (солена соба, џакузи, базен, амам)
  • Придружник за време на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Патничко осигурување 150 ден

За реализација на аранжманот минимум 40 патника

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програма.