Римини и Емилија Ромања (Божиќен маркет) 8ми Декември - ГО

Share on facebook

Емилија Ромања – најбогата помеѓу 20те италијански регии и една од најразвиените регии во Европа – спој на две покраини, Емилија и Ромања по долината на реката По. Искористете ја приликата да ги посетите најубавите центри на оваа регија, Болоња, Модена, Парма, Ферара и тоа во најубавиот период од годината за време на Божиќните маркети кога амбиентот е волшебен.

Промо цена 169 евра со задолжителна резервација на пакетот факултативи 60 евра по лице, до 10.11, редовна цена 70 евра по лице, РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 199 евра

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • 3 ноќевања во хотел 3*, во околината на Римини со појадок,
  • Автобуски превоз на релација Скопје- Италија – Скопје
  • Разглед на Римини
  • Посета на трговски центар Палманова
  • Туристички придружник
  • Организација и релизација на аранжманот

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Задолжителна доплата за туристичка такса во хотелот 2 евра по лице од ден
  • Посета на Парма и Модена – 25евра
  • Посета на Болоња и Сан Марино– 25 евра
  • Посета на Фераро – 20 евра
  • Патничко осигурување 300 денари по лице
  • Влезници за локалитетите (музеи, верски објекти, индивидуални трошоци…)

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:

ПРВ ДЕН 07.12 (среда)
СКОПЈЕ – РИМИНИ

Состанок на групата околу 11часот во Скопје. Денско и ноќно патување низ Србија, Хрватска, Словенија и Италија со кратки попатни паузи и царински формалности.

ВТОР ДЕН 08.12 (четврток)
РИМИНИ

Патување до Италија преку Трст и попатно посета на познатиот аутлет Палманова (околу два часа), каде има познати брендови на гардероба по пониски цени. Потоа патувањето не води до едно од најпознатите летувалишта, Римини. Сместување во хотел. Во договорено време, разглед на градот, историскиот центар, кој ги поврзува античките споменици и ренесансните замоци. Римини носи епитет на главен град на јадранската обала на Италија. Тука се наоѓа триумфалната капија на Август од 27 век п.н.е. – најстарата зачувана римска триумфална капија, лежерна прошетка по главната улица Corso d’ Agusto, која води до централниот градски плоштад Тре Мартири и блискиот плоштад Кавур, со Старото градско собрание и Фонтана дела Пигна, турата завршува на Тибериус Мост изграден од императорот Тибериј во 21 година. Потоа слободно време да уживате во прекрасниот божиќен маркет и магичната божиќна атмосфера.

Враќање во хотел. Ноќевање

ТРЕТ ДЕН 09.12 (петок)
ПАРМА – МОДЕНА

Појадок. Факултативна посета на Парма и Модена. Парма е втора покраина по големина во Емилија Ромања, кој е надалеку познат по производството на познатиот пармезан и шунка. По пристигнувањето следува прошетка по центарот на градот – Плоштадот Гарибалди, романската катедрала од 11 век, Епископската палата… Слободно време за индивидуална прошетка и запознавање со градот. Во договорено време поаѓање за Модена. Модена е најпозната како родниот град на тенорот Лучијано Павароти, но и престолнина на машините, поради фабриките на познатите производители на автомобили како Ферари, Пагани, Масерати и Де Томасо. По пристигнувањето следува прошетка до Дуомо, Torre Ghirlandina, кулата која е симбол на ривалството на Модена и Болоња. По разгледот, слободно време за прошетка и индивидуални активности. Слободно време и во договорено време поаѓање за Римини. Ноќевање.

ЧЕТВРТ ДЕН 10.12 (сабота)
БОЛОЊА – САН МАРИНО

По појадокот се упатуваме кон Сан Марино, најстарата република на светот. Прошетка кон историскиот центар:Porta San Francesca, Palazzo dei Capitani (Палатата на владата), Piazza della Liberta (Плоштадот на слободата), Basilica di San Marino и за крај трите кули Сан Марино, кои гордо стојат на врвовите на брдото Монте Титано. Слободно време.

Потоа се упатуваме кон Болоња и следува пешачки разглед на градот. Ќе имате можност да се запознаете со универзитетска Болоња – величествен средновековен град со ренесансни палати и аркади, замоците “близнаци“, плоштадот Маџоре, палатата на кралот Енца, базиликата на Свети Петрони, фонтаната Нептун… За Болоња важат епитетите – учена, црвена и дебела. Учена бидејќи тика е основан првиот Универзитет во Европа, црвена поради бојата на фасадите и крововите и дебела поради својата богата кујна. По разгледот и кратката пауза, следува поаѓање за Римини. Ноќевање.

ПЕТТИ ДЕН 11. 12 (недела)
ФЕРАРО

По појадокот одјавување од хотел. Групата се упатува кон Фераро, град за кој самите Италијани кажуваат дека е една од најдобро чуваните тајни на Италија. Сместен е на еден дел од реката По, а градскиот дел е под заштита на УНЕСКО. Центарот на градот го опкружуваат ренесансните градски ѕидини долку 9км. Големо влијание на овој град, како и на самата архитектура имало семејството del’ Este, чии членови важеле за големи љубители на уметноста, па многу катедрали и палати кои денеска го красат Фераро, се заслуга на ова семејство. Прошетка кон градот, Castello Estense, катедралата на свети Јуриј, прошетка покрај градската палата каде се наоѓа Palazzio dei Diamanti… Потоа следува слободно време. Собир на групата во договорено време и поаѓање кон Македонија.

ШЕСТИ ДЕН 12.12 (понеделник)

Пристигнување во Скопје до доцните попладневни часови.

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:

  • 30% при резервација, а остатокот од сумата најдоцна до седум дена пред предвидениот рок за тргнување

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:

  • Доплата за 1/1 соба 70% од цената на аранжманот
  • Нема намалување на цената за сопствен превоз
  • ПОПУСТза деца: попуст се добива кога детето е придружувано од двајца возрасни лица. Сите лица постари од 10 години се сметаат за возрасни лица. Дете од 02-10 години во 1/2+1 остварува попуст од 10% (со седиште во автобус и кревет во хотел)
  • Деца до 10 години остваруваат 10 евра попуст на пакетот факултативи
  • Возрасно лице на помошен кревет го плаќа полниот износ на аранжманот.

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

  • Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:

  • Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
  • Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
  • Патниците кои имаат за цел да посетат одредени институции, ги советуваме преку интернет да се информираат за работното време и дали е потребна резервација за термин.
  • Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување.
  • Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница поради регулирање на повраток на средства од TAX FREE.
  • Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ.
  • ВАЖНО:Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ.
  • Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето.
  • Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.
  • Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација на аранжманот и телефонски број.
  • Пограничните служби при пасошката контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување.
  • Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
  • Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14часот. Хотелот од оваа понуда е регистриран, прегледан и стандардизиран од страна на Националната туристичка асоцијација на земјата. Секој хотел има ресторан. Секоја соба има тоалет и туш. Описот на хотелот е информативен и превземен од веб страницата на истиот. За евентуална отстапка од квалитетот на услугата, организаторот не сносува одговорност, бидејќи тоа зависи исклучиво од хотелот.
  • ПОЈАДОК: Појадокот е континентална шведска маса, помал избор на продукти и главно станува збор за сладок појадок.
  • Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата зависи од објективните околности.
  • За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сносува одговорност.
  • Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и Општите услови на патување.
  • Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
  • Патниците самите сносат одговорност за личните и патните документи и нивната важност.
  • Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето. Picnic Travel ќе ги проследи барањата до хотелот, но не гарантира за исполнување на истите.
  • Поради светската економска криза можно е да дојде до опаѓање на квалитетот на сервисот во хотелската услуга, на што агенцијата организатор нема влијание.
  • Picnic Travel не учествува во организацијата на слободното време на патниците на местото, и нема влијание за реализацијата на факултативните излети кои се во организација на тур операторот во државата.
  • Ценовникот е направен според локалната категоризација и класификација на хотелот на земјата која се посетува.
  • Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сносува одговорност, туку целокупниот износ на штетата ги сносува патникот.
  • Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)
  • ВАЖНО:Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
  • Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патници, агенцијата го задржува правото да ја коригира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.
  • Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку има недоволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.
  • Со оваа програма важат Општите услови на Т.А. Пикник Травел.