Спа во Лутра за 8 ми Декември - ВТ -

Share on facebook

СПА ВО ЛУТРА ЗА 8 –ми Декември

Термин – 08.12-10.12.2022

08.12.2022 –Скопје – Полихроно

Состанок на групата во     05:00  часот на паркингот пред Хотел Вип.Поаѓање  кон Солун и пристигнување во утринските часови . Организирана  посета на Цркавата   Св.Димитрија Солунски – светец заштитник на градот Солун .По посетата слободно време за шопинг и кафе по најпознатата улица Виа Иганција и уживање во предновогодишата и божиќна атамосфера низ градот . Во договорено време поаѓање за Полихроно . Сместување во Вила PINE RESORT , оценета  на booking  со 9,4 или во Вила Михаела .  Слободно време за прошетка низ Полихроно . Ноќевање .

09.12.2022   Полихроно – Лутра

Во договорено време  поаѓање кон спа центарот Лутра- Агија Параскеви  , позната по својата термална бања  чии третмани лечат болески на коските и мускулите , можете да уживате во хидромасажи  третмани за тело  и пливање во внатрешен и надворешен базен со температува од 34-36 степени . Во вечерните часови ве покануваме на дружба со домакините на вилата со мала закуска и традиционалното Узо или Ципуро и секако музика за  расположение и паметење на ова наше убаво дружење .Ноќевање .

10.12.2022 – Неа Фокеа – Скопје

Во договор со групата   заминуваме кон Неа Фокеа и посета на најпознатата црква  Св. Апостол Павле  – скриена во карпа.Многу икони и подароци на верници  е првата слика што ке ја видите  кога ке влезете во ова светилиште , но без разлика дали сте верник или не нема да останете рамнодушни а да  не влезете  низ тесните скали , низ тесниот коридор каде што има света вода  што може да се напиете и да си наполните за здравје , а до таму може да стигнете само со клекнување и поминување низ карпата .Доколку ни дозволува времето можност за кафе пауза Афитос  во еден од најпознаите кафе барови и во договорено време поаѓање кон Скопје .Пристигнување во Скопје во вечерните часови .

                        Цена по лице –   69 €  сместување во вила Михаела

                            Цена по лице  –  79 € сместување во Pine Resort

Во цената се вклучени следните услуги :

  • Превоз со туристички автобус на  наведената релација
  • 2 ноќевања во Полихроно во одбрана вила
  • Сместувањето е во двокреветни и трокреветни апп
  • Организација на патувањто и туристички придружник
  • Дете од 2-12 год. со двајца возрасни  плаќа  70 % од цената за возрасен
  • Дете до 2 год бесплатно и без седиште во автобус

Во цената не се вклучени следните услуги :

  • Туристичка такса 1 € од ден се плака во агенција
  • Влезница во спа Центарот – 8€ – опционално
  • Патничко осигурување

ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ:

 

  • Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост патувањето 2 дена пред да започне истото.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за подолгите задржувања на граница и гужвите во сообраќајот кои претходно неможат да бидат предвидени.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за временските услови во текот на патувањето како и во местото за посета. 
  • Организаторот на патувањето го задржува правото да задржи 90% од вкупната уплатена сума доколку патникот го откаже патувањето до 2 дена пред поаѓање.
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува материјална штета доколку патната исправа е  истечена или заборавена.
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува штета за изгубен багаж.
  • Примателот на услугата е должен да ги почитува правилата издадени од страна на возачот и водичот за однесувањето во автобусот.
  • Организаторот на патувањето не одговара за доцнењето на патниците, и не е  должен да ги чека истите.

Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови за патување на Пикник Травел