ВИЛА ЛЕНА – НЕА РОДА
Вилата „Lena“е лоцирана во мирниот дел на Неа Рода, веднаш пред апартхотелот „Lazaridis“ на околу 100 метри од плажата. Располага со двокреветни, четирикреветни и петкреветни студија и апартмани на приземје и на прв спрат. Дел од сместувачките капацитети имаат поглед на море, а останатите поглед на улица. Сите сместувачки капацитети имаат сопствено купатило и се опремени со кујни (електрично решо, фрижидери и основни садови за готвење и јадење), телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Студијата и апартманите се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во сместувачките капацитети е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Пред вилата има простор за паркирање на возила.
Апартман бр.1
Четирикреветен апартман на приземје. Апартманот има две простории. Во првата соба два единечни кревети со нормална големина, мебел, тв и клима. Од собата се излегува на тераса. Од оваа соба се влегува во втората соба која е издвоена со лизгачка врата. Во втората соба има два единечни кревети, мебел и мини кујна опремена со решо, аспиратор, фрижидер со мала комора и комплет садови за готвење и јадење. Од оваа просторија се излегува на тераса која има поглед на улицата, опремена со пластична маса и столчиња. Купатилото е со нормална големина.
Студио бр.2
Двокреветно студио на приземје. Опремено е со два единечни кревети со нормална големина, мебел, тв и клима. Во истата просторија се наоѓаат и елементите од кујната опремена со решо, аспиратор, фрижидер со мала комора и комплет садови за готвење и јадење. Од собата се излегува на терасата која има поглед на улица, опремена со пластична маса и столчиња. Купатилото е со нормална големина.
Апартман бр. 3
Простран петкреветен апартман на приземје. Апартманот има две простории кои меѓу себе се одделени со лизгачка врата. Во првата соба три единечни кревети со нормална големина, мебел, тв и клима. Во оваа просторија се наоѓа мини кујна опремена со решо, аспиратор, фрижидер со издвоена комора и комплет садови за готвење и јадење. Од собата се излегува на тераса која има поглед на улицата, опремена со пластична маса и столчиња. Од оваа просторија се влегува во втората спална соба во која има два единечни кревети и мебел. Од собата се излегува на тераса која има страничен поглед на море. Купатилото е со нормална големина.
Апартман бр. 4
Четирикреветен апартман на прв спрат. Апартманот има две простории. Во првата соба два единечни кревети со нормална големина, мебел, тв и клима. Од собата се излегува на тераса. Од оваа соба се влегува во втората соба која е издвоена со лизгачка врата. Во втората соба има два единечни кревети, мебел и мини кујна опремена со решо, аспиратор, фрижидер со мала комора и комплет садови за готвење и јадење. Од оваа просторија се излегува на тераса која има поглед на улицата, опремена со пластична маса и столчиња. Купатилото е со нормална големина.
Студио бр. 5
Двокреветно студио на прв спрат. Опремено е со два единечни кревети со нормална големина, мебел, тв и клима. Во истата просторија се наоѓаат и елементите од кујната опремена со решо, аспиратор, фрижидер со мала комора и комплет садови за готвење и јадење. Од собата се излегува на терасата која има поглед на улица и страничен поглед на море, опремена со пластична маса и столчиња. Купатилото е со нормална големина.
Апартман бр. 6
Простран петкреветен апартман на прв спрат. Апартманот има две простории кои меѓу себе се одделени со лизгачка врата. Во првата соба три единечни кревети со нормална големина, мебел, тв и клима. Во оваа просторија се наоѓа мини кујна опремена со решо, аспиратор, фрижидер со издвоена комора и комплет садови за готвење и јадење. Од собата се излегува на тераса која има страничен поглед на море, опремена со пластична маса и столчиња. Од оваа просторија се влегува во втората спална соба во која има два единечни кревети и мебел. Од собата се излегува на тераса која има страничен поглед на море. Купатилото е со нормална големина.
ВИДЕО ОД ПРЕУБАВАТА ПЛАЖА НА ВОУЛИТСА
КЛИКНЕТЕ ОВДЕ ЗА ЛОКАЦИЈАТА НА ВИЛАТА
SIMILAR OFFERS
-
Uncategorized
Вила Луан-ДБ
-
11 дена ГРЦИЈА
ВИЛА ВАИА – ЈЕРИСОС – АТКК – ЛЕТО 2023
-
11 дена ГРЦИЈА
АПАРТХОТЕЛ LAZARIDIS – NEA RODA -Leto 2023- АТКК