ВЕЛИГДЕН ВО КРФ - еск - 2024
Сакате да бидете сведоци на традицијата која се раскажува секоја година за велигденските денови. Прославата на Велигден кој е на ист датум како и во Македонија е незаборавно искуство. Атмосфера на радост, веселба и славење на свети Спиридон чии мошти се изнесуваат од гробницата и ги носат по улиците на градот кој нуди едно поразлично доживување. Сплет на културолошките активности со прославата на Велигден е далеку поразлична од било кое место во целиот свет. Ова тридневно уживање ќе ве воодушеви и ќе ви отвори сосема нови видици за тоа како се слави Велигден на овој остров.
ПРВ ДЕН: 02.05.2024 (Четврток)
Собир на групата пред Дрводекор во 21:30 часот. Поаѓање кон остров Крф во 22:00 часот. Ноќно возење со попатни паузи.
ВТОР ДЕН: 03.05.2024 (Петок)
Траект Игуменица – Крф во утринските часови. Пристигнување на Крф. Сместување во апартманите. Краток одмор. Програмата започнува со посета на стариот град Крф. 16:00часот – Велики Петок е денот на Христовото страдање. На Крф, присуството на хоровите и илјадниците странски и домашни посетители дава посебна димензија на овој тажен настан. Додека еден филхармониски оркестар, облечен во црвени униформи, ја свири “Adagio” од Албиниони, друг оркестар го свири “Посмртниот марш” од Шопен. Многуте присутни оркестри, свират тажни и посмртни маршеви од познати композитори на класична музика. Мали девојчиња ги украсуваат епитафите со цвеќиња, а во церемонијата учествуваат и училиштата и момчињата од извидничките одреди. Последниот Епитаф, кој е и најимпресивниот се појавува во 22.00часот.
По завршувањето на овие настани, групата се враќа во Ипсос, каде по желба се посетува таверна. Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН: 04.05.2024 (Сабота)
Овој ден е резервиран за вториот дел од Велигденската прослава, односно првата поворка наречена, првото Воскресение кое започнува во 09.00часот. Под строга заштита, се изнесуваат моштите на Св.Спиридон Чудотворец – заштитник на островот. Има повеќе легенди поврзани со овој светец кои ја објаснуваат вербата и почитта на народот кон него. Една од нив го споменува неговото влијание при повлекувањето на турската инвазија од островот. Тој се појавувал напомош на генералите кои се бореле да го ослободат островот. Облечен во темна наметка со запален факел влевал страв во умот на освојувачите наметнувајќи им опасност од натприродни сили. Во друга приказна пак, повторно се спомнува неговото херојство при бркање на опасната чума од градот, која бегајќи ги оставила своите траги на градските ѕидини. Под звуците на свечената музика составена од три филхармонии, пред моштите на светецот луѓето фрлаат каранфили со кои го постилаат неговиот пат. Откако ќе заврши парадата, почнуваат подготовките за еден оригинален локален обичај – кршење на глинените ќупови.
Точно во 11:00 часот, црковните ѕвона го означуваат „утринското воскресение“ и од прозорците на куќите почнуваат да се фрлаат глинени садови полни со вода, во знак на почнување на празникот и истерување на злото. Ова потекнува од стар венецијански обичај со кој за дочекот на новата година се ослободувале старите работи да направат простор за нови и подобри. Друго објаснување за овој обичај е дека има паганско потекло и дека со вревата направена од кршењето, Античките Грци сакале да ја разбудат Персефона, божицата на пролетта и да го забрзаат нејзиното доаѓање. Обичајот е да се земе парче од скршените глинени садови и да се сочува за среќа и здравје до следната година. Филхармонските групи се враќаат на улиците и почнуваат да свират весела музика.
15:00 часот се упатуваме кон Канони и Mon Repos.
Следува одмор.
21:30 часот – Поаѓање кон градот за проследување на последниот дел од традиционалната прослава, односно Христовото воскресение.
На полноќ, илјадници луѓе се собираат на градските плоштади и го прославуваат Христовото Воскресение со спектакуларен огномет.
Враќање во Ипсос. Ноќевање
ЧЕТВРТИ ДЕН: 05.05.2024 (Недела)
ПАЛЕОКАСТРИЦА – ако природниот рај има име, тогаш на Крф тоа име е Палеокастрица- место богато со историја, богато со природна убавина, плажа која од која поубава.
При нашиот целодневен излет ќе го посетиме 13 века стариот манастир кој гледа на Палеокастрица од високо и воодушевува со медитерански шарм. Пред влезот на манастирот во панорамата пред нас се гледа и карпата за која се верува дека е бродот на Одисеј. Легендата вели дека во своето патување кон Итака застанал и на Палеокастрица каде топло бил пречекан од Кралот на Феичаните и неговата ќерка. Во манастирот Дева Марија, покрај прекрасната архитектура и глетки може да го посетите и византискиот музеј, со експонати од манастирот пред неговата обнова, како и малиот музеј за производство на маслиново масло.Попатно се упатуваме кон Фабриката за Органско Масло и потоа се упатуваме кон Селцето Danilia Village.
Ноќевање.
ПЕТТИ ДЕН: 06.05.2024 (Понеделник)
Слободно време до тргнување од Ипсос-Траект-Игуменица-Скопје
Што е вклучено во цената
- 3 ноќевања во Ипсос (20 км од градот Крф) апартман без појадок/хотелско со појадок
- Автобуски превоз на релација Скопје – Крф – Скопје
- Превоз со траект на релација Игуменица – Крф – Игуменица
- Следење на целата програма за Велигден (превоз и водство до прославите во градот Крф)
- Туристички пратител во текот на целиот престој
Што не е вклучено во цената
- Патничко осигурување (1 евро од ден), ЗАДОЛЖИТЕЛНО, се уплатува во агенцијата
ФАКУЛТАТИВИ:
- Посета на Канони
- Посета на Mon Repos
- Посета на Палеокастрица
- Посета на Фабриката за Органско Масло
- Посета на Селцето Danilia Village
- Туристичка тукса- ( Задолжително се плаќа во вилата или на рецепција во хотелот)
Посета на Палеокастрица
Ние велиме дека не сте биле на островот Крф ако не сте ја посетиле Палеокастрица. Еден од најубавите предели на островот Крф. Палеокастрица нуди две прекрасни плажи со тиркизно море. Едната е песочна плажа, а другата е карпеста. Помеѓу двете плажи се наоѓа манастирот Пресвета Богородица, коj е стациониран на брдо кое како видиковец ви нуди прекрасен поглед кон отвореното Јонско Море. Нашите сместувања се наоѓаат на источниот брег на осторвот, а Палеокастрица е на западниот брег. Самото патување до Палекастрица е приказна, бидејќи ќе ја имате можноста да се запознаете со прекрасната вегетација на островот.
Посета на Канони
Да појдете на островот Крф, а да не го посетите Канони, е налик на да појдете за првпат во Истанбул, а да не ги посетите Аја Софија или Капали Чаршија.
Канони има име кое потекнува од стариот топ што се наоѓа на врвот на ридот. Овој рид е полн со бујно зеленило и има многу луксузни хотели и локални вили. На неколку чекори надолу по ридот од Канони ќе наидете на малата црква Panagia Vlacherna. Тесен 300 метарски пешачки премин го поврзува островот со црквата. Конструирана во 17ти век, оваа прекрасна капела внатре крие импресивни резбани иконостаси од дрво и прекрасни фрески. Рибарски бротчиња заминуваат често од црквата и одат до легендарниот остров на Глувчињата, кој се наоѓа на само 5 минути возење со брод.
Посета на Mon Repos
Турата не би била комплетна ако како попатна дестинација не го вклучиме паркот на „Принцот Филип“, таткото на сегашниот крал на Велика Британија- Кралот Чарлс. За време на посетата на паркот ќе направиме обиколка на неколку локации, меѓу кои и куќата во која тој доаѓал често на летување.
Посета на Фабриката за Органски масла
За многу од патниците најдобри сувенири од патувањето се оние коишто може да се вкусат. Затоа ЕТА во својата програма вметнува уникатни фабрики кои произведуваат она што е автентично за самата локација. Крф е познат по маслиновото масло. Овде се произведува и доста органско маслиново масло кое мештаните го сметаат како најдобар природен лек. Една лажична наутро може многу да значи.
Посета на Danilia Village
Запознајте ги локалните мештани на островот Крф” е наша ексклузивна екскурзија која ЕТА ја реализираше во 2023-та година. Како прва македонска агенција на остовот Крф одлучивме да ве запознаеме со душата на островот, со начинот на кој локалното население живеело во минатото, но и како функционира денеска. И ова година одличивме да ве одведеме во Dalilia Village, место кое има сконцентрирано се во едно.
Ние ве водиме во селцето кое е изградено во минатото, а реконструирано денеска. Во самото селце има голем број на локални продавнички од кои можете да ги купите вашите сувенири за дома. Во самото селце имате занаетчиски работилници, ресторани кои служат локална храна и секако многу тајни сокаци и одаи низ кои можете да прошетате и да уживате во тоа што го уживале разни буржоазиски семејства.
Цена
Апартманско сместување во Ипсос без појадок 129е по лице/ редовна цена 139е
Хотелско сместување во Robolla со појадок 159е по лице/ редовна цена 179е
Цената на сите факултативи ќе бидат дополнително објавени
Оваа програма подложи и на промена на редоследот на посета на факултативните излети,
од страна на нашите пратители.
SIMILAR OFFERS
-
Uncategorized
8. Март во Опатија и островот Крк – ATKK
-
Uncategorized
САРАЕВО – 8ми Март 2022 -ЛТ-
-
Uncategorized
ВИЛА MARIA PASHALIDOU – Неа Рода – аткк – ЛЕТО 2024
-
Uncategorized
ВИЛА ФИЛОКСЕНИА – Неа Врасна – атк – ЛЕТО 2024