ДУБАИ-РТ
ДУБАИ – СЕПТЕМВРИ од 43340 мкд
Опис
Дубаи, втора по големина од седумте емиратски држави, со која управува семјството Ал Мактум. Дубаи не само штопретставува центар на трговијата и индустријата на ОАЕ, туку во последните неколку години доста вложува во развојот на туристичката дејност.
Комбинацијата од најквалитетни хотели, белите плажи на “Jumeriah Beach”, чистиот луксуз, фантастичните архитектонски проекти и ориенталната атмосфера го претвараат секое патување во незаборавно доживување. Посетителите на овој сигурен арапски микрокосмос можат да пронајдат префектно организирани услуги, висока технологија, недопрена природа, светлосни палати, фантастичен подводен свет – или едноставно сите контраси који го исполнуваат срцето на еден светски патник.
Повеќе инфо за хотелот на следниот линк.
Избор на ПОВЕЌЕ ОД 50 ХОТЕЛИ, контактирајте некој од нашите агенти за консултација и добивање понуда по Ваша желба!
Waldorf Astoria Dubai Palm Jumeirah 5*
Sofitel Dubai Jumeirah Beach 5*
Rixos The Palm Hotel & Suites 5*
Од 43340 МКД
И многу други!
ВАЖНО
- За резервација на место се уплаќа 100% од сумата.
- Агенцијата го задржува правото на промена на програмот, како и редоследот на посети по денови, во било која ситуација и од било кои причини или околности кои би претставувале пречка за реализација на истиот. Истиот ќе биде реализиран веднаш во првата ситуација кога за тоа ќе има можност.
- Агенцијата го задржува правото на промена на цената на аранжманот во кои е вклучен авио превоз, доколку на летот има промена во авионската карта, агенцијата не одговара за тоа и разликата во цената ја сноси патникот.
- Агенцијата го задржува правото на промена на програмот, во однос на времето на летање, кое ИСКЛУЧИВО зависи од времето на летање на авио компанијата.
- Минимум 6 месеци важност на пасошот од денот на враќање
- Можност за термини по Ваша желба или за опција со лет од Скопје
Маршута
1.ДЕН – СОФИЈА– ДУБАИ
Состанок со групата на аеродромот во Софија два часа пред летот, индивидуално чекирање на летот и багажот, обавување на царинските и пасошките формалности. Полетување за Дубави. Слетувањето во Дубаи. Следи трансфер до хотелот. Слободно време. Ноќевање.
2 – 4 ДЕН – ДУБАИ
За време на вашиот престој во Дубаи ќе имате прилика факултативно да ги посетите некои од најпознатите и најубави знаменитости на овој град и неговата околината
Burj Khalifa – најголемата зграда во светот со височина од неверојатни 828м, која најпрво требала да го носи името Burj Dubai, меѓутоа во чест на шеикот Khalifa al Nhjana е преименувана во Burj Khalifa. Облакодерот има 160 спрата, во него се сместени околу 1000 станови, канцеларии на 40 спрата, хотелот на Армани, како и прекрасната тераса на 124-тиот спрат.
Burj Al Arab – веќе со години е еден од симболите на раскошниот Дубаи, Burj al Arab преставува ултра луксузен хотел кој се смета за првиот хотел со 7* на светот. Сместен е на вештачкиот остров заедно со плажата Jumeriah. Островот со копно е поврзан со мост по кој можат да се движат и автомобили.
Музејот Дубаи – изграден на почетокот на 19.век и се смета за најстара градба во Дубаи. Првобитно бил користен како седиште на гувернерот, а од 1971 је прогласен за музеј. Го зафаќа просторот на тврдината Al-Fahidi во пределот Dubai Creek. Во музејот се изложени збирки од слики кои ја преставуваат историјата на Дубаи и сите фази на неговата експанзија, потоа традиционални оружја користени на овие простори, како и збирка посветена на морето и неговото значење во овие пустински предели и слики од старите бродови који биле користени за транспорт и трговија.
Palm Jumeirah – моментално најголем вештачки остров на светот, кој е граден во облик на палма со стебло и 17 листови, опкружен со мали островчиња кои во целина даваат облик на круг.
Abu Dhabi – главен град на Обединетите Арапски Емирати, кој воедно претставува и еден од најмодерните градови во светот. Abu Dhabi е град кој нуди километри чисти песочни плажи и повеќе од 200 мали острови. Ќе ја посетиме една од најголемите новоизградени џамии во светот која прима 40.000 верници, потоа ќе прошетаме низ резиденцијалниот кварт, застанувајќи во Heritage Village – комплекс во кој на едно место ќе видите се она што го карактеризира ова подрачје, од историја па се до локални обичаи. Потоа следува посета на модерен трговски центар со слободно време за ручек и шопинг. Враќање назад кон Дубаи во попладневните часови со застанување и кратка посета на новата атракција – Ferrari World.
Jeep Safari – Зајдисонце на црвените дини со вечера во автентичен амбиент – во бедуински камп и ориентални мотиви. Можност за јавање на камили.
Трговски центар Mall of the Emirates – најголем шопинг центар на Блискиот исток, кој го сочинуваат преку 350 продавници, но и многу други содржини како што се разни тематски паркови, ресторани, кино сали, па дури и зимско скијалиште на затворено – Ski Dubai
Крстарење со брод (Show Cruise) – Прекрасно крстарење по заливот на Дубаи со вклучена вечера.
Ski Dubai – чудесно зимско скијалиште на затворено во сред пустина каде што во летните месеци може да се скија и на температури од над 40 степени целзијусови. Скијалиштето се наоѓа во трговскиот центар Mall of the Emirates, содржи 5 различни стази со вештачки снег со вкупна должина од 22.500 метри.
The World – архипелог со околу 300 мали вештачки острови кои се градени во облик на земјата. Секое островче претставува една држава, а нивниот распоред потсеќа на обликот на планетата Земја. Архипелогот се наоѓа на околу 4км оддалеченост од брегот и сите острови се на продажба. Целиот проект сеуште не е финално готов, меѓутоа е во завршна фаза.
5 ДЕН – ДУБАИ – СОФИЈА
Трансфер до аеродромот во Дубаи. Чекирање на летот за Софија. Слетувањето во Софија.
Вклучува
- Повратен авио билет на релација СОФИЈА – ДУБАИ – СОФИЈА
- Рачен багаж до 7 кг по лице
- 4 ноќевања со појадок во избраниот хотел
- Трансфер на релација аеродром – хотел – аеродром.
- Сите аеродромски такси
- ВИЗА
Не вклучува
- НЕГАТИВЕН PCR тест не постар од 72ч
- Трансфер од Скопје до аеродромот во Софија и назад
- Градска такса, која се плаќа на рецепција во хотел (хотели со 4* 15 дирхами по соба по ноќ, хотели со 5*– 20 дирхами по соба по ноќ)
- Факултативни излети и влезници
- Задолжително патничко здравствено осигурување
- Доплата за еднокреветна соба
- ЗАДОЛЖИТЕЛНО патничко здравствено осигурување – 10€
SIMILAR OFFERS
-
Uncategorized
Кумбургаз 2023-та Hotel Grand Gold 3*
-
Uncategorized
Будимпешта (Унгарија) за 8-ми Март – ЕСТ
-
Uncategorized
8ми Март во Херцег Нови и Требиње – АТКК –
-
Uncategorized
ВИЛА ФИЛОКСЕНИА – Неа Врасна – атк – ЛЕТО 2025