ИСТАНБУЛ-8ми септември
Програма за Истанбул 8ми септември
Цена по лице 8000 ден
1 ден
Тргнување во 16:00 часот од пред СЦ Борис Трајковски.
2 ден
Пред пристигнивање во Истанбул застанување на бензинска пумпа за пауза и они кои сакаат да се спремат за факултативните излети кои се според програмата
односно , првата дестинација по пристигнување ни е ТОПКАПИ ПАЛАТАТА – ова е палата на султаите , изградена на површина од 700,000 квадратни метри, дворецот се состои од три главни влезови – бирун, ендерун и харем. Палатата вклучува различни дворови, градини, простории за државни службеници , резиденција на владетелот , други резиденции и згради за вработените во палатата, свети мошти и царски архиви останале на чување во Топкапи палатата и по преместувањето на султаните во палатата Долмабахче.
По разгледот на Топкапи се упатуваме пешки кон историскиот дел на градот , односно, Сината Џамија, Аја Софија, Хиподромот како и добро познатата Капали чаршија.
По разгледот се упатуваме во хотел и се сместуваме. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Ноќевање.
3 ден
По појадокот се упатуваме кон “турскиот Версај” односно добропознатата плата *ДОЛМБАХЧЕ која преставува првата историска палата во османлиската империја, изградена во европски стил. Од нејзината изградба во 1853-та година до 1922 година (со прекин од 20 години) служела како главна резиденција на султанот. Тука живеел и починал Мустафа Кемал Ататурк, основачот на турската држава, наследена и отпратена во историјата во 19. и 20. век, претходна некогаш и главна (во 16. и 17. век) Отоманска империја. Слободно време за индивидуални активности, уживање и релаксација покрај Босфорот.
*КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР, кое претставува неизбежен дел во посетата на Истанбул. Во 90 минутното крстарење, ќе уживаме во погледот кон минатото и сегашноста, од модерни раскошни хотели, палати до приватни куќи. За време на патувањето се поминува покрај прекрасната Долма Бахче Палата, зелените паркови и царските паваљони на Јилдиз Палатата, Белербеј Палатата која се наоѓа покрај самиот мост од Азиската страна, под мостовите кои го делат Истанбул на Азиски и Европски дел… незаборавно доживување, без кое престојот во Истанбул не е комплетен…
Sapphire Seyir Terasi, највисоката “тераса” во Европа висока (238м), од каде се добива прекрасна панорамска глетка на градот, како и можност преку 4-Д симулација да се надлета небото на Истанбул и неговите најзначајни обележја.
Вечерта можност за посета на едно од најинтересните локации во Истанбул – НАСЕЛБАТА ОРТАКОЈ – место каде што ќе имате можност да се сликате со џамијата Ортакој, црвениот мост и погледот кон босфор од луксузините ресторани. Кратко кажано МАГИЈАТА НАРЕЧЕНА ИСТАНБУЛ. Ноќевање.
4 ден
Утрото по појадокот се упатуваме кон најубавата и добро позната населба БАЛАТ , новата инстаграм сензација – место , каде имаме можност одблизу да ја доживееме магијата на извонредните куќи во различни бои кои што се единствени во таков стил и се добро препознатливи особено на оние кои гледаат турски серии.
По разгледот на Балат се упатуваме кон пристаништето од каде ќе испловиме кон Азискиот дел на Истанбул. По пристигнувањето следува краток разглед на најзначајните знаменитости односно, Моминската Кула, Кејот на рибарите, традиционалните турски улички со автентичен стил . Слободно време за индивидуални прошетки, време за ужување покрај Босфор, можност за традиционален појадок, ручек, добро познатиот турски чај, како и дегустација на оригинално турско кафе. Во договореното време се упатуваме кон пристаништето.
Вечерта можност за посета на едно од најинтересните атракции во Истанбул – ТУРСКА ВЕЧЕР. Програм збогатен со ориентални танци, во друштво на звуците на автентичната турска музика, а сето тоа зачинето со превкусна, традиционална турска вечера.
Ноќевање.
5 ден
Check out и напуштање на хотелот во 08:00 часот. По пакувањето на стварите ВО АВТОБУС се упатуваме кон продавница ЛОКУМАДА – на ТАКСИМ и од таму тргнуваме кон трговскиот центар FORUM ISTANBUL, IKEA I DEKATLON каде што ќе имаме слободно време за шопин и индивидуални активности, како и посета на најголемиот АКВАРИУМ во Европа.
Тргнување кон Скопје во попладневните (локално време) часови во договор со водичот.
Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.
SIMILAR OFFERS
-
Uncategorized
ВИЛА FAMILIA – НЕИ ПОРИ – СП
-
Uncategorized
Будимпешта (Унгарија) за 8-ми Март – ЕСТ
-
Uncategorized
САРАЕВО – 8ми Март 2022 -ЛТ-
-
Uncategorized
ХОТЕЛ „JENNY 3*“ – Сивири – тур – ЛЕТО 2024