AL HOTEL - ВАЛОНА - ЕС

Share on facebook
ВАЛОНА – албанска убавица каде се спојуваат јонско и јадранско море, едно од најатрактивните туристички дестинации во Албанија. Валона се карактеризира со прекрасна пространа песочна плажа, велосипедски и пешачки патеки, булевари, голем број на ресторани и таверни со поволни цени. Во продолжените термини и цени за Ал Хотел во Валона

Aл Хотел

  АЛ ХОТЕЛ – нов објект кој се наоѓа на околу 5-7 минути пешки до плажа и до пешачката патека каде се наоѓаат маркети, кафетерии и ресторани. Објектот располага со 17 соби од различна структура двокреветни, трокреветни и четворокреветни. Сите соби имаат балкон, тв, приватен тоалет, клима (вклучена во цената), мини фрижидер. Дел од собите располагаат со кујна, а собите кои немаат кујна на располагање ќе им биде кујната од ресторанот каде ќе можат да си приготвуваат сами или да им приготви лице вработено во кујната. На сите патници им следува богат доручек на база шведски стол кој е вклучен во цената. Ресторанот е во склоп на хотелот и е на располагање на гостите со мени на македонски, албански и англиски јазик. Хотелот  располага со интернет и приватен паркинг.

Што е вклучено во цената

-7 ноќевања во Ал Хотел со појадок -Користење на клима

Што не е вклучено во цената

-Превоз (Цена за превоз од Скопје, Велес, Прилеп, Битола, Ресен, Охрид, Струга: 45 евра од лице -Цена за превоз од Штип – 55 евра од лице -Туристичка такса 0.50 центи од ден по соба се наплаќаат во агенција. -Патничко осигурување

Важно

-Поаѓањето е ден претходно од термините во табелите или секој петок во вечерните часови -Цените се изразени од лице за 7 ноќевања со појадок без превоз. -Промо цените важат до 15.03 исклучиво со 50% уплата. Местата се ограничени по термин -Користењето на собите започнува од 14 часот, а собите се напуштаат последниот ден во 9 часот (багажот се остава на рецепција). -Попусти за 3то и 4то лице во трокреветна и четворокреветна соба – 50 од редовната сума % -Цените се со вклучен доручек и трансфер од местото каде што автобусот ги слегува патниците. -Во текот на престојот гостите сами се грижат за хигиената во собите, на барање може да се изврши промена на постелнина или пешкир (на рецепција). Собите имаат пешкир. -Агенцијата не гарантира за јачината на интернет во хотелот. -Сите настанати штети се на товар на патникот, агенцијата не превзема одговорност. -Во Р.Албанија патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош. -Сертификат за вакцинација, брз или антиген тест. -Патниците кои користат превоз, се остават до до најблиската локација каде може да се паркира автобус/комбе/минибус. Багажот на патниците ќе биде превземен од страна на одговорно лице од објектот. -Во собите е дозволено да се сместат само лица согласно со предвидениот капацитет и структура на соба. -Користење на клима уредот е вклучен во цената. -Туристичка такса 0.50 центи од ден по соба се наплаќаат во агенција.   Агенцијата издава ваучер за патување во случај: -Потврдено присуство на корона вирус на еден или повеќе лица на кој се однесува резервацијата -Затварање на граници  

ПРЕВЗЕМИ ПОНУДА ОВДЕ

ЛОКАЦИЈА