🇬🇷 Aтина - Нова Година - 2023 ✨ ТКС
АТИНА – град посветен на божицата Атина по која и го добил името а која со векови била негова заштитничка. Оваа, денес повеќемилионска метропола, оо своето постоење доживеала подеми и падови како малку кој мегаполис во светот. За историјата на човештвото е посебно значајна затоа што во неа се поставени основите на парламентарната демократија и слободните избори. Модерна Атина е космополитски град кој што живее од славата на својата историја а старогрчката Атина била моќна држава и познат образовно филозофски центар. Ја нарекуваат и колевка на западната цивилизација, заради нејзиниот културен придонес во текот на 4ти и 5ти век…и денес во Атина постојат антички градби и уметнички дела од тој период, а секако најпознат е Акропол, признаен како еден од најдобрите примери на класичната грчка архитектура и уметност. Древна Атина владеела со светот и покажала како треба да се разберат цивилизациите, уметноста, културат, науката… Нејзината Академија ги дала најдобрите филозофи на Антиката, чии мисли и денес се цитираат и чии дела и денес се читаат… Нејзините уметници Фидије и Поликлет, и денес се слават како великани на скулптурата и уметноста… Политичката Атинска школа и денес е активна, исто како и името на Перикле, творецот на демократијата и владетел во периодот на Златното доба…
ЦЕНОВНИК И УСЛОВИ
1 ден (четврток) 29.12.2022 СКОПЈЕ – Атина
Состанок со групата во 18:00 ч. на паркингот пред Спортски центар Борис Трајковски, поаѓање за Атина во 18:30ч. Ноќно возење со попатни паузи за одмор како и гранични и царински формалности.
2 ден (петок) 30.12.2022 АТИНА – разглед на град
Пристигање во Атина во утринските часови. Следи панорамски разглед на градот: плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Евзоните, Олимпискиот Стадион, Храмот на Зевс, Адријановата Порта… Слободно време за индивидуални активности и прошетка низ центарот на градот. Сместување во хотел. Слободно време. Ноќевање.
3 ден (сабота) 31.12.2022 Атина – ПЕЛОПОНЕЗ – Атина
Појадок. По појадокот факултативна можност за целодневна посета на Пелопонез со попатна посета на Коринтски канал, потоа следи посета на гратчето Нафлион, првата престолнина на Грција, посета античкиот амфитеатар Епидаурус, античкиот град на Кралот Агамемнон, Микена и неговата гробница. Во попладневните часови враќање во хотел. Во вечерните часови дочек на Нова Година 2023 на некој од градските плоштади. Ноќевање.
4 ден (недела) 01.01.2023
Појадок. По појадокот факултативна можност за полудневен разглед и посета на пристаништето Пиреја. Разгледот продолжува долж Аполоновиот брег до најјужниот ‘рт на Медитеранот, Сунион каде се наоѓа Храмот на богот Посејдон. Во договорено време враќање во хотел. Слободно време. Во вечерните часови предлог за посета и вечера на традиционален ресторан, таверна во познатиот кварт под Акрополот, Плака. Ноќевање.
5 ден (понеделник) 02.01.2023
Појадок. Одјава од хотел. Факултативана можност за посета на Акрополот, храмовите Партенон, Ерехтеон и Пропилеи. Слободно време за идивидуални прошетки низ центарот на Атина. Во договорено време заминување за Скопје со попатна посета на Термопилите, каде се наоѓа споменикот на кралот Леонидас. Патувањето продолжува кон Скопје. Ноќно возење со попатни паузи за одмор како и царински и гранични формалности.
6 ден (вторник) 03.01.2023
Пристигање во Скопје во раните утрински часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 189 евра / 11.720 денари
*Уплата се врши исклучиво во денарска противвредонст каде 1евро = 62 денари
Во цената на аранжманот е вклучено:
Превоз со високотуристички автобус
Сместување во хотел DAVE RED ATHENS (3 ноќевања со појадок) https://brownhotels.com/athens/davered
Организација, реализација и придружник на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
Разглед на градот 10 евра (задолжителна доплата)
Факултативна посета на Пелопонез 40 евра ( мин.25 лица)
Вечера во Таверна 45 евра ( мин. 25 лица)
Факултативана посета на Пиреја и Сунион 20 евра (мин. 25 лица)
Факултативана посета на Акрополот 25 евра ( вклучена влезница и водич) мин.25 лица
Доплата за еднокреветна соба 5.100 ден
Туристичка такса 1,5 евра по соба по ноќ (се плаќа на рецепција)
Влезници за културно-историските знаменитости кои не се предвидени по програмата
Патничко осигурување 200 денари
Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
Организаторот согласно општите услови за патување го задржува правото да го откаже патувањето најдоцна 5 дена пред поаѓање поради недоволен број на пријавени патници или виша сила.
За реализација на програмата сепотребни мин. 45 патници. За реализација на предвидените факултативни излети согласно програмата потребни се мин 25 патници на секоја факултатива.
За овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А Пикник Травел
SIMILAR OFFERS
-
Uncategorized
Будимпешта (Унгарија) за 8-ми Март – ЕСТ
-
Uncategorized
8ми Март во Херцег Нови и Требиње – АТКК –
-
Uncategorized
ВИЛА MARIA PASHALIDOU – Неа Рода – аткк – ЛЕТО 2024
-
Uncategorized
BELGRADE – New Year