ИСТАНБУЛ – ПРИНЦЕСКИ ОСТРОВИ – АЗИЈА 3 ноќи - ЛТ

Share on facebook

ВЕЛИГДЕН ВО ИСТАНБУЛ

ИСТАНБУЛ е секогаш прекрасен, но омилениот месец на овој град е АПРИЛ. Во Април градот е обоен во сите бои благодарение на лалињата кои секоја година цветаат и го разубавуваат секој дел од градот. Прекраснате сончеви денови, празничнита еуфорија и пролетната програма се она што Ви е потребно за да се чувствувате посебно!

ЦЕНА: 105 еур / 6510 ден – РАНА УПЛАТА до 25.03.2022
Редовна цена: 115 еур / 7130 ден.

Термин: 21.04-25.04.2022

ПРОГРАМА:

1 ден: 21.04.2022 (четврток)

Поаѓање во попладневните часови од пред т.а. Либеро Травел (организирани трансфер од Скопје, Велес, Св.Николе, Штип, Виница, М.Каменица, Делчево). Ноќно патување преку Бугарија со попатни паузи и царински формалности.

2 ден: 22.04.2022  (петок)
Пристигнување во Истанбул во раните утрински часови и по можност сместување во хотелот. Средба на групата со локален водич пред хотел.  Програмата започнува со панорамска обиколка на Истанбул .Обиколката е првото запознавање на градот со локален водич, кој ќе го представи градот и неговата историја професионално. Се разгледуваат од автобус најпознатите квартали и знаменитости на градот. Факлутативна посета на палатата Долмабахче кој е еден од најраскошните дворци во светот. Прекрасен комплекс, кој е украс на Босфорот.Се што е во и околу објектот е елегантно и одговара на името. Турскиот збор “Долмабахче” значи “полни градина.” Всушност, оваа палата е полна со ориентални луксузи. Дворецот е скапоцено богатство на Турција. Се упатуваме до историскиот центар Султанахмет Разгледување на знаменитостите на  плоштадот (хиподром, Аја Софија, Сина Џамија, Хурем Султан Хамам, дворецот на Ибрахим Паша, Германската чешма).Слободно време за индивидуални активности. Можност за посета на Капали чаршија, еден од најголемите и најстари затворени пазари во светот со 61 покриена улица и над 3000 продавници. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Навечер организиранa свечена вечера на брод со целосно мени и неограничена конзумација на алкохолни и безалкохолни пијалоци.. Богата програма од фолклорни ансамбли, танчери, диско програма.Ноќевање.

3 ден  23.04.2022 (сабота)
Појадок. Факултативна посета на Принциските Острови + крстарење со водич со приватен брод. Тргнување со брод од пристаништето. Се плови преку Мраморното Море до Островот на принцовите пловидбата трае околу 1,45 час. (– архипелаг од 9 острови кои се наоѓаат во северозападниот дел на Мраморно море, а југоисточно од Истанбул. Опфаќаат површина од 10 km². На островите живеат околу 15.000 луѓе, а во летниот период овој број е многу поголем. Пристапот до островите е многу едноставен, главно поради честите бродови кои минуваат покрај секој остров. На самите острови е забранета употреба на моторни возила. На островите се наоѓаат неколку манастири, академијата за турската воена морнарица…Островите биле голема туристичка атракција уште во времето на Византија.Најголемиот од нив е Бујук Ада – тоа е островот што е посетен за време на екскурзијата. На островот постојат мини електрични автобуси со кои можете да ги видите сите убавини во една обиколка. Обиколката на островот трае 30 мин. Исто така можете да изнајмите некој од прекрасните велосипеди накитени со многу разнобојни цвеќиња и да ја доживеете маѓијата на островот на посебен начин. Прекрасните рибни ресторанти покрај морето се вистинско уживање за сите туристи. Враќање кон Истанбул.. Навечер се упатуваме кон најпопуларниот плоштад во Турција-Таксим и улицата која води до Галата Кула кои се посетувани од над 3 милиони посетители дневно. Слободно време  и шопинг во многубројните продавници, ресторанти, кафулиња.. Враќање во хотелот.Ноќевање.

 

4-ти ден: 24.04.2022 (недела)

ОТКРИЈ ЈА АЗИСКАТА СТРАНА НА ИСТАНБУЛ

Појадок. Се уптатуваме кон Азиската страна на Истанбул. Посета на Ускудар. Ускудар е област која се наоѓа на азискиот брег на Босфор,веднаш преку Бешикташ. Ускудар е познат по прекрасното крајбрежје, Моминската кула, ридот Чамлица, шумичката Фети-паша, историските места како и џамиите од 16 век… Во овој дел од градот ќе ги доживеете убавините на градот како вистинските жители на Истанбул. Овде ќе имате можност да уживате покрај брегот на седејки на разнобојните килими пиејќи чај.Слободно време прошетка покрај брегот.. Можност за посета и на Момината Кула (Kiz Kulesi), слободно време за кафе.. Потоа се упатуваме кон Mall Watergarden İstanbul (Распеани фонтани) и најновиот трговски центар Emaar. Mall Watergarden İstanbul – каде ќе го гледаме светлосното шоу на распеаните фонтани. Исклучителна кореографија на вода, светлина, ласерски ефекти и музичко шоу. Базенот се наоѓа на површина од 5 илјади квадратни метри во срцето на Watergarden Istanbul и се смета за „најголемиот“ базен во Европа. По посетата на Вотергарден Мол, продолжуваме до најновиот трговски центар Емаар во Истанбул.Ќе имате можност да купувате во продавниците на некои од светски познатите брендови, а исто така и на многу локални брендови, како што се Hugo Boss, Guess, Gucci, Hermes, Lc Waikiki, Victoria’s Secret, Zara, Kemal Tanca, Hotic, Altinbas и други.. Слободно време за шопинг.Враќање во хотелот. Навечер Факлутативна посета  и шопинг на облакодерот “Сафир” – највисоката зграда во Европа висока 236 метри. Ќе се искачиме до последниот кат на панорамското игралиште, каде се открива неверојатна глетка кон градот и Босфор. Нуди неверојтана атракција – симулација на лет  над градот – 4D- возење со хелихоптер над Истанбул да ги посетите најзначајните знаменитости: Галата Кула, Златниот Рог, Сината Џамија, Аја Софија, Топ Капи, Moминската Кула. Прекрасно искуство на 64иот кат на зградата од која се гледа целиот Истанбул. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

 5-ти ден: 25.04.2022 (понеделник)
Појадок. По појадокот одјавување од хотел и тргнување кон Македонија со попатна посета на најразновидниот аквариум Florya кој нуди разглед на разнобојни видови морски животни, можност да видете поларна област со пингвини и амазонска област со прашума.Во склоп на аквариумот има шопинг центар кој има продавници од секаква категорија. Покрај аквариумот и шопинг центарот има прекрасно крајбрежје со прометно шеталиште покрај морето. Слободно време за ручек. Мал одмор и тргнување кон Македонија. Пристигнување во Македонија во вечерните/ утринските часови.

 

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО: 

  • Превоз со високотуристички автобус
  • Три ноќевања со појадок во хотел 3*
  • Обиколка на градот со локален водич
  • Разглед на Хиподромот и плоштадот Султанахмет
  • Разглед на Аја Софија
  • Разглед на Сината џамија
  • Посета на Капали чаршија
  • Посета на првиот дворец во Долмабахче
  • Придружник на патувањето
  • ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
    • Долмабахче палата – 25 еур
    • Принцески острови + крстарење (пакет) – 25 еур
    • Таксим плоштад (трансфер) – 10 еур
    • Азија (целодневна) – 30 еур
    • Облакодер Сафир – 20 еур
    • Аквариум Florya – 20 еур
      Пакет екскурзии – 120 еур (без традиционална вечера на брод)
    • Турска традиционална вечера на брод по Босфор – 40
    • Тест за влез во МК (за невакцинирани) – 15
      Патничко осигурување –ТУРСКА ТРАДИЦИОНАЛНА ВЕЧЕРА НА БРОД (целосна програма):
      . Трансфер од хотелот до бродот, и обратно по завршување на целата програма, Ќе бидете фасцинирани од различни танцови претстави подготвени од тимот за анимација. По вечерата, ќе можете да танцувате на музиката обезбедена од меѓународниот диџеј или да уживате во прекрасниот поглед на Босфор.
      -Турски Gipsy танц, кавкаски танц на стомачна танчерка, народен танц, танчер, новогодишен танц, професионален диџеј.
      МЕНИ ЗА ВЕЧЕРА:
      Стартер – Избрани јаткасти плодови,сезонска салата, повеќе видови сирење, повеќе видови маслинки, цреши домати, чипс.
      Ладно предјадење – Хорс (10 видови ладни мезе)
      Топло предјадење  – крокети од компири, пилешки крокети
      Главно јадење со 3 опции – Риба на скара, послужена со салата од рукола, кромид и лимон на скара; Пилешко послужено со ориз, зеленчукови гарнитури и пржени компири; Месо на скара, послужено со ориз, зеленчук и пржени компири; Десерт од овошје со повеќе видови турски десерти.
      ПИЈАЛОЦИ: Неограничени локални алкохолни пијалоци –  Пиво, вино,вотка, yeni раки, безалкохолни и топли пијалоци.

Може да се патува со сертификат за вакцина (сите вакцини се признаени) или брз антиген тест.
Придржување на мерките за Covid-19 ќе бидат во целост запазени.
Патувањето се реализира преку Бугарија- транзит до Турција

  • НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
    Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за избор на место во автобусот со доплата од 20 евра при уплата на аранжманот.
  • УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:
    • Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
    • Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
    • Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ.
    • Пасошот мора да има задолжителна важност од минимум 6 месеци од датумот на завршувањето на аранжманот.
    • Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
    • Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14 часот. Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето.
    • Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
    • Во случај на нереализација на патувањето- средствата се враќаат целосно на патниците.
    • Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ или Турција.
    • Со оваа програма важат Општите услови на т.а. Пикнил Травел