ВИЛА VAIA - Јерисос - имп - ЛЕТО 2024
40.398902, 23.880482
попуст – 10 % за вонсезонски и – 15 % за сезонски цени за 50 % уплата заклучно со 20.01.2024 (сабота) и целосна доплата заклучно со 06.04.2024 (сабота)
Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители има долга, песочна плажа која има ‘сино знаме’ за чистота и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулиани.
Куќа “Vaia” се наоѓа на само 100 метри од прекрасната песочна плажа. Куќата располага со пет апартмани на прв и втор кат. Користење на клима уред и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Во непосредна близина на вилата има простор за паркирање на возила.
Апартманите имаат реновирани и опремени кујни со сите потребни елементи, како и реновирани купатила со туш. Затоплување на водата во цела вила е со сончеви колектори. Сите апартмани се на втор кат освен апартман бр. 1 кој е на прв кат и располагаат со сопствена тераса опремена со маса и столови, а некои од нив се со поглед кон улица, некои кон дворот на вилата или странично кон море. Истите се заштитени со тенди.
Дуплекс апартман бр. 1 (1/4) –прв кат. Апартманот располага со две спални, во едната има брачен кревет, а во другата два одвоени стандардни кревети, клима уред и ТВ. Од двете спални се излегува на долга заедничка тераса опремена со маса и столови, која е со поглед кон улица и дворот на вилата. Апартманот има опремена кујна со мини шпорет со рерна и фрижидер која е издвоена на самиот влез во ходникот од апартманот. Апартманот има сопствен тоалет со туш.
Апартманброј 2 (1/2)– втор кат.Апартманот располагасодва одвоени стандардни кревети, ТВ и клима уред во спална соба.Од спалната се излегува на сопствена тераса опремена сомаса и столови. Кујната е комплетно опремена со мини шпорет со рерна и голем фрижидер, и од истата се излегува на тераса која е со поглед во дворот на вилата.Апартманот има сопствен тоалет со туш.
Апартман број 3 (1/3+1)– втор кат. Апартманот располага со две простории. Првата просторија е наменета за дневен престој, во која има комплетно опремена кујна со мини шпорет со рерна, маса со столови, клима уред, и софа на пуштање која е наменета за еден возрасен или две деца. Од оваа просторија се влегува во спална соба која е одвоена со лизгачки врати. Во спална соба има два одвоени стандардни кревети и ТВ. Од двете простории се излегува на иста заедничка тераса опремена со маса и столови, со поглед море. Апартманот има сопствен тоалет со туш.
Апартман број 4 (1/3+1)– втор кат. Апартманот располага со две простории. Првата просторија е наменета за дневен престој, во која има комплетно опремена кујна со мини шпорет со рерна, маса со столови, клима уред, и софа на пуштање која е наменета за еден возрасен или две деца. Од оваа просторија се влегува во спална соба која е одвоена со лизгачки врати. Во спална соба има два одвоени стандардни кревети и ТВ. Од двете простории се излегува на иста заедничка тераса опремена со маса и столови, со страничен поглед море. Апартманот има сопствен тоалет со туш.
Апартманброј 5 (1/2) –втор кат. Апартманот располага содва одвоени стандардни кревети, ТВ и клима уред во спална соба. Од спалната се излегува на сопствена тераса опремена со маса и столови. Кујната е комплетно опремена со мини шпорет со рерна и голем фрижидер, и од истата се излегува на тераса која е со поглед во дворот на вилата.Апартманот има сопствен тоалет со туш
Апартман (дуплекс) бр. 1
Четирикреветен дуплекс апартман кој се наоѓа на прв спрат во вилата. Елементите од кујната се издвоени на самиот влез во ходникот од апартманот каде се сместени мини шпорет со рерна, аспиратор, голем фрижидер со одделна комора и садови за готвење и јадење. Во првата спална соба има два единечни кревети со нормална големина, мебел, телевизор и клима уред. Од собата се излегува на долга тераса која има поглед во дворот на вилата и на улицата, опремена со пластична маса и столчиња и заштитена со тенда. Во втората спална соба има дупли кревет со нормални димензии и мебел, а од собата се излегува на истата аголна тераса. Апартманот има купатилото кое е со нормална големина, има туш и прозорец, но нема посебно издвоен простор за туширање. Напомена: Апартманот е со мали димензии и нема посебен простор наменет за јадење туку само за подготвување на храна.
- Вонсезонскицени
Термин | Ноќевања | 1/4 дуплекс
апартман (бр. 1)задолжително плаќаат4 лица |
1/2
апартман (бр. 2 и 5) задолжително плаќаат2 лица |
1/3+1 апартман
(бр. 3 и 4) задолжително плаќаат 2лица |
26/05-02/06 | 7 | 79 | 109 | 139 |
02/06-09/06 | 7 | 89 | 129 | 159 |
09/06-16/06 | 7 | 119 | 169 | 199 |
16/06-23/06 | 7 | 139 | 199 | 249 |
23/06-30/06 | 7 | 149 | 209 | 259 |
* цена по лице со вклучен превоз
- Сезонскицени
Термин | Ноќевања |
1/4 дуплекс апартман (бр.1)
|
1/2 апартман
(бр. 2 и 5) |
1/3+1 апартман (бр. 3 и 4)
|
30/06-07/07 | 7 | 609 | 489 | 549 |
07/07-14/07 | 7 | 639 | 519 | 579 |
14/07-21/07 | 7 | 679 | 539 | 609 |
21/07-28/07 | 7 | 679 | 539 | 609 |
28/07-04/08 | 7 | 679 | 539 | 609 |
04/08-11/08 | 7 | 679 | 539 | 609 |
11/08-18/08 | 7 | 679 | 539 | 609 |
18/08-25/08 | 7 | 679 | 539 | 609 |
25/08-01/09 | 7 | 659 | 529 | 589 |
* цена за наем на апартман
- Вонсезонскицени
Термин | Ноќевања | 1/4 дуплекс
апартман (бр. 1)задолжително плаќаат4 лица |
1/2
апартман (бр. 2 и 5) задолжително плаќаат2 лица |
1/3+1 апартман
(бр. 3 и 4) задолжително плаќаат 2лица |
01/09-08/09 | 7 | 139 | 199 | 249 |
08/09-15/09 | 7 | 119 | 189 | 219 |
15/09-22/09 | 7 | 99 | 139 | 169 |
22/09-29/09 | 7 | 79 | 109 | 139 |
* цена по лице со вклучен превоз
Напомени и услови:
-
- ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
- ВО ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ за сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ.
- Во вонсезонските цени во апартманбр. 2, 3, 4 и 5 плаќаат минимум 2 лица | 3-то, 4-то и 5-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, а плаќаат само превоз доколку користат;
- Вовонсезонските цени во дуплекс апартман бр. 1плаќаат минимум 4 лица
- ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА апартман ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во истиот, без вклучен превоз, а превозот се доплаќа:
- За возрасни 3.100 мкд. (50 евра), еден правец 2.480 мкд. (40 евра)
- За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра), еден правец 170 мкд. (35евра)
- Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
- Во апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Наддозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен
- Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот
- Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
- Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62 мкд).
- Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
- Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со аванс на уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
- Сместување вос обите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
- За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
- Туристичката таксасе плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 1,50 евра на ден по студио / апартман.
- Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Пикник травел НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
- Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Пикник травел“ и на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата
Дуплекс апартман бр. 1
Апартман бр. 2
Апартман бр. 3
Апартман бр. 4
Апартман бр. 5
ИЗГЛЕДАЈТЕ ГО ВИДЕОТО ОД ПРЕУБАВИОТ ЈЕРИСОС
КЛИКНЕТЕ ОВДЕ ЗА ЛОКАЦИЈАТА
SIMILAR OFFERS
-
3 КРАК - АТОС
КУЌА EVANGELIJA – Јерисос – имп – ЛЕТО 2024
-
3 КРАК - АТОС
ВИЛА KOSTAS – ЈЕРИСОС – имп – ЛЕТО 2025
-
2 КРАК - СИТОНИЈА
АПАРТХОТЕЛ ZEPPOS – Неа Мармарас – атк – ЛЕТО 2025
-
3 КРАК - АТОС
ВИЛА ЏУЛИ 2 – ЈЕРИСОС – имп – ЛЕТО 2025