Шпанија Лето 2025
Пикник Травел има мисија да ги конектира љубителите на патувањето со дестинации кои го збогатуваат животот, уникатни летувања и активни патувања низ целиот свет. Нашата мисија е да го направиме вашето патување незаборавно животно искуство!
Ова лето одиме во Шпанија со автобуски превоз!
Возбудени сме што можеме да ви понудиме незаборавен летен одмор каде што ќе добиете можност да посетите повеќе од 10 европски градови, да ја истражите нивната историја, култура и знаменитости. Од раздвижените улици на Монте Карло до шармантните канали на Венеција, ќе можете да уживате во најубавите и највозбудливите места во Европа.
Доколку сте прв пат во Шпанија и на оваа наша авантура тврдиме дека ќе имате незаборавни 2 недели. Првиот страв секогаш е долгото автобуско патување, но тука нашиот водич, искусните возачи,многуте попатни паузи, посетата на прекрасните попатни локации ќе Ве натераат патувањето да Ви биде задоволство.
Земјата на Сангријата, Коридата, фудбалот, преубавата и егзотична Шпанија Ве очекува.
Не ја пропуштајте оваа неверојатна можност да стекнете доживотни спомени. Придружете ни се за најдоброто лето во вашиот живот!
ШПАНИЈА – АВТОБУС ЈУНИ / ЈУЛИ 2025
11.07-22.07.2025 | Malgrat de Mar | Hotel Cartagena Nova | 649 eur |
Хотелот се наоѓа на само 100 метри од плажата Platja de l’Astillero и 2 километри од центарот на Малграт де Мар. Гостите можат да уживаат во отворен базен, детски базен, ресторан со шведска маса, бар, кафе-бар и ТВ сала. Сите соби се климатизирани и опремени со балкон, сателитска ТВ, телефон, сеф (дополнително наплаќање), работна маса и сопствена бања со туш или када, фен и бесплатни тоалетни потреби. Бесплатен Wi-Fi е достапен во сите јавни простори и во собите (со надоместок). Хотелот нуди и услуги како изнајмување на велосипеди, 24-часовна рецепција, менување на валута, туристички информации и аеродромски трансфери (дополнително наплаќање).
Програма на патувањето:
Ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија.
започнување со првата факултативна екскурзија во Венеција.
Сместување во хотел во регијата Венето (Хотел со 2* или 3*)
Ноќевање
Прошетка низ центарот на Верона, посета на една од најстарите арени од римско време каде денес се одржуваат бројни познати концерти на најпознатите музички ѕвезди, куќата на Јулија, споменикот на Данте Алигиери
Поаѓање кон Шпанија – Ноќно возење
Мирен град, со многу локални продавници за сувенири, шопинг, ресторани и преубави големи песочни плажи.
Во хотелот имаме 2 оброци (појадок и вечера) – Шведска маса.
Посета на Пристаништето на Кан, Филсмкиот фестивал, посета на промеданата на Ница, патеката на Формула 1 во Монако, палатата на принцот и целиот ноќен гламур на Монако и Монте Карло со луксузните казина, јахти, крузери и уникатни автомобили.
Ноќевање
Поаѓање кон Скопје.
ЦЕНА: 649 ЕУР
Цената вклучува:
– Организација на патувањето и водич
– Превоз со високо туристички автобус (ТВ, клима)
– 1 ноќевање со појадок во регионот на Лидо ди Јесоло
– 6 полни пансиони (појадок, ручек и вечера – шведска маса) во Калела во дво и трокреветни соби
– 1 ноќевање со појадок на Азурен брег (Франција – Кан / Ница во хотел со 2/3*)
– Бесплатна посета на Кан, Ница, Верона, Монако и Монте Карло
Цената не вклучува:
– Патничко осигурување
– Доплата за еднокреветна соба = 50 еур по лице / за сите ноќевања во хотел според програмата
– Задолжителна туристичка такса во хотел во Италија и Шпанија = 2 еур по лице / ден.
Дополнителни информации:
– Резервација на место се прави со задолжителна уплата од 6000 ден.
– Попуст за дете од 2 до 12 год – 40 еур
– Резервација на посакувано место во автобус – 1000 ден од седиште по лице
– Дозволено е само еден голем куфер до 20 кг по лице и еден ранец за патување
– Пасошот мора да биде валиден 90 дена од влез во Европска Унија
SIMILAR OFFERS
-
Шпанија
БЕНИДОРМ, ШПАНИЈА ЛЕТО 2025
-
Uncategorized
ИТАЛИЈА – ШПАНИЈА – ФРАНЦИЈА Лето 2025 – СЕПТЕМВРИ
-
ХОТЕЛИ СО 5 ЗВЕЗДИ
Bella Resort Hotels & Spa | Antalija Side *****