Siam Elegance | Antalija Belek *****
- ДЕТЕ ДО 12,99 – БЕСПЛАТНО СМЕСТУВАЊЕ
- ЗА ДЕЦА
- НА ПЛАЖА
- ТЕРЕТАНА И СПА
- НАША ПРЕПОРАКА
- ПЕСОЧНА ПЛАЖА
- БЕСПЛАТНО WIFI НА ЈАВНИ ПОВРШИНИ
- АКВА ПАРК
- АНИМАЦИЈА
- ПОВОЛНИ ЦЕНИ
- НАША ПРЕПОРАКА
- ЛЕЖАЛКИ И ЧАДОРИ БЕСПЛАТНО
- ОТВОРЕН БАЗЕН
Положба
Хотелот се наоѓа во Богазкент на 40 км од аеродромот во Анталија и 50 км од центарот на градот.
Сместување
Вкупно 523 соби во три згради.
- Стандардни соби (27 м², една спална со француски кревет + единечен кревет, едно купатило, макс. 3 лица),
- Фамилијарни соби (45 м², лоцирани на најгорниот кат од хотелот, со две спални соби – горниот кат е како галерија, има француски кревет, на долниот кат има два единечни кревета, едно купатило, макс. 4 лица),
- Фамилијарни апартмани (74 м², на најгорниот кат, дуплекс со отворени скали, една дневна, две спални соби, две купатила, едното е со џакузи, макс. 5 лица),
- Јуниор апартман (31 м², една спална соба, едно купатило со џакузи и поглед на море, купатило, макс. 2 лица)
- 2 соби за лица со попреченост.
Сите соби имаат приватно купатило со туш кабина, фен, централен клима систем кој што работи согласно временските услови, телефон, мини бар (вода и безалкохолни пијалоци секојдневно се полнат), сеф, сателитски ЛЦД ТВ со музички канали, распрскувач на вода и детектор за чад, ламинатен паркет, и балкон со поглед кон градина или море (страничен поглед).
Услуга
Ултра Сѐ вклучено – 24 часа храна и пијалоци, шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек и вечера, детско и диететско бифе во главниот ресторан, места за закуски во текот на денот, À la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престојот во еден од нив (не е дозволено за деца под 12 години), мини бар полнет со вода и безалкохолни пијалоци секојдневно, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, попладне сладолед близу базенот. Не е вклучено: сите увозни пијалоци, флаширани пијалоци, специјални вина, енергетски пијалоци, свежо цедени сокови, услуга во соба.
Содржини
Samui – главен ресторан за шведска маса, À la Carte ресторани – италијански, кујна од далечен исток, рибен, турски, суши бар, ресторан и бар за закуски, кафе Чај, бар во лоби и на плажа, диско клуб. Доктор, чување деца, фризер, перална и хемиско чистење, продавници, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, изнајмување кола се со доплата. Wi-Fi интернет во лобито е бесплатно.
Плажа
Хотелска приватна песочна плажа со бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа. Кабаните на плажа и покрај базен се со претходна резервација и со доплата.
Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, лизгалки на вода, фитнес центар, турска бања, сауна, парна соба, кошарка, одбојка на плажа, мини голф, пинг понг се бесплатни. Масажа, СПА центар за убавина и здравје, билијард, спортови на вода се со доплата. Забавни програми во текот на денот, спортски натпревари покрај базенот, навечер шоу програми, музика во живо. Мини клуб со специјални програми за деца од 4-12 години, мини диско навечер.
Внимание
Забелешка: поради новите мерки за заштита од Ковид-19, хотелот го задржува правото за промена на некои содржини без претходна најава.
SIMILAR OFFERS
-
ХОТЕЛИ СО 5 ЗВЕЗДИ
Akka Antedon Hotel | Antalija Kemer *****
-
ХОТЕЛИ СО 5 ЗВЕЗДИ
Sensitive Premium Resort & Spa | Antalija Belek *****
-
ХОТЕЛИ СО 5 ЗВЕЗДИ
Susesi Luxury Resort | Antalija Belek *****
-
ХОТЕЛИ СО 5 ЗВЕЗДИ
Sunmelia Beach Resort Hotel & Spa | SIDE*****