8ми Март во Херцег Нови и Требиње - АТКК -
8. МАРТ ВО ХЕРЦЕГ НОВИ И ТРЕБИЊЕ
(03.03.2022 – 06.03.2022)
Има градови кои имаат своја душа-колку почесто се навраќате во нив, се` поблиску и подлабоко ги чувствувате. И едноставно, не можете да не ги засакате. Токму таков е Херцег Нови, малиот рај на Црногорското приморје… Има нешто посебно во неговите камени скали и испреплетени улици во кои цела зима цветаат рози, има нешто меѓу двете синила- морското и небесното… И Требиње… еден од најубавите градови во Босна и Херцеговина , годинава номиниран меѓу шесте најдобри светски приказни за одржлив развој на туризмот…
Прв ден: 03.03.2022 (четврток)
20:00 часот заминување на групата од Кавадарци и во 22:00 часот од Скопје (пред туристичките агенции) кон Црна Гора со туристички автобус. Ноќно патување преку Косово и Албанија со попатни паузи за одмор.
Втор ден: 04.03.2022 (петок)
Пристигнување во Херцег Нови во претпладневните часови. Организиран разглед со локален туристички водич. Градот кој е основан пред 600 години уште го нарекуваат и градот на сонцето заради најголемиот број сончеви денови на Јадранот, но и градот на цвеќето-тука вегетираат 250 различни видови растенија кои потекнуваат од сите континенти, а со децении ги носеле печалбарите, па така целиот град претставува една огромна ботаничка градина. Тесни улички, калдрмисани шеталишта, многубројни скали и тврдини од кои се гледа целиот Бокакоторски Залив… сето тоа му дава извесна доза на шарм и елеганција со што овој град се издвојува од сите други на црногорското приморје. По разгледот заминуваме кон Игало, едно од осумте туристички места низ кои се простира целата ривиера кое се смета за единствена градска целина со Херцег Нови. Сместување во хотел „Palmon Bay Hotel&Spa“4+**** (https://www.palmonbayspa.com). Слободно време за одмор од патувањето, индивидуални прошетки во градот и уживање во содржините на хотелот кој располага со внатрешен базен и Wellness и Spa центар. Хотелот е препознатлив по базенот со лековита минерална вода која го враќа балансот на природните минерали и соли во телото. Ноќевање.
Трети ден: 05.03.2022 (сабота)
Појадок. Слободно време за индивидуални активности, прошетки покрај долгото шеталиште кое го поврзува Игало со Херцег Нови, можност за уживање покрај море или за целосна релаксација и опуштање во благодетите на минералната лековита вода во базенот и во спа центарот во хотелот. Во договореното време организирано заминување кон градот Требиње во Босна и Херцеговина. По пристигнувањето, организиран разглед со локален туристички водич: центарот на градот, стогодишните дрва платани по кои е препознатлив, Душиќевата улица, Катедралата, Соборниот Храм, стариот град, стариот камен мост Арсланагич од 16-от век, како и посета на манастирот Херцеговачка Грачаница од каде ќе уживаме во преубавата панорама на Требиње. Слободно време за индивидуални прошетки. Потоа организирана вечера во ресторан со музика во живо. Во доцните вечерни часови враќање во хотелот во Игало. Ноќевање.
Четврти ден: 06.03.2022 (недела)
Појадок. Слободно време за индивидуални активности и за уживање во Wellness и Spa центарот во хотелот. Во договореното време одјавување од хотелот и заминување кон Македонија. Пристигнување во раните утрински часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………139 евра (8.620 денари)
(плаќање во денарска противвредност)
Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
– Превоз со туристички автобус
– Две ноќевања со појадок во хотелот „Palmon Bay Hotel&Spa“4+**** во Игало(сместување во стандардни соби со поглед во двор)
– Користење на базенот и спа центарот во хотелот
– Организиран разглед на Херцег Нови со локален туристички водич
– Организирана посета и разглед на градот Требиње во Босна и Херцеговина со локален туристички водич
– Вечера со музика во живо во ресторан во Требиње
– Организација на аранжманот и лиценциран туристички придружник на патувањето
Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:
– Доплата за еднокреветна соба – 25 евра од вечер
– Туристичка такса (се плаќа во агенцијата) – 1,50 евра по лице од вечер
– Патничко осигурување
Напомена: Доколку се променат ковид протоколите, можно е аранжманот да претрпи одредени промени
За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници
Последен рок за пријавување: 15.Февруари 2022 година
SIMILAR OFFERS
-
Uncategorized
Атина за 8ми март – ГТ
-
Uncategorized
СОКОБАЊА- 8ми Март 2022 – ЛТ –
-
Uncategorized
Vila Sole A Mare – NEOS MARMARIS – ATKK – LETO 2023
-
Uncategorized
BUDVA – New Year