Париз Велигден (АВИОН) ФБ
Share on facebook
Цена од 515 евра
22.04.2021
5 дена / 4 ноќи
Со појадок
Авионски превоз
5 дена / 4 ноќи
Со појадок
Авионски превоз
Париз | Велигден
22.04.2022 – 26.04.2022
Распослан на бреговите од реката Сена, која го дели на два дела, овој преубав град, познат како “ Град на светлината “ е политички, економски и културен центар на Француската држава. Тој е еден од најзначајните светски градови во кој имаат свое седиште бројни меѓународни организации. Поради својата историја долга два милениуми, Париз одсекогаш бил место на значајни историски случувања како и собиралиште на најпознати светски уметници. Големиот број на знаменитости и туристички атракции како Дворецот Версај и Монтенебло, катедралата Нотр Дам,
22.04.2022 -Петок
Состанок на групата на аеродром во Скопје во 03.30 часот. Полетување за Париз преку Загреб во 05:45 ч од Скопје,со вклучени пијалоци и оброк во авион. Слетување во Париз во 11:05 ч. Организиран превоз и панорамски разглед на градот со попатни застанување:(Триумфалната Капија,Елисејски Полиња,Црквата Мадлена,Операта Гарние,Лувр,Латински Кварт,Ајфелова Кула…). После 14.00 часот сместување во хотел. Слободно време за одмор и ручек. Организирана прошетка (со метро) до Елисејските полиња.Вечерно крстарење со брод по Сена (факултативно). Слободно време за вечера (факултативно). Враќање во хотел со метро. Ноќевање.
2 ден
23.04.2022 -Сабота
Појадок. Во 08.00 часот организирана (факултативна) посета на Лувр ( со метро) и водич. Влез во 09.00 ч. Разгледот трае до 12 часот. Слободно време за одмор и ручек. Организирана посета на Галеријата Лафајет и Операта Гарние (од надвор). Разгледот продолжува со организирана посета на Музејот Фрагонар, плоштадот Вандом и хотелот Риц. Враќање во хотел (со метро). Во вечерните часови организирана посета на Ајфелова кула (со метро).Заедничка вечера (факултативна) во ресторан на Трокадеро.Враќање во хотел. Ноќевање.
3 ден
24.04.2022 -Недела
Појадок. Организирана( факултативна) посета на Версај со автобус и водич. Поаѓање од хотел во 09.30 ч. Се посетува дворецот и парковите. Вракање во Париз и тоа во Латинскиот кварт,посета на Богородична црква (однадвор). Слободно време за ручек и индивидуални прошетки во квартот. Организирана посета на Мон Мартр ,слободно време и прошетка во квартот на уметниците. Вечера во некој ресторан на Пигал. Враќање во хотел со метро. Можност за посета на најславното кабаре Мулен руж (факултативно). Ноќевање.
4 ден
25.04.2022 -Понеделник
Појадок. Во 08.30ч (факултативно) целодневна посета со автобус на забавниот парк за возрасни и деца – Дизниленд. За оние кои остануваат во Париз организирани прошетки по мостовите на Сена, плоштадите,парковите, Општината, Бастиља, центарот Помпиду, новиот дел на Париз. Ноќевање.
5 ден
26.04.2022 -Вторник
Појадок. Одјавување од хотелот,багажот се остава на рецепција.Организирана посета на La Defance . Организиран превоз до аеродром од хотелот во 14:30 часот. Полетување за Загреб во 18:30 часот, слетување во 20:15ч. Полетување за Скопје во 22:10, слетување во 23:25 часот.
Во цената е вклучено
- Авио билет на релација Скопје – Париз – Скопје со Croatia Airlines
- Бесплатен багаж 20 кг + пијалок и храна во авион
- 4 ноќевања со појадок во хотел со 3*Ibis La Defence во Париз
- Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
- Организиран панорамски разглед на градот
- рганизирани сите пешачки разгледи на Париз со метро и придружник
- Организација на патувањетои и сигурна реализација на факултативните екскурзии
- Придружник од Агенцијата за целиот престој во Париз
Во цената не е вклучено
- Аеродромски такси 90 еур / 5.560мкд ,
- Превозот со метро и автобус во Париз (цена околу 18,60 еур карнет за 10 возења)
- Влезница за Ајфелова Кула (влезница до 2-риот спрат 17.10 еур до врвот 26,80 еур)
- Посета на Лувр 55 еур влезница +резервација + водич (со метро) за лица до 18 год. – 25 еур
- Посета на Версај – 75 еур влезница + водич, за лица до 18 год. 40 еур (се патува со автобус од хотел) не е вклучена влезница за парковите и се плаќа на лице место ,чини околу 10 еур
- Влезница за брод по Сена 15 еур (се патува со метро) организирано!
- Посета на Операта Гарние и музејот Орсеј околу 15 еур-влезница за секој објект
- Посета на Мулен Руж со представа (цена од 135 еур со пијалок ½ шампањ)
- Посета на Дизниленд од 110 еур, (превоз од хотел + целодневна влезница за 1 парк)
- Вечера или ручек во ресторан од 15 еур без пијалок
- Задолжително здравствено и патничко осигурување 250 мкд.
Важна напомена:
- Плаќањето е задолжително во денари (1 еур=61.8 мкд)
- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од денот на патувањето
- Државјани на Република Северна Македонија (портокалова зона) може да влезат во Франција почнувајќи од 12.02.2022 година под следниве услови:
- ДОКОЛКУ СЕ ВАКЦИНИРАНИ НЕ Е ПОТРЕБЕН ПЦР/ АНТИГЕНСКИ ТЕСТ
- За вакцинирани се сметаат лицата кои примиле една од следниве вакцини: Pfizer, Moderna, AstraZeneca/Vaxzevria/Covishield et Johnson & Johnson. И тоа под услов да се поминати: 7 дена од втората доза Pfizer, Moderna, AstraZeneca/Vaxzevria/Covishield (вакцини признати од Европската агенција за лекови-EMA)28 дена од Johnson & Johnson; од трета доза mRNA вакцина (Pfizer) за лицата кои претходно примиле вакцина која не е призната од Европската агенција за лекови-EMA.
- Вакцинираните патници се должни да приложат:
- ПОТВРДА ЗА СТАТУСОТ НА ВАКЦИНАЦИЈА.
- ДА ПОПОЛНАТ ИЗЈАВА ДЕКА НЕМААТ СИМПТОМИ НА ИНФЕКЦИЈА СО КОВИД-19 И КОНТАКТ СО ПОТВРДЕН СЛУЧАЈ НА КОВИД-19.
- Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата 7 дена пред патување
- За реализација на факултативните екскурзии потребно е минимум од 15 патници
- За резервација задолжителна уплата од 30% од вкупниот износ, целосна доплата 15 дена пред патување
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници
- За овој аранжман важат општите услови на патување на Фибула Ер Травел
SIMILAR OFFERS
-
Uncategorized
8ми Март во Херцег Нови и Требиње – АТКК –
-
Uncategorized
8. Март во Опатија и островот Крк – ATKK
-
Uncategorized
СОКОБАЊА- 8ми Март 2022 – ЛТ –
-
Uncategorized
САРАЕВО – 8ми Март 2022 -ЛТ-