ИТАЛИЈА – ШПАНИЈА – ФРАНЦИЈА ЈУНИ И ЈУЛИ ЛЕТО 2025
Шпанија Лето 2025
Пикник Травел има мисија да ги конектира љубителите на патувањето со дестинации кои го збогатуваат животот, уникатни летувања и активни патувања низ целиот свет. Нашата мисија е да го направиме вашето патување незаборавно животно искуство!
Ова лето одиме во Шпанија со автобуски превоз!
Возбудени сме што можеме да ви понудиме незаборавен летен одмор каде што ќе добиете можност да посетите повеќе од 10 европски градови, да ја истражите нивната историја, култура и знаменитости. Од раздвижените улици на Монте Карло до шармантните канали на Венеција, ќе можете да уживате во најубавите и највозбудливите места во Европа.
Доколку сте прв пат во Шпанија и на оваа наша авантура тврдиме дека ќе имате незаборавни 2 недели. Првиот страв секогаш е долгото автобуско патување, но тука нашиот водич, искусните возачи,многуте попатни паузи, посетата на прекрасните попатни локации ќе Ве натераат патувањето да Ви биде задоволство.
Земјата на Сангријата, Коридата, фудбалот, преубавата и егзотична Шпанија Ве очекува.
Не ја пропуштајте оваа неверојатна можност да стекнете доживотни спомени. Придружете ни се за најдоброто лето во вашиот живот!
ШПАНИЈА – АВТОБУС ЈУНИ / ЈУЛИ 2025
25.06 – 06.07.2025 | Calella | Summer Hotel – Calella | 649 eur | 699 eur |
Хотел е на 5 минути пешачење од плажата Калела и 10 минути пешачење од центарот на градот. Бесплатен Wi-Fi во заеднички простор и отворен базен.
Сите соби се климатизирани и имаат тераса, сателитска и ТВ со рамен екран,тоалетот е опремен со фен и крпи.
Ресторанот на хотелот е со шведска маса и служи шпанска и интернационална храна, има и модерен бар и ТВ салон.
Можете да изнајмите автомобил или велосипед и има лесен пристап до автопатот Марезме. Хотелот е на околу 45 минути возење од центарот на Барселона.
Програма на патувањето:
25.06.2025
Поаѓање од Скопје во 14.00 ч.
Ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија.
26.06.2025 – Пристигнување во утринските часови на пристаништето Пунто Сабиони и започнување со првата факултативна екскурзија во Венеција.
Сместување во хотел во регијата Венето (Хотел со 2* или 3*)
Ноќевање
27.06.2025 – Појадок и поаѓање кон Верона
Прошетка низ центарот на Верона, посета на една од најстарите арени од римско време каде денес се одржуваат бројни познати концерти на најпознатите музички ѕвезди, куќата на Јулија, споменикот на Данте Алигиери Поаѓање кон Шпанија – Ноќно возење
28.06.2025 – Пристигнување во Калела и сместување во хотел со 4*
Калела е едно од најубавите места на Коста Брава на само 40 км од Барселона. Мирен град, со многу локални продавници за сувенири, шопинг, ресторани и преубави големи песочни плажи.
Во хотелот имаме 3 оброци (појадок, ручек и вечера) – Шведкса маса.
28.06.2025 – 04.07.2025 – Престој во Калела- Summer Hotel.
04.07.2025 – После појадок поаѓање кон Кан и Ница. Сместување во хотел во Кан / Ница со 2/3*
Посета на Пристаништето на Кан, Филсмкиот фестивал, посета на промеданата на Ница, патеката на Формула 1 во Монако, палатата на принцот и целиот ноќен гламур на Монако и Монте Карло со луксузните казина, јахти, крузери и уникатни автомобили.
Ноќевање
05.07.2025 – Појадок и одјавување од хотел
Поаѓање кон Скопје.
06.07.2025 – Пристигнување во Скопје во претпладневните часови
ЦЕНА: 649 ЕУР – РАНА УПЛАТА (До 01.03.2025)
Цена по 01.03.2025 – 699 еур
Цената вклучува:
– Организација на патувањето и водич
– Превоз со високо туристички автобус (ТВ, клима)
– 1 ноќевање со појадок во регионот на Лидо ди Јесоло
– 6 полни пансиони (појадок, ручек и вечера – шведска маса) во Калела во дво и трокреветни соби
– 1 ноќевање со појадок на Азурен брег (Франција – Кан / Ница во хотел со 2/3*)
– Бесплатна посета на Кан, Ница, Верона, Монако и Монте Карло
Цената не вклучува:
– Патничко осигурување
– Доплата за еднокреветна соба = 50 еур по лице / за сите ноќевања во хотел според програмата
– Задолжителна туристичка такса во хотел во Италија и Шпанија = 2 еур по лице / ден.
Дополнителни информации:
– Резервација на место се прави со задолжителна уплата од 6000 ден.
– Попуст за дете од 2 до 12 год – 40 еур
– Резервација на посакувано место во автобус – 1000 ден од седиште по лице
– Дозволено е само еден голем куфер до 20 кг по лице и еден ранец за патување
– Пасошот мора да биде валиден 90 дена од влез во Европска Унија
SIMILAR OFFERS
-
Uncategorized
ИТАЛИЈА – ШПАНИЈА – ФРАНЦИЈА Лето 2025 – СЕПТЕМВРИ
-
ХОТЕЛИ СО 5 ЗВЕЗДИ
Bella Resort Hotels & Spa | Antalija Side *****
-
1 КРАК - КАСАНДРА
ВИЛА KOSTAS – Неа Потидеа – атк – ЛЕТО 2025