Acrotel Porto Brava Seaside Resort Ormos Panagias

Share on facebook
ACROTEL PORTO BRAVA SEASIDE RESORT
Acrotel Porto Brava Luxury Villas, новоизграден комплекс од 8 вили лоциран во прекрасната населба Ормос Панагиас, во Ситонија, Халкидики,  на плажа. Елеганцијата на неговата архитектура е хармонично комбинирана со погледот на марината и морето.
Секоја вила (100 м2) се простире на 3 нивоа (два спрата), располагајќи со 3 спални соби и 2 бањи (1 сопствена) на горниот кат, 1 спална соба со бања на средно ниво и удобна дневна соба, пространа трпезарија и комплетно опремена кујна на приземје. Од приземје има директен пристап до опремената веранда и до градините во тропски стил, додека вашето искуство во вилата е комплетирано со прекрасниот поглед на зајдисонцето од балконот. Вилите се опкружени со раскошни градини со палми и располагаат со голем загреан базен со детски дел и џакузи. Лежалки и чадори се нудат бесплатно околу базенот.
Хотелски содржини: надворешен базен, џакузи базен, паркинг, рестора, кафе бар, сеф
*Со доплата: доктор на повик, миленичиња (до 5 килограми), масажа ( на барање), чување деца, сервис за перење
Услуга: наем

Проверете актуелни цени и капацитет