ИСТАНБУЛ – 11ти Октомври
Од 8000 МКД
Опис
ИСТАНБУЛ претставува природна врата помеѓу Европа и Азија, кој со својата раскошна култура никогаш не престанува да фасцинира. Овој прекрасен град, подигнат на местото каде што буквално се спојуваат истокот и западот, oбликуван е од страна на 4 снажни цивилизации: грчка, римска, византијска и османлиска. Низ својата историја овој град гордо ги носел имињата: Бизантион, Цариград, Константинопол и Истанбул. Денес Истанбул е велеград кој брои преку 15 милиони жители кои живеат на 2 континенти. Модерниот плоштад Таксим или квартовите Бејоглу и Османбег ќе направат да се осеќате како во било која друга светска метропола, додека пак шетајки низ плоштадот Султанахмет ќе се вратите стотици години наназад и ќе ја почуствувате моќта која ја имале римјаните и османлиите…Ново и старо, Ориент и Европа, ислам и христијанство – никаде нема да ги најдете вака испреплетени и неразделно поврзани како во магичниот Истанбул.
Повеќе инфо за хотелот на следниот линк.
ВАЖНО
- ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ И ПОСЕТИ:
- *** Одделна цена на ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ :
- • ТОПКАПИ ПАЛАТА – 40 ЕВРА +
- • ДОЛМАБАХЧЕ ПАЛАТА – 35 ЕВРА +
- • КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР – 20 ЕВРА +
- • СЕИР САФИР – 20 ЕВРА +
- • ТУРСКА ВЕЧЕР – 40 ЕВРА
- • АЗИСКИ ДЕЛ + НАСЕЛБА БАЛАТ + Цариградска патријаршија – 40 ЕВРА +
- • АКВАРИУМ – 15 ЕВРА +
- • ОРТАКОЈ – 10 ЕВРА
- ОПИС НА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ:
- 1. ПАНОРАМСКИ РАЗГЛЕД
- * ХИПОДРОМ– Византиски хиподром претставувал центар на општествено-политичкиот живот во главниот град на империјата и централно и омилено место за собирање на населението од градот, место каде се одржувале гладијаторски борби и трки со коли.
- * АЈА СОФИЈА – Музејот Св. Софија е ремек дело на византиската уметност. Црквата е изградена за време на владеењето на царот Јустинијан во 6-от век и е посветена на Божествената мудрост. Изградена е за 5 години од 10.000 луѓе и 100 архитекти. Таа е третата црква изградена на ова место. Во тоа време била најголемата црква која постоела во Европа и успеала да го задржи овој статус до изградбата на Свети Петар во Рим. Внатрешноста е украсена со прекрасни византиски мозаици од 6. до 13. век. Света Софија или Црквата на Пресветата Мудрост е поранешна црковна престолнина на Византиската империја во Константинопол (денешен Истанбул) и е претворена во џамија од страна на османскит освојувачи во 1453-та година. По 1934-та е претворена во музеј. На 24. Јули 2020 година од страна на раководството на Р. Турција се претвори пак во џамија.
- * СИНА ЏАМИЈА (Султан Ахмет) – Најпознатата џамија во Истанбул која е воедно и првата џамија изградена со 6 минариња за време на Османлиската империја. Посветена е на султанот Ахмет I, а поради своите бои – сина, зелена и бела нанесени на плочки од порцела, го добива прекарот “ Сина Џамија “.
- * КАПАЛИ ЧАРШИЈА – Разгледот го зарвшуваме со Капали чаршија шопингот во Капали Чаршија, изгледа како истражување на лавиринт,тука може да се види еден од најголемите пазари во светот и да се почувствува магијата на едно место старо неколку века.
- 2. ТОПКАПИ ПАЛАТА – Ова е палатата на Султаните, изградена на површина од 700.000 квадратни метри. Дворецот се состои од три главни делови – бирун, ендерун и харем. Палатата вклучув различни дворови, градини, простории за државни службеници, резиденција на владетелот, други резиденции и згради за вработените во палатата, светите мошти и царските архиви останале на чување во Топкапи и по преместувањето на султаните во Долмабахче.
- 3. КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР – претставува неизбежен дел во посетата на Истанбул. Во 90 минутното крстарење, ќе уживаме во погледот кон минатото и сегашноста, од модерни раскошни хотели, палати до приватни куќи. За време на патувањето се поминува покрај прекрасната Долма Бахче Палата, зелените паркови и царските паваљони на Јилдиз Палатата, Белербеј Палатата која се наоѓа покрај самиот мост од Азиската страна, под мостовите кои го делат Истанбул на Азиски и Европски дел… незаборавно доживување, без кое престојот во Истанбул не е комплетен.
- 4. ДОЛМАБАХЧЕ ПАЛАТА – преставува првата историска палата во османлиската империја, изградена во европски стил. Од нејзината изградба во 1853-та година до 1922 година (со прекин од 20 години) служела како главна резиденција на султанот. Тука живеел и починал Мустафа Кемал Ататурк, основачот на турската држава, наследена и отпратена во историјата во 19. и 20. век, претходна некогаш и главна (во 16. и 17. век) Отоманска империја. Слободно време за индивидуални активности. Враќање кон хотел.
- 5. ТУРСКА ВЕЧЕР НА БРОД / КСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР во времетраење од 3 часа – претставува традиционална вечера на која што ќе имате прилика да ги дегустирате специјалитетите на богатата турска кујна како и да уживате во традиционални турски пијалоци, Програмот е збогатен со стомачен танц и дополнителни анимации за гостите од страна на домакините.
Маршута
1. ДЕН – СКОПЈЕ
Тргнување во 16:00 часот од пред СЦ Борис Трајковски.
2. ДЕН – ИСТАНБУЛ
Пред пристигнивање во Истанбул застанување на бензинска пумпа за пауза и они кои сакаат да се спремат за факултативните излети кои се според програмата
односно , првата дестинација по пристигнување ни е ТОПКАПИ ПАЛАТАТА – ова е палата на султаите , изградена на површина од 700,000 квадратни метри, дворецот се состои од три главни влезови – бирун, ендерун и харем. Палатата вклучува различни дворови, градини, простории за државни службеници , резиденција на владетелот , други резиденции и згради за вработените во палатата, свети мошти и царски архиви останале на чување во Топкапи палатата и по преместувањето на султаните во палатата Долмабахче.
По разгледот на Топкапи се упатуваме пешки кон историскиот дел на градот , односно, Сината Џамија, Аја Софија, Хиподромот како и добро познатата Капали чаршија.
По разгледот се упатуваме во хотел и се сместуваме. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Ноќевање.
3. ДЕН – ИСТАНБУЛ
По појадокот се упатуваме кон “турскиот Версај” односно добропознатата плата *ДОЛМБАХЧЕ која преставува првата историска палата во османлиската империја, изградена во европски стил. Од нејзината изградба во 1853-та година до 1922 година (со прекин од 20 години) служела како главна резиденција на султанот. Тука живеел и починал Мустафа Кемал Ататурк, основачот на турската држава, наследена и отпратена во историјата во 19. и 20. век, претходна некогаш и главна (во 16. и 17. век) Отоманска империја. Слободно време за индивидуални активности, уживање и релаксација покрај Босфорот.
*КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР, кое претставува неизбежен дел во посетата на Истанбул. Во 90 минутното крстарење, ќе уживаме во погледот кон минатото и сегашноста, од модерни раскошни хотели, палати до приватни куќи. За време на патувањето се поминува покрај прекрасната Долма Бахче Палата, зелените паркови и царските паваљони на Јилдиз Палатата, Белербеј Палатата која се наоѓа покрај самиот мост од Азиската страна, под мостовите кои го делат Истанбул на Азиски и Европски дел… незаборавно доживување, без кое престојот во Истанбул не е комплетен…
Sapphire Seyir Terasi, највисоката “тераса” во Европа висока (238м), од каде се добива прекрасна панорамска глетка на градот, како и можност преку 4-Д симулација да се надлета небото на Истанбул и неговите најзначајни обележја.
Вечерта можност за посета на едно од најинтересните локации во Истанбул – НАСЕЛБАТА ОРТАКОЈ – место каде што ќе имате можност да се сликате со џамијата Ортакој, црвениот мост и погледот кон босфор од луксузините ресторани. Кратко кажано МАГИЈАТА НАРЕЧЕНА ИСТАНБУЛ. Ноќевање.
4. ДЕН – ИСТАНБУЛ
Утрото по појадокот се упатуваме кон најубавата и добро позната населба БАЛАТ , новата инстаграм сензација – место , каде имаме можност одблизу да ја доживееме магијата на извонредните куќи во различни бои кои што се единствени во таков стил и се добро препознатливи особено на оние кои гледаат турски серии.
По разгледот на Балат се упатуваме кон пристаништето од каде ќе испловиме кон Азискиот дел на Истанбул. По пристигнувањето следува краток разглед на најзначајните знаменитости односно, Моминската Кула, Кејот на рибарите, традиционалните турски улички со автентичен стил . Слободно време за индивидуални прошетки, време за ужување покрај Босфор, можност за традиционален појадок, ручек, добро познатиот турски чај, како и дегустација на оригинално турско кафе. Во договореното време се упатуваме кон пристаништето.
Вечерта можност за посета на едно од најинтересните атракции во Истанбул – ТУРСКА ВЕЧЕР. Програм збогатен со ориентални танци, во друштво на звуците на автентичната турска музика, а сето тоа зачинето со превкусна, традиционална турска вечера.
Ноќевање.
5. ДЕН – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
Check out и напуштање на хотелот во 08:00 часот. По пакувањето на стварите ВО АВТОБУС се упатуваме кон продавница ЛОКУМАДА – на ТАКСИМ и од таму тргнуваме кон трговскиот центар FORUM ISTANBUL, IKEA I DEKATLON каде што ќе имаме слободно време за шопин и индивидуални активности, како и посета на најголемиот АКВАРИУМ во Европа.
Тргнување кон Скопје во попладневните (локално време) часови во договор со водичот.
Пристигнување во Скопје во раните утрински часови
Вклучува / Не вклучува
- Автобуски превоз релација Скопје – Истанбул – Скопје
- 3 ноќевања со појадок во Хотел GRAND HALIC 4* – Таксим
- Комплетна организација со претставник од Т.А Рапсоди Травел
- ГРАТИС РАЗГЛЕД НА ГРАДОТ
- Посета на Декатлон, Икеа и најголемиот шоппинг центар “FORUM ISTANBUL”
- Индивидуални трошоци
- Факултативни излети и посети
- Задолжителна туристичка такса во Турција – 3 евра по лице
- ЗАДОЛЖИТЕЛНО патничко здравствено осигурување – 5€
SIMILAR OFFERS
-
Uncategorized
Краков (Полска) за 8-ми Март -ЕСТ
-
Uncategorized
СОКОБАЊА- 8ми Март 2022 – ЛТ –
-
Uncategorized
ИСТАНБУЛ – 8ми Март 2022 – ЛТ –
-
Uncategorized
Vila Sole A Mare – NEOS MARMARIS – ATKK – LETO 2023