АЗУРЕН БРЕГ (СО АВИОН) - АТК

Share on facebook

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 469€ / 29.080 ден

 

!! СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА !!

1 ден

21.05.2022 ШТИП – СКОПЈЕ – СОФИЈА

Поаѓање од Штип во 12:00 часот.Поаѓање од Скопје пред Хотел ВИП во 13:00 часот кон аеродромот во Софија. Пристигнување во Софија во 17:00 часот по локално време. Лет од Софија во 19:45 часот. Пристигнување во Ница во 21:10 часот. Трансфер од аеродромот во Ница до хотелот.Сместување во хотел.Ноќевање.
2 ден

22.05.2022 НИЦА

Појадок.Панорамски (пешачки) разглед на Ница со локален водич .Запознавање со Ница – кралицата на Азурната обала,препознатлива по познатите хотели,прекрасните палати,казината и долгите плажи): стариот град,најатрактивниот пазар на цвеќињата,најголемиот плоштад во Масена и шеталиштето Променаде Де-Англ (прочуеното Англиско шеталиште, долго 5 км, место на кое Ница му должи за својата слава и популарност.Оваа феноменална препознатлива авенија го зафаќа целиот залив на Ница. Авенијата ја изградил англичанец, Луис Веј, кој сам ја финансирал изградбата во 1820 година.Населението во Ница оваа улица ја нарекувале Приморска улица,за потоа англискиот војвода,синот на кралицата Викторија да ја промовира како Англиско шеталиште).Најпознатата градба на шеталиштето е Гранд Хотел Негреско 5* изграден во 1912 година. Разглед на Плоштадот Масена (од каде започнуваат сите големи булевари,кој многу потсетува на северноиталијанските градови и каде се одржува карневал), Градската куќа (Hotel de Ville)… Слободно време за индивидуални активности. Откријте и сами зошто овој град е толку посетуван и секогаш магнетски привлекува безброј туристи. Ноќевање.
3 ден

23.05.2022 НИЦА – АНТИБ – КАН – НИЦА

Појадок.Факултативна посета со железница на Антиб и Кан. Антиб – прошетка низ градот кој претставува бисер на Медитеранот и едно од најстарите утврдувања на Азурната обала.Во градот доминира тврдината Fort Kare во чие подножје се наоѓа познатата ексклузивна марина. Овде се наоѓа и музеј со една од најдобрите колекции на Пабло Пикасо. Продолжуваме кон Кан – прекрасна прошетка по кроасетата со хотелите Карлтон,Мартинез, Мажестик,Филмската палата,Марината.Посета на стариот дел на градот,тврдината и црквата Notre Dame De Esperance.Слободно време за индивидуални активности.Враќање во хотел. Ноќевање.
4 ден

24.05.2022 НИЦА – МОНАКО – МОНТЕ КАРЛО – НИЦА

Појадок.Слободен ден за индивидуални активности и прошетки или предлагаме факултативна посета со железница на Монако – втората најмала независна држава после Ватикан, кој се наоѓа на брегот на Средоземното Море со вкупна површина од само 2 квадратни километри и претставува уставна монархија и кнежевство. Монако е името на државата и на единствениот град во државата.Бидете дел од оваа луксузна бајка,прошетајте низ самата патека каде што се одржува најпознатата трка Формула 1 за Гран При.Можност да ја видете Палатата на принцот на Монако и официјалната резиденција на монархот,Музејот Наполеон,Катедралата на Монако, казиното..Посета на Монте Карло – омиленото место на многу славни ликови.Претставува административна област на Кнежевството Монако.Овој град е домаќин на најголемотот европско финале во покер, бројни боксерки мечеви и многубројни модни гламурозни случувања.Можност за посета на океанографскиот институт,кралската палата,градското собрание и стариот град.А за оние што сакаат возбудливост,адреналин и ризик – можност барем еднаш да влезете во најпознатото казино во светот – Казиното Монте Карло. Слободно време за индивидуални активности прошетки и шопинг.Враќање со железница во договореното време во хотелот.Трансфер од хотел до аеродромот во Ница.Лет за Софија во 21:55 часот. Пристигнување во Софија во 00:55 часот (наредниот ден) 25.05.2022.Превоз од аеродромот во Софија до Македонија.Пристигнување до Скопје во раните утрински часови.
Цената вклучува
  • Авионски превоз на наведената релација Софија – Ница – Софија со WizzAir
  • трансфер со автобус / минибус на релација Скопје – Софија – Скопје
  • Рачен багаж со димензии 40 х 30 х 20 см
  • Трансфер од аеродром Ница до хотел во Ница со 3* и обратно;
  • Сместување во хотел 3* на база 3 ноќевања со појадок во Ница;
  • Организиран разглед во Ница со локален водич;
  • Организација на аранжманот и лиценциран придружник на патувањето

Цената не вклучува

  • Аеродромски такси по лице се 2.500 денари
  • Факултативна посета на Антиб и Кан со локален водич – 60 €
  • Факултативна посета на Монако и Монте Карло со локален водич – 60
  • Туристичка такса во  Ница – 4 евра од ноќ по лице
  • Влезница за Казино Монте Карло – 17 евра
  • Влезници за локалитети
  • Патничко осигурување
  • Сите неспоменати трошоци
  • ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА ВО АГЕНЦИЈА !!!!
  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници
  • Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош,
  • комплетна доплата 14 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62,00мкд.
  • Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето

COVID – 19 услови

  • Почнувајќи од 01.04.2022 Македонија е во зелена зона !
  • Доколку сте вакцинирани потребно е:
  • доказ за вакцинален статус (За вакцинирани се сметаат лицата кои примиле од една од следниве вакцини на EMA (европски признати вакцини):

– 28 дена по една доза Johnson & Johnson

– 7 дена од втората доза Pfizer, Moderna, AstraZeneca/Vaxzevria/Covishield

Забелешка: Неопходна е „бустер“ доза (EMA) по истекот на 9 месеци од последната примена доза од горенаведените вакцини.

– За лица кои примиле вакцини признати од WHO, потребна е една доза вакцина („бустер“ доза) од EMA, примена најмалку 7 дена пред патувањето.)

  • Доколку не сте вакцинирани потребно е:
  • негативен резултат од ПЦР тест не постар од  72 часа или антиген тест не постар од 48 часа пред патување или
  • потврда за опоравување од Ковид 19 (позитивен резултат од ПЦР тест или антигенски тест спроведен повеќе од 11 дена и помалку од 6 месеци).
  • Деца под 12 години се ослободени од овие формалности