Sensitive Premium Resort & Spa | Antalija Belek *****
- ПЕСОЧНА ПЛАЖА
- АНИМАЦИЈА
- ЗАТВОРЕН И ОТВОРЕН БАЗЕН
- ЛЕЖАЛКИ И ЧАДОРИ БЕСПЛАТНО
- ФАМИЛИЈАРНИ
- ДЕТЕ ДО 11,99 – БЕСПЛАТНО СМЕСТУВАЊЕ
- 2 ДЕЦА БЕСПЛАТНО
- ТЕРЕТАНА И СПА
Положба
Хотелот се наоѓа во Богазкент на 30 км од аеродромот во Анталија и 40 км од центарот на Анталија.
Сместување
Вкупно 402 соби.
- Стандардни соби (36м², една спална соба со француски кревет + софа, едно купатило, макс. 2+1 лице).
- Фамилијарни соби (48м², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс.4 лица)
- и 4 соби за лица со попреченост.
Сите соби се со купатило со туш кабина и фен, влечки, бањарка, клима, телефон, мини бар (се дополнува со безалкохолни пијалоци и вода секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, ламинат на подот, TV со сателитски програми и музички канали, WI-FI интернет конекција, балкон.
Услуга
Ултра Сѐ Вклучено – 24 часа храна и пијалоци, шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, закуски и кафе во попладневните часови, вечера и полноќни закуски. Сите локални и стандардни алкохолни и безалкохолни пијалоци, сладолед во определени часови, À la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престојот. Не е вклучено: премиум увозни пијалоци, услуга во соба, свежо цедени сокови, сите флаширани и пијалоци во лименка, специјални вина.
Содржини
Главен ресторан за шведска маса и À la Carte ресторани: Akssya (турски), Brezza (италијански), Vira (рибен), барови во хотелскиот комплекс, бар за закуски и бар на плажа, Диско клуб. Со доплата се доктор, чување деца, перална, фризер, продавници, изнајмување кола, телефон, факс, интернет ќоше.
Плажа
Хотелска приватна песочна плажа на 400 метра од хотелот. Лежалки, чадори за сонце и крпи за плажа се бесплатни. Бесплатен превоз до плажа на секои 20 мин.
Спорт и забава
Отворени и затворени (отворен само во зима) базени за возрасни и деца, лизгалки, фитнес центар, турска бања, сауна, парна бања, одбојка, одбојка на плажа, пинг понг се бесплатни. Со доплата: СПА центарот, центар за убавина, масажа, спортови на вода, часови по нуркање, билијард и играчница. Забавни програми во текот на денот и шоу програми навечер. Мини клуб за деца од 4-12 години, играчница, мини диско навечер.
ЛОКАЦИЈА ОД ХОТЕЛОТ
SIMILAR OFFERS
-
ХОТЕЛИ СО 4 ЗВЕЗДИ
Side Sun Hotel | Antalija Side ****
-
1 КРАК - КАСАНДРА
ВИЛА BOUZALIS – Неа Флогита – аткк – ЛЕТО 2024
-
11 дена ГРЦИЈА
ВИЛА MERSINIS – Неа Мармарас – аткк – ЛЕТО 2024
-
Uncategorized
ВИЛА MARIA PASHALIDOU – Неа Рода – аткк – ЛЕТО 2024