Виена и Халштат за 1-ви Мај - ГО
Термин: 28.04-01.05.2023
Ден 1
28 Април (петок) Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 04:30 рано наутро на 28 април .Полетување за Братислава во 06:40 и слетување во 08:15 часот. Трансфер од Братислава до Виена (80 km) .Сместување во хотелот. Пешачка прошетка со локален водич низ центарот на градот: најстарата барокна Црква Св. Петар, по познатата улица Грабен до Stephansplatz и Катедралата Св. Стефан симбол на градот и државата,Слободно попладне за виенско кафе и захер торта, уживање во атмосферата на кралската и елегантна Виена.Ноќевање.
Ден 2
29 Април (сабота): ВИЕНА Појадок. Панорамски разглед на Виена: Дворецот Белведере изграден од Еуген Савојски, обиколка на Рингштрасе (кружната улица) околу која се изградени најзначајните објекти во Виена, Музејскиот кварт, плоштадот Марија Терезија, еден од најубавите комплекси препознатлив по двата музеи близнаци, Парламентот, Универзитетот, Операта… Факултативна посета на Кралскиот дворец Шенбрун, летната резиденција на Франц Џозеф, посетена од милиони туристи годишно. Палатата заедно со паркот е најголема туристичка атракција во Виена, под заштита на УНЕСКО. Вечерта, можност за посета на ресторан. Ноќевање.
Ден 3
30 Април (Недела) ВИЕНА Појадок. По појадокот Факултативна посета на Халштат. (Hallstatt), прекрасен град на брегот на истоименото езеро. Благодарение токму на неговата убавина UNESCO во 1997 година го впишува во листата на светстко културно наследство. Прекрасната природа, комбинацијата на езера, врвовите на Алпите и шумите буквално ги оставаат без здив сите туристи во кој било период во годината. Халштат е прв рудник за сол во светот, а до XIX век немало патишта па до него можело да се дојде само со чамец или по тесна стаза покрај езерото. Пешачка тура : Главната пешачка зона покрај езерото, главниот плоштад Марктплац преполн со цвеќиња, лутеранска црква (Evangelische Pfarrkirche) – симбол на градот. Вклучено возење со ски лифтот до видиковецот -прекрасна панорама на езерото и целото градче. Враќање кон Виена во вечерните часови.Ноќевање.
Ден 4
01 Мај (понеделник) ВИЕНА-БРАТИСЛАВА-СКОПЈЕ Појадок и поаѓање рано наутро од Виена за Братислава. Полетување за Скопје во 08:50 и слетување во 10:20 часот.Пристигање во Скопје.
ПРОМО ЦЕНА 399 евра по лице со задолжителна резервација на факултативите во агенција
Редовна цена 439 евра
УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Авионски превоз на релација Скопје-Братислава-Скопје – Аеродромски такси
– Организиран трансфер аеродромот – хотел – аеродром
– Сместување во Виена на база 3 ноќевања со појадок
– Рачен багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см)
– Разглед на Виена со локален водич според програмата
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Пешачка прошетка во Виена со водич 20 евра – Доплата за багаж за чекирање (1 торба/куфер со максимум 10/20kg) за цена во консултација со агенцијата
– Доплата за еднокреветна соба 6500 денари – Туристичка такса 740 мкд (се плаќа директно во хотелот) – Посета на Шенбрун 60 евра (трансфер, влезница, водич) – Дневна екскурзија до Халштат со вклучен ски лифт до видиковецот -70 евра – Влезници во локалитетите, карти за локален превоз – Патничко – здравствено осигурување
НАПОМЕНА:
– За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 6 месеци пред истек од датумот на враќање.
– За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
– Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
– Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
– Цените се дадени по лице за најмалку 2 лица во соба.
– За реализација на факултативите потребен е минимум од 20 патници, во случај на недоволен број на пријавени, агенцијата го задржува правото за отказ на факултативата или промена на цената.
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата во случај на потреба.
– За ова патување важат Општите Услови за Патување.
SIMILAR OFFERS
-
Uncategorized
ИСТАНБУЛ – 8ми Март 2022 – ЛТ –
-
Uncategorized
ВИЛА MARIA PASHALIDOU – Неа Рода – аткк – ЛЕТО 2024
-
Uncategorized
ВИЛА DIMITRA – Никити – атк – ЛЕТО 2025
-
Uncategorized
ВИЛА ДИОГЕНИС – НЕА ПОТИДЕА – АТК – LETO 2023