ВИЛА ВАИА - ЈЕРИСОС - АТКК - ЛЕТО 2023

Share on facebook

ВИЛА ВАИА – ЈЕРИСОС

         Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики, на третиот крак Атос.Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители се наоѓа покрај морето и има долга, песочна плажа која има Сино Знаме за чистотаПред плажата е големо шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. На крајот од шеталиштето во Јерисос се наоѓа старата Ветерница во која е сместен Музејот на историја, а на самото шеталиште е големиот аквариум. Доколку сте љубители на мирот и спокојството, тогаш наша препорака е да ги посетите околните плажи Kakoudia и Ksiropotami.

Вилата „Vaia“ се наоѓа на само 120 од плажата во централниот дел на Јерисос, на третиот крак Атос. Апартманите се наоѓаат на прв и на втор спрат од вилата. Сите  имаат опремени кујни, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Кујните и купатилата во вилата се целосно реновирани. Дел од сместувачките капацитети имаат тераси со поглед во дворот на вилата, а останатите се со поглед на улица. Сите тераси се заштитени со тенди. Во сместувачките капацитети има постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Во непосредна близина на вилата има простор за паркирање на возила.

Апартман (дуплекс) бр. 1

 Четирикреветен  дуплекс апартман кој се наоѓа на прв спрат во вилата. Елементите од кујната се издвоени на самиот влез во ходникот од апартманот каде се сместени мини шпорет со рерна, аспиратор, голем фрижидер со одделна комора и садови за готвење и јадење. Во првата спална соба има  два единечни кревети со нормална големина, мебел, телевизор и клима уред. Од собата се излегува на долга тераса која има поглед во дворот на вилата и на улицата, опремена со пластична маса и столчиња и заштитена со тенда. Во втората спална соба има дупли кревет со нормални димензии и мебел, а од собата се излегува на истата аголна тераса. Апартманот има купатилото кое е со нормална големина, има туш и прозорец, но нема посебно издвоен простор за туширање. Напомена: Апартманот е со мали димензии и нема посебен простор наменет за јадење туку само за подготвување на храна.

 

Апартман бр. 2

 Двокреветен апартман кој се наоѓа на втор спрат во вилата. Апартманот има издвоена кујна која е опремена со мини шпорет со рерна, аспиратор, голем фрижидер со одделна комора и садови за готвење и јадење. Од кујната се излегува на тераса која има поглед во дворот на вилата. Спалната соба има два единечни кревети со нормална големина, мебел, телевизор и клима уред. Од собата се излегува на тераса опремена со тенда и со пластична маса и столчиња. Купатилото е со нормална големина, има прозорец и издвоен дел за туширање.

 

 

 

Апартман бр. 3

 Трокреветен апартман кој се наоѓа на втор спрат во вилата. Апартманот има две простории. Во првата која е наменета како просторија за дневен престој се наоѓаат елементите од кујната опремена со мини шпорет со рерна, аспиратор и садови за готвење и јадење. Во оваа просторија има клима, мала маса и столчиња и еден кауч на кој може да спие едно возрасно лице или две деца до шест години. Од собата се излегува на тераса која има поглед кон море, а во ходникот на апартманот е сместен голем фрижидер со одделна комора. Од оваа соба се влегува во спалната соба издвоена со врата на лизгање.  Во спалната  соба има два единечни кревети со нормална големина, мебел и телевизор. Од собата се излегува на истата пространа тераса опремена со тенда и со пластична маса и столчиња. Купатилото е со нормална големина, има прозорец и издвоен дел за туширање.

 

 

Апартман бр. 4

 Трокреветен апартман кој се наоѓа на втор спрат во вилата. Апартманот има две простории. Во првата која е наменета како просторија за дневен престој се наоѓаат елементите од кујната опремена со мини шпорет со рерна, аспиратор и садови за готвење и јадење. Во оваа просторија има клима, мала маса и столчиња и еден кауч на кој може да спие едно возрасно лице или две деца до шест години. Од собата се излегува на тераса опремена со тенда и со пластична маса и столчиња , а во ходникот на апартманот е сместен голем фрижидер со одделна комора. Од оваа соба се влегува во спалната соба издвоена со врата на лизгање.  Во спалната  соба има два единечни кревети со нормална големина, мебел и телевизор. Од собата се излегува на истата тераса која има делумно поглед на море. Купатилото е со нормална големина, има прозорец и издвоен дел за туширање.

 

 

Апартман бр. 5

 Двокреветен апартман кој се наоѓа на втор спрат во вилата. Апартманот има издвоена кујна која е опремена со мини шпорет со рерна, аспиратор, голем фрижидер со одделна комора и садови за готвење и јадење.  Спалната соба има два единечни кревети со нормална големина, мебел, телевизор и клима уред. Од собата се излегува на пространа тераса опремена со тенда и со пластична маса и столчиња која има поглед во дворот на вилата. Купатилото е со нормална големина, има прозорец и издвоен дел за туширање.

 

 

ИЗГЛЕДАЈТЕ ГО ВИДЕОТО  ОД ПРЕУБАВИОТ ЈЕРИСОС

 

 

КЛИКНЕТЕ ОВДЕ ЗА ЛОКАЦИЈАТА