Краков (Полска) за 8-ми Март -ЕСТ

Share on facebook
Поаѓање: 10.03.2022
Враќање: 13.03.2022

 

Сакате да патувате за денот на жената а не знаете каде? Идеална дестинација за вас, Краков. Град со посебна атмосфера и извонредно топли и гостопримливи луѓе, град за истражување, провод и прошетка во минатото. Измешаноста на минатото со сегашноста го прави Краков по се единствен и никогаш исти. Придружете се и Вие и откријте го магичниот Краков за Денот на жената.

Термин: 10.03 – 13.03.2022
Редовна цена: 159 eвра
Промо цена: 139 eвра до 15.02.2022

 

План и програма

ПРВ ДЕН (ЧЕТВРТОК) 10.03.2022

Состанок на групата во 10.30часот на Дрво Декор. Поаѓање за Полска во 11.00часот. Ноќно возење преку Србија, Унгарија и Словачка со попатни паузи.

ВТОР ДЕН (ПЕТОК) 11.03.2022

Пристигнување во Краков во претпладневните часови. Се упатуваме на  запознавање на градот со придружба на водич (Ридот Вавел со кралскиот дворец и катедралата, стариот град Ринексо камбаната – еден од најголемите во Европа, црква Св. Марија позната по својот олтар и по огласувањето на трубите на секој час, Флориантската улица од 14-15 век која завршува со Флориантската капија. Посета на Еврејскиот кварт Казимерц кој се наоѓа во стариот дел и е центар на ноќниот живот во градот. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН (САБОТА) 12.03.2022

Појадок. По појадокот факултативен излет до Аушвиц-Беркенау, озлогласениот нацистички концентрационен логор кој е претворен во спомен музеј. Од 1979год е под заштита на УНЕСКО. Овде се посетува главната порта и дрвените бараки во кои биле затварани и сместувани Евреите. Враќање во хотел. Слободно време за индивидуални актиивности. Вечерта можност за факултативна вечера во национален ресторан. Ноќевање.

ПОСЛЕДЕН ДЕН (НЕДЕЛА) 13.03.2022

Појадок. Одјавување од хотел. Факултативен излет на Величка, познатиот рудник за сол, еден од најстарите на светот, кој од 1978 година е на листата на УНЕСКО. Разгледот трае околу 90 минути низ ходниците долги околу 2 км, на длобачина од стотина метри под земја. Во попладневните часови заминување за Македонија.

Пристигнување во Скопје во предпладневните часови на 14.03.2022- Понеделник.

Хотелско сместување со 3*

Хотелот се одредува на 2 дена пред поаѓање кога ќе се затвори продажбата за аранжманот.

 

Што е вклучено во цената

-Превоз со високо туристички автобус
-2 ноќевања со појадок во хотел 3*
-Организиран разглед на Краков со локален стручен водич
-Организација и водство на патувањето

Што не е вклучено во цената

-Факултативна посета на Аушвиц (35 еур)
-Факултативна посета на Величка (35 еур)
-Вечера во национален ресторан-/
-Влезници за посета на музеи и галерии

Факултативни излети

Посета на Аушвиц (Auschwitz)

35€

 

Од 1979год е под заштита на УНЕСКО. Овде се посетува главната порта и дрвените бараки во кои биле затварани и сместувани Евреите.

 

Величка (Wieliczka)

35€

 

Познатиот рудник за сол, еден од најстарите на светот, кој од 1978 година е на листата на УНЕСКО. Разгледот трае околу 90 минути низ ходниците долги околу 2 км, на длобачина од стотина метри под земја