Вила Амели-Leptokarija-STB 2023

Share on facebook
Лептокарија (село од лешник) се наоѓа во подножјето на планината Олимп, на околу 100 км од Солун. Се смета за едно од најубавите одморалишта во Грција.  Шеталиштето, топлото море и прекрасната песочна плажа се само дел од привлечностите на Лептокарија.  Местото е идеално за семејства со деца, за оние кои сакаат вистински одмор, и за млади кои сакаат добра забава. Многу продавници, таверни, кафулиња, ресторани, бутици и летна врева се печат на Лептокарија. Местото има многу игралишта, забавни паркови, како и огромен парк со детски активности, крлешки…. Секоја вечер кружат два воза низ Лептокарија, кои по релативно ниски цени ги носат туристите на обиколка. Главната улица е исто така главното шеталиштето каде има многу кафулиња, ресторани. За оние кои бараат и забава, има дискотеки и барови покрај плажата…  Цените се многу пониски од другите одморалишта.  Кафулињата и рестораните ги нудат своите специјалитети по многу пониски цени.  Сепак најевтин е пазарниот ден во вторник, каде освен свежо овошје и зеленчук…. Добра патна мрежа, ја поврзува Лептокарија со сите околни места што можете да ги посетите. Местото има сè што му треба на еден град. Лептокарија е едно од ретките одморалишта каде можете да пиете вода од чешма. Интересно е што ноќе нема горштини како во други места бидејќи има влијание планината Олимп. Градската плажа е долга околу 5 км и има Сино знаме, што зборува за чистотата и квалитетот на водата. Со нарачан пијалок во кое било од многуте кафулиња, туристите добиваат чадор и лежалка.. Плажата Скотинас се наоѓа на 5 км од Лептокарија и е особено интересна за семејства со деца. Молос плажата е на околу 2 км од одморалиштето. Има спортски терени каде исто можете да се забавувате, играте….. Вила Амели се наоѓаво централниот на 150 метри од плажа. Во понудата на вила Амели се двокреветни и трикреветни студија. Сите студија имаат основно опремена кујна, тоалет, тераса, телевизор, клима уред ( со доплата ).

Соби

Бр. 3 – приземје, 1/3 соба  (1 брачен + 1 единечен) Бр. 4 – прв спрат,  1/3 соба (1 брачен + 1 единечен) Check in:      14:00h. Check out:    10:00h.   ВАЖНA НАПОМЕНА:  За хигиената на студиата се грижат самите гостии. Секоја штета напрвена од страна на гостинот се плака на лице место. Студијата не поседуваат крпи, тоалетна хартија, средства за хигиенаи, паркинг. За брзината на интернетот не гарантира агенцијата.

ЦЕНОВНИК

Цена за НАЕМ на студио/апартман за 8 дена 7 ноќевања

термини ноќи студио 1/2 студио 1/3 студио 1/4
20.05-27.05 7 59 79 89
27.05-03.06 7 69 89 99
03.06-10.06 7 109 119 129
10.06-17.06 7 139 149 159
17.06-24.06 7 179 189 199
24.06-01.07 7 209 229 239
01.07-08.07 7 249 259 269
08.07-15.07 7 269 279 289
15.07-22.07 7 279 289 299
22.07-29.07 7 309 319 329
29.07-05.08 7 309 319 329
05.08-12.08 7 309 319 329
12.08-19.08 7 309 319 329
19.08-26.08 7 299 309 319
26.08-02.09 7 269 289 299
02.09-09.09 7 219 239 249
09.09-16.09 7 179 199 209
16.09-23.09 7 139 159 169
23.09-30.09 7 89 99 109
Цени во € се плаќа во денари 1€ = 62 денари

Во ценате Е вклучено:

  • 7 ноќевања во студио
  • Безжичен интернет

Во ценате НЕ Е вклучено:

  • Превоз
  • Патничко осигурување
  • Доплата за клима уред  € на ден ( се плаќа во вилата )
  • Туристичка такса 0,50 центи на ден за соба (се плаќа во објектот)
Едно дете до 6 години може да користи заеднички кревет, бесплатно. Цените обележани со портокалово се промо цени На промо цените и цени за рана резервација НЕ следува попуст

ПРЕВОЗ

Информации; цени, време на поаѓање, места на поаѓање до ПИЕРИА секоја САБОТА:
Цена по ЛИЦЕ за ПРЕВОЗ од Скопје за Пиериа време на поаѓање цена
Скопје – Дрводекор 04:00 45 €
Велес – БП мотел Македонија 04:30 45 €
Штип – паркинг пред пошта, трансфер до Велес 03:40 60 €
Неготино – бензинска, Неготино 05:00 45 €
Граничен премин – бензинска Шимов 06:00 45 €
Деца од 2 до 11,99 години: попуст -10 € од редовната цена Деца до 1,99 години бесплатно
Цена по ЛИЦЕ за ПРЕВОЗ од Битола за Пиериа време на поаѓање цена
Битола – Автобуска станица Транскоп – на перон 04:00 40 €
Прилеп – БП Селида,  трансфер до Битола 03:15 40 €
Струга – Хотел Дрим, трансфер до Битола 02:15 50 €
Кичево – БП Пуцко Петрол, трансфер до Битола 02:45 55 €
Охрид – БП Лук Оил излез кон Битола, трансфер до Битола 02:30 50 €
Ресен – спроти автобуска станица, трансфер до Битола 03:15 50 €
Деца од 2 до 11,99 години: попуст -10 € од редовната цена Деца до 1,99 години бесплатно

ЧАС И МЕСТО НА ПОАЃАЊЕ ОД ГРЦИЈА

локално (грчко)  време македонско време летовалиште
14;00 13;00 Лептокарија
Релациите кои се наведени како (трансфер во МКД) се реализираат со патнички возила или комбe ПИКНИК ТРАВЕЛ го задржува правото за промена на цената на автобускиот превоз во во случај на донесување на законски мерки за дозволена исполнетост на автобусите со 50 или 70%

Услови:  

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.

 Отказ на резервации:  

  • За отказ на резервација важат опшите услови , односно:
  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
  • Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација
  • Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

Приговори и поплаки:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм. 

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. ПикникТРАВЕЛ