Вила Џули 1 - Jerissos - МГН - ЛЕТО 2023

Share on facebook

Вила Џули 1 се наоѓа на одлична местоположба, на само 80 метри од прекрасната песочна плажа. Капацитетите се над медицинската ординација IATPEIO, спроти caffe bar ‘Public’. Целата вила располага со вкупно 6 сместувачки единици (од кои 2 капацитети се во нашата понуда и се на 1-ви кат)

Дуплекс апартман број 1 (1/5) – простран дуплекс апартман со 1 стандарден + француски кревет во една спална соба, 1+1 стандардни единечни кревети (споени) во друга спална соба и посебна дневна соба со целосно опремена кујна и фотеља. Има 2 тераси: една голема споена со дневна и едната спална и друга помала од другата спална соба. Терасите имаат поглед на улица со лимитиран поглед море.

Апартман број 2 (1/5) –  1+1 стандардни единечни кревети (споени) во спална и 1 стандарден + софа на извлекување (со големина на француски лежај) во дневна соба споена со кујна. Од двете простории се излегува на заедничка голема тераса  со поглед на улица

Апартманите се опремени со постар, но пристоен мебел, сопствени тоалети, целосно опремени големи кујни, маси и столови на секоја тераса како и во секоја кујна внатре . Користење на клима уредот и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Веднаш до вилата има паркинг (не е сопствен).

20 % попуст за резервација и целосна уплата до сабота (17.12.2022)

 

1. Вонсезонски цени

Термин Ноќевања  

1/2+1

студио

(бр. 4,5,6)

1/5 дуплекс апартман (бр.1)

задолжително плаќаат 4лица

1/5апартман

(бр.2задолжително плаќаат 3 лица

28/05-04/06 7 89 69 89
04/06-11/06 7 109 79 99
11/06-18/06 7 139 109 129
18/06-25/06 7 159 119 149
25/06-02/07 7 179 129 159

                

2. Сезонски цени

Термин Ноќевања 1/2+1

студио

(бр. 4,5,6)

1/5 дуплекс апартман (бр.1) 1/5 апартман бр. 2
02/07-09/07 7

369

559

519

09/07-16/07 7

399

589

529

16/07-23/07 7

429

629

549

23/07-30/07 7

429

629

549

30/07-06/08 7 429 629 549
06/08-13/08 7 429 629 549
13/08-20/08 7 429 629 549
20/08-27/08 7 409 609 539
27/08-03/09 7

359

529

499

 

3. Вонсезонски цени

Термин Ноќевања  

1/2+1

студио

(бр. 4,5,6)

1/5 дуплекс апартман (бр.1)

задолжително плаќаат 4 лица

1/5 апартман

(бр.2задолжително плаќаат 3 лица

03/09-10/09 7 169 119 149
10/09-17/09 7 139 109 129
17/09-24/09 7 109 79 99

Напомени и услови:

  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
  • За сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ ВО ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ.
  • Во вонсезонските цени во студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, а плаќаат само превоз доколку користат;

·         ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во истиот, без вклучен превоз, а превозот се доплаќа:

·         За возрасни 3.100 мкд. (50 евра), еден правец 2.480 мкд. (40 евра)

·         За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра), еден правец 2.170  мкд. (35 евра)

·         Деца до 2 години бесплатно, без седиште

  • Во студио дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со возрасен.
  • Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1евро=62мкд).
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
  • Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 0,50 евра на ден по студио/апартман.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Магелан Травел НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.