ВИЛА ЈANIS - Неа Врасна - вт - ЛЕТО 2024

Share on facebook

Неа Врасна се наоѓа помеѓу Ставрос и Аспровалта , во прекрасен залив со песочна плажа долга 5 километри и истото претставува идеално место за одмор на целото семејство.

И ова Лето 2024 во нашата понуда ја имаме  Вила Јанис се наоѓа на 50 метри од прекрасната песочна плажа во Неа Врасна. Вилата располага со четири четворокреветни студија. Сите соби имаат комплетно опремени кујни и купатила. Користењето на климата не се доплаќа.

Early Booking попустите се следниве :

12% ПОПУСТ ЗА УПЛАТА НА 100% ОД ЦЕНАТА ДО 31.12.2023

10% ПОПУСТ ЗА УПЛАТА НА 100 % ОД ЦЕНАТА ДО 01.03.2024

5 % ПОПУСТ ЗА УПЛАТА НА 100 % ОД ЦЕНАТА ДО 01.04.2024

– пакет аранжманите изразени со * во ценовникот (мај,јуни и семптември), не подлежат на попуст за рана резервација!

ТЕРМИН НОЌИ Јанис        1/4 студио
19.05 7 * 119
26.05 7 * 139
02.06 7 * 159
09.06 7 299
16.06 7 309
23.06 7 349
30.06 7 409
07.07 7 429
14.07 7 429
21.07 7 429
28.07 7 429
04.08 7 429
11.08 7 429
18.08 7 429
25.08 7 409
01.09 7 339
08.09 7 * 159
       15.09 7 * 139
       22.09 7 * 119

 

НАПОМЕНИ

Цените означени со звездичка во табелата се пакет аранжмани по лице за 7 ноќи со вклучен автобуски превоз

Останатите цени за дадените смени се однесуваат за наем на студио за 7 ноќи

Зa пакет аранжман во студио потребни се минимум 2 лица , трето и четврто лице се сместуваат бесплатно , доплаќаат само превоз доколку користат.

 

 

ДОПЛАТА ЗА ПРЕВОЗ:

45 € за возрасни – повратна карта

35 € за возрасни или деца – карта во еден правец

35 € за деца до 12 години – повратна карта;

Деца до 02 години бесплатно – не користи седиште

 

 

НАПОМЕНИ

  • Тргнувањето од Скопје е во 5 часот наутро  (за сите промени патниците ќе бидат навремено информирани) а состанок на групата е 30 мин. пред времето за поаѓање . Тргнувањето од Грција кон Македонија е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.
    • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
    • За сигурна резервација се прифаќа исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 15 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.
    • При правење на резервација на одбраниот објект, ве молиме да приложите копии од пасоши на сите патници кои ќе престојуваат во истиот.
    • Преземањето на собите е во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин. Љубезно молиме да се почитуваме и ова правило.
    • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
    • Сликите кои се објавени на нашата веб-страница се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените освен ако таа не е напишана во Договорот за патување. Нашата веб-страница е од информативен карактер.
    • Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.
    • Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација (координати и контакт) на сместувачките капацитети во нашите канцеларии.
    • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
    • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
    • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци, без доплата на клима-уред, интернет и слично, за евентуална промена агенцијата ќе ги информира своите клиенти според меѓусебно потпишаниот договор со партнерите.
    • Туристичката такса која од лето 2024 година изнесува 1,5 евро на ден од студио  се плаќа во агенција , во дуплекс апартман се плаќа 3 евра од ден .
    • Агенцијата не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
    • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
  • Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи (важност најмалку 3 месеци од денот на враќање) и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во  самата агенција.

Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Пикник травел“ и на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата