Вила NINA Остров Крф - ЕСТ - Лето 2023
Вила Нина
Вила Нина се наоѓа на островот Крф на 300м оддалеченост од AB МАRKET и излегува на средина од улицата во Ипсос. Вилата располага со студија за 2, 3 и еден апартман за 4 лица. Сите соби се опремени со мини кујна, фижидер, WC и клима уред (се доплаќа 5 евра од ден). Вилата располага со преубав двор и паркинг места до 4 возила. Сите студиа се распоредени на ниско приземје, прв и втор кат. Во објектот нема лифт.
ТЕРМИНИ: | Цена по лице |
|
27.05.2023- 03.06.2023 | 99 евра | |
03.06.2023-10.06.2023 | 110 евра | |
10.06.2023-17.06.2023 | 130 евра | |
17.06.2023-24.06.2023 | 150 евра | |
24.06.2023-01.07.2023 | 160 евра | |
01.07.2023-08.07.2023 | 175 евра | |
08.07.2023-15.07.2023 | 210 евра | |
15.07.2023-22.07.2023 | 225 евра | |
22.07.2023-29.07.2023 | 225 евра | |
29.07.2023-05.08.2023 | 225 евра | |
05.08.2023-12.08.2023 | 225 евра | |
12.08.2023-19.08.2023 | 225 евра | |
19.08.2023-26.08.2023 | 184 евра | |
26.08.2023-02.09.2023 | 165 евра | |
02.09.2023-09.09.2023 | 152 евра | |
09.09.2023-16.09.2023 | 123 евра | |
16.09.2023-23.09.2023 | 107 евра | |
23.09.2022-30.09.2023 | 99 евра |
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз на релација Скопје – Игуменица – Скопје
– 7 ноќевања 8 дена во вила Нина
– Туристички пратите за време на патување и претставник од агенција за време на престој
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Факултативни илзети
– Патничко осигурување
– Туристичка такса (3.5 евра од студио за 7 ноќевања која се плаќа задолжително на лице место во објектот)
– Повратна карта за траект – 15 евра од лице (Се плаќа задолжително во автобус)
За оние кои за првпат ќе се одлучат да летуваат на ова дестинација, треба да знаат дека Ипсос се наоѓа северно од Дасија, на околу 15 километри од градот Крф. Омилено место за младите во јули и август, а најпосетено од повозрасните во јуни и септември. Долгата плажа која брои околу 1600 метри од ситни каменчиња надвор и чист песок во солената јонска чиста вода придонесува за тотално уживање. Овој дел од островот нуди убав поглед кон копното на Грција, брегот на Албанија и околните ридчиња со маслинови дрвја и највисокиот врв на Крф- Пантократор. Ние го организираме одморот се со цел повеќе да видите и е комбнација од релаксирање и авантура со истажување. Уште првиот ден нашиот претставник Ве сместува во студиата и во вечерните часови следува инфо состанок каде добивате доста информации во врска со местото, островот и сл. Исто така оди и презентацијата на екскурзиите која се одвива според дадена програма
Факултативни излети
Тура на север
Целодневен излет со автобус. Групата ги посетува најпопуларните туристички дестинации во Палеокастрица и Сидари: плажата Палеокастрица со манастирот Богородица, се оди до највисоката достапна точка каде се гледа цела Палеокастрица, буквално најубавиот поглед на цел остров, Сидари, град познат по тунелот на љубовта и евтиното пиво.
Посета на плажата Глифада
Целодневен излет на песочната плажа Глифада. Ден за сончање, капење и уживање во убавините на природата. Долга, песочна и организирана плажа што ќе ве освои ова лето со својата природна убавина како и преубавиот поглед кој завршува во недоглед, таму некаде на последната линија од хоризонтот. Плажа за сечиј вкус каде што секој ќе може да ужива во преубавите кафулиња, таверни, водени спортови како и во помирниот дел кој што е наменет за апсолутна релаксација.
Крстарење со брод
Целодневно крстарење со вклучен ручек. Групата се чека на пристаништето во Ипсос. Крстарење по североисточниот дел на островот. Попатни застанувања за капење на прекрасна дива плажа, каде и се прави пауза за ручек сервирана од капетанот на бродот. Во ручекот е вклучено: свинска кременадла, колбас, грчка салата, вода, сок, црвено или бело вино. Застанување на плажи кои се достапни само со брод. Враќање во Ипсос околу 16-17:00h.
Kрстарење до Паксос и Антипаксос
Овој летен рај се наоѓа на речиси ненаселеното островче Антипаксос, а две плажи посебно се издвојуваат со својата убавина и кристално чиста вода. Паксос е остров кој се наоѓа на 14 км јужно од Крф и 20 км западно од Парга. Паксос зафаќа површина од 19 квадратни километри и е еден кластер на острови во Јонското море. Овој прекрасен остров нема аеродром и до него може да се пристигне само со фериброд и поради тоа е во состојба да се заштити од напорот на модерниот туризам. Паксос е остров со бескрајни маслинови градини а на Антипаксос се насади од винова лоза. Овој брод за крстарење ќе ве однесе до прекрасните острови Паксос и Антипаксос, два острова кои изобилуваат со бујно зеленило и егзотична вода. Отпловување од пристаништето на Крф каде што се пружа единствен поглед на стариот град со венецијанска архитектура и двете тврдини. Се плови кон јужниот дел на островот при што се приоѓа на зелениот остров на Паксос, покриен со маслинови и зимзелени дрва. Посета на Сините Пештери на Паксос. Бродот влегува во овие пештери и може да се направат прекрасни фотографии. По Сините Пештери, се продолжува кон малиот остров Антипаксос. Прекрасна можност за пливање, уживање во песочните плажи на Антипаксос и релаксирање под топлото сонце.
Аквапарк
Аква паркот на Крф е една од нај посетените туристички атракции како и меѓу најдобрите водни паркови во Европа. Покрај многубројните базени, тобогани, ресторани, терени, мрзливата река и други атракции овој аква парк располага и со тобоган кој има 50 метри слободен пад, рај за жедните за адреналин.
Цените на факултативните излети ќе бидат објавени пред почетокот на летната сезона
- Black Friday цените се изразени како (промо цени) се исклучиво со целосна уплата и важат до поплнување на местата
- Доколку уплатите по Black Friday цена, за споен термин или превоз не се одбива ништо на вториот термин.
- Во случај за уплата на сингл соба по Black Friday цена, се сметат две цели суми од Black Friday цената
- Активните попусти и попустите за споен термин не се комбинираат
- За споен термин се одбива 15 евра за превоз и добива 10% попуст на вториот термин на редовните цени, не и на black friday цените
CHECK IN: ОД 14:00 ДО 16:00
CHECK OUT: ОД 07:00 ДО 09:00 - Напоменуваме дека телефонска резервација важи 3 часа од моментот на резервација. Доколку поминат истите, а нема потврда од уплата во (канцелраија, ж-ска или оnline), резервацијата се смета за откажана.
- Двокреветни,трокреветни студиа (во двокреветните се додава дополнително легло за трето лице) и дуплекс апартмани.
- Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
- Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори
- Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани по едно студио.
- Ваучерите за рана резервација се користат исклучиво од лицата кои имаат склучено договор за патување со нашата агенција.
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first,last minute или друг тип на промоција да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
- Дете од 0 до 3,99 години не плаќа за сместувањето и спие во кревет со еден од возрасните
- Дете од 4 до 11,99 години кое користи сопствен лежај има 50% попуст од редовната цена(се однесува само на еден кревет во студиото) само во случај на двајца возрасни и дете од 4 до 11.99. Во случај на возрасен и дете од 4 до 11.99 години за дете се плаќа цела сума
- Дете од 4 до 11,99 години кое го дели креветот со возрасен го плаќа само превозот 55 евра
- Две деца од 2 до 12 години кои делат кревет имаат попуст од 50%
- Цените во табелата се изразени по лице за 7 ноќевања,
- За сингл соба се доплаќа плус 50% од редовната цена поради вториот кревет,
- Поаѓањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата
- Секој патник седи според бројот на уплата, доколку сакате да селектирате седиште истото се доплаќа 15 евра од седиште.
- За сопствен превоз се одземаат 10 евра од цената на понудата (НЕ ВАЖИ ЗА ПРОМО ЦЕНИ ИЛИ ДРУГИ ПРОМОЦИИ)
- За оваа програма важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА Т.А Пикник ТРАВЕЛ
SIMILAR OFFERS
-
Uncategorized
ВИЛА ФИЛОКСЕНИА – Неа Врасна – атк – ЛЕТО 2025
-
Uncategorized
ВИЛА АРГО – НЕА ПОТИДЕА – АТК
-
Uncategorized
ВИЛА ДИОГЕНИС – НЕА ПОТИДЕА – АТК – LETO 2023