BELGRADE - New Year
Прославата на Новата година е секогаш исклучителен настан, без разлика каде планирате да ја дочекате ,но прославата на Новата година во Белград, во главниот град, е вистински спектакл. Ако се прашувате каде за Нова 2022 година, нашиот одговор дефинитивно би бил Белград. Како прво, Новата година можете да ја дочекате во најдобрите клубови и кафулиња во Белград, Новата 2022 година можете да ја дочекате во рестораните во Скадарлија, но и дочекот на Новата 2022 година на плоштадот во Белград секако ќе биде феноменален! Дочекот во клубовите во Белград секогаш носи богат избор кој може да го задоволи сечиј вкус, од народна музика, преку староградска музика, до хаус ритми. Затоа Белград со години назад е СЕКОГАШ ОДЛИЧНА ИДЕЈА!
Опис на хотел SRBIJA 3*
Хотелот се наоѓа во областа Шумица на само 5km од центарот на градот. Има одлична поврзаност со центарот на градот со градски превоз. Располага со 302 дво и трокреветни соби со вкупно 650 легла на 17 ката каде се наоѓа и еден од рестораните каде се служи појадокот со прекрасен поглед на целиот град. Комплетно е реновиран во 2005 година. Секоја соба има ТВ со сателитска, минибар, клима, Wi Fi интернет-бесплатен, голем лоби бар, рецепција.
1 ден/ 31.12 (петок) КОЧАНИ- ШТИП – ВЕЛЕС – СКОПЈЕ – КУМАНОВО – БЕЛГРАД
Поаѓање од Кочани во 00:15 часот (пред Либеро Травел). Организиран трансфер од Штип, Велес, Скопје, Куманово. Ноќно патување кон Белград со попатни паузи и царински формалности. Пристигање во Белград во утринските часови. Организиран панорамски разглед на Белград со водич со посета на: Црква „Св. Сава“, Собрание на Белград и Србија, црква „Св. Марко“, споменик на кнез Михајло, стадионот на ФК Црвена Звезда, куќата на атрактивната балканска ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ, потоа атрактивниот дел на градот – Дедиње. Пешачки разглед на тврдината Калемегдан и прошетка по најпознатата белградска улица – Кнез Михајлова. Сместување во хотел Srbija 3*. Слободно време за одмор. Вечерта, организиран бесплатен трансфер од хотел до центар на Белград и обратно за дочек на Нова 2022 Година на Плоштад, или дочек во сопствена организација. На следниот ЛИНК можете да ги разгледате сите можности и програми за дочек во градот во клубови и ресторанти. Ноќевање.
2 ден/ 01.12 (сабота) БЕЛГРАД – НОВИ САД – БЕЛГРАД
СРЕЌНА НОВА ГОДИНА!!!
Појадок. После појадокот организиран факултативен излет до Нови Сад. Разглед на градот: Улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица – пешачка трговска зона, Владичанскиот двор, плоштадот со Градското собрание и католичката црква, Петроварадинската тврдина…Слободно време во центарот на градот. Во попладневните часови враќање во Белград.. Слободно време за одмор. Вечерта, посета на ресторан, клуб, плоштад.. Ноќевање.
3 ден / 02.01 (недела) БЕЛГРАД – МАКЕДОНИЈА
Појадок. После појадокот одјавување од хотел. Се упатуваме кон НАЈСПЕКТАКУЛАРНИОТ трговски центар на Балканот- Галерија – Београд на води. (на следниот ЛИНК можете да го разгледате шопинг центарот). Слободно време за кафе, шопинг, прошетка.. во договореното време, поаѓање кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.
Цена на аранжманот: 99€ / 6.150мкд
за уплата до 15.12.2021: 89€ / 5.520мкд
доплата за еднокреветна соба +1.250мкд
Во цената на аранжманот е вклучено:
– превоз на наведената релација со туристички автобус;
– разглед на Белград со локален водич;
– 2 ноќевања со појадок во хотел Srbija 3* во Белград;
– организација и реализација на патувањето со придружник од агенцијата;
– посета на шопинг центар Galerija.
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– факултативна посета на Нови Сад – 20 eur
– туристичка такса 120ден по лице за цел престој (се плаќа во агенција при резервација);
– здравствено патничко осигурување – 200 ден по лице
ИНФО за клубови и ресторани во Белград за дочек на НОВА ГОДИНА – кликнете овде
Напомена:
- За реализација на овој аранжман, потребено е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
- За овој аранжман може да се патува и со лична карта;
За патување со сопствен превоз – 10€ од цената; - За ова патување потребно е да се приложи сертификат за вакцина или брз антиген тест.
- Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
- Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
- Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
- Во случај на нереализација на патувањето- средствата се враќаат целосно на патниците.
- Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на државите кои се наведени во програмата.
- Со оваа програма важат Општите услови на т.а. Либеро Травел и СКТМ.
SIMILAR OFFERS
-
Uncategorized
Краков (Полска) за 8-ми Март -ЕСТ
-
Uncategorized
Vila Sole A Mare – NEOS MARMARIS – ATKK – LETO 2023
-
Uncategorized
ВИЛА MIHALIS – Неа Флогита – атк – ЛЕТО 2024
-
Uncategorized
BUDVA – New Year