ИСТАНБУЛ 3 ноќи – НОВА ГОДИНА - ЛТ

Share on facebook

Истанбул е една од најголемите светски метрополи и се протега на два континента, Европа и во Азија преку пространиот Босфорски проток. Па воопшто и не е чудно што Наполеон Бонапарта за Истанбул рекол: „Ако светот беше една држава, Истанбул ќе беше нејзиниот главен град”.

ТЕРМИН: 29.12-02.01.2023

ЦЕНА: 149 ЕУР / 9240 ден. за резервации до 01.12.2022

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 169 ЕУР / 10.480 ден.

1 ден: (четврток) 29.12.2022
Поаѓање во попладневните часови од пред т.а. Либеро Травел (организирани трансфер од Скопје, Велес, Штип, Виница, М.Каменица, Делчево).
Ноќно патување преку Бугарија со попатни паузи и царински формалности.

2 ден: (петок) 30.12.2022
Пристигнување во Истанбул во раните утрински часови и по можност сместување во хотелот. Средба на групата со локален водич пред хотел. Програмата започнува со панорамска обиколка на Истанбул .Обиколката е првото запознавање на градот со локален водич, кој ќе го представи градот и неговата историја професионално. Се разгледуваат од автобус најпознатите квартали и знаменитости на градот. Посета на уникатната населба Балат кадешто шарените куќички го освојуваат секој турист. Се упатуваме до историскиот центар Султанахмет.  Разгледување на знаменитостите на  плоштадот (хиподром, Аја Софија, Сина Џамија, Хурем Султан Хамам, дворецот на Ибрахим Паша, Германската чешма).  Слободно време за индивидуални активности. Посета на Капали чаршија, еден од најголемите и најстари затворени пазари во светот со 61 покриена улица и над 3000 продавници. Слободно време за одмор и индивидуални активности..Ноќевање.

3 ден: (сабота) 31.12.2022 

Појадок. По појадокот се упатуваме на посета на палатата Долмабахче  кој е еден од најраскошните дворци во светот. Прекрасен комплекс, кој е украс на Босфорот.Се што е во и околу објектот е елегантно и одговара на името. Турскиот збор “Долмабахче” значи “полни градина.” Всушност, оваа палата е полна со ориентални луксузи. Дворецот е скапоцено богатство на Турција. Продолжуваме со факлутативно крстарење по Босфор. Прошетката со брод ќе ви овозможи да уживате во Европскиот брег на Босфор до тврдината Румелија Хисар. Ќе имате можност да ги фотографирате прекрасните Долмабахче, дворецот Јилдиз, Чифте Сарај од страна на Босфорот. Потоа бродот се упатува кон Азискиот брег. На бреговите на Босфор ќе ги видите прекрасните вили каде се снимени повеќето од турските серии.Следи посета на облакодерот Сафир – највискоата зграда во Европа висока 236 метри. Ќе се искачиме до последниот кат на панорамското игралиште каде се протега неверојатна глетка кон градот и Босфор во 360 степени. Уникатна авантура се дополнува со можност да се вклучите во SkyRide – 4D зачудувачка симнулација на лет со хеликоптер над Истанбул и да се допре до знаменитостите на градот. Скај бар нуди извонредна глетка со филџан мирисно турско кафе меѓу облаците на Истанбул. Слободно време за фотографирање.. Слободно време за одмор.Враќање во хотел. Навечер факлутативна посета на плоштад Таксим кадешто индивидуално можете да одберете некои од многубројните барови, ресторанти, клубови за дочек на Новата Година. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден: (недела) 01.01.2023

НЕКА ТИ ЗАПОЧНЕ ПРВИОТ ДЕН ОД НОВАТА ГОДИНА НА ДРУГ КОНТИНЕНТ – АЗИЈА!

Појадок. Се уптатуваме кон Азиската страна на Истанбул. Посета на Ускудар. Ускудар е област која се наоѓа на азискиот брег на Босфор,веднаш преку Бешикташ. Ускудар е познат по прекрасното крајбрежје, Моминската кула, ридот Чамлица, шумичката Фети-паша, историските места како и џамиите од 16 век… Во овој дел од градот ќе ги доживеете убавините на градот како вистинските жители на Истанбул. Овде ќе имате можност да уживате покрај брегот на седејки на разнобојните килими пиејќи чај.Слободно време прошетка покрај брегот.. Можност за посета и на Момината Кула (Kiz Kulesi), слободно време за кафе.. Потоа се упатуваме кон Mall Watergarden İstanbul (Распеани фонтани) и најновиот трговски центар Emaar. Mall Watergarden İstanbul – каде ќе го гледаме светлосното шоу на распеаните фонтани. Исклучителна кореографија на вода, светлина, ласерски ефекти и музичко шоу. Базенот се наоѓа на површина од 5 илјади квадратни метри во срцето на Watergarden Istanbul и се смета за „најголемиот“ базен во Европа. По посетата на Вотергарден Мол, продолжуваме до најновиот трговски центар Емаар во Истанбул.Ќе имате можност да купувате во продавниците на некои од светски познатите брендови, а исто така и на многу локални брендови, како што се Hugo Boss, Guess, Gucci, Hermes, Lc Waikiki, Victoria’s Secret, Zara, Kemal Tanca, Hotic, Altinbas и други.. Слободно време за шопинг. Враќање во хотелот. Слободно време. Ноќевање.

 5: (понеделник) 02.01.2023
Појадок. По појадокот одјавување од хотел и тргнување кон Македонија со попатна посета на најразновидниот аквариум Florya кој нуди разглед на разнобојни видови морски животни, можност да видете поларна област со пингвини и амазонска област со прашума.Во склоп на аквариумот има шопинг центар кој има продавници од секаква категорија. Покрај аквариумот и шопинг центарот има прекрасно крајбрежје со прометно шеталиште покрај морето. Слободно време за ручек. Мал одмор и тргнување кон Македонија. Пристигнување во Македонија во вечерните/ утринските часови.

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО: 

Превоз со високотуристички автобус
Три ноќевања со појадок во хотел Buyuk Keban – https://www.hotelbuyukkeban.com/
Придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:Панорамна обиколка Балат + Султанахмет  – 15 еур
Долмабахче палата (билет за комплетен разглед на дворецот со водич) – 25 еур
Крстарење по Босфор  – 25 еур
Таксим плоштад (трансфер) – 15 еур
Азија (целодневна) – 30 еур
Облакодер Сафир – 25 еур
Аквариум Florya – 25 еур
Пакет екскурзии – 150 еур
Патничко осигурување – 250 денари (без фрашиза).
НАПОМЕНА: Патувањето е од туристички карактер – минимум 2 екскрузии по избор се ЗАДОЛЖИТЕЛНИ!
НЕ Е ПОТРЕБНО СЕРТИФИКАТ ЗА ВАКЦИНА ИЛИ ТЕСТ!
Патувањето се реализира преку Бугарија- транзит до Турција

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за избор на место во автобусот со доплата од 20 евра при уплата на аранжманот.
УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ.
Пасошот мора да има задолжителна важност од минимум 6 месеци од датумот на завршувањето на аранжманот.
Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14 часот. Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето.
Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
Во случај на нереализација на патувањето- средствата се враќаат целосно на патниците.
Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ или Турција.