Villa Natalia - Неи Пори- MGN leto 2023

Share on facebook

ВИЛА НАТАЛИЈА се наоѓа на 200 метри од плажа. Распoлага со четири трокреветни студија, лоцирани на приземје и прв кат. Секое студио има балкон, комплет опремена кујна со фрижидер, бања, ТВ, клима (се доплаќа 5 евра на ден) и Wi-Fi.
Студио број 0 се наоѓа на приземје (спална и еден единечен кревет), поглед кон двор.
Студио број 6 се наоѓа на прв кат 
(спална и еден единечен кревет), поглед кон шума.
Студио број 7а се наоѓа на прв кат (спална и еден единечен кревет), поглед кон главна улица и шума.
Студио број 7б се наоѓа на прв кат (спална и еден единечен кревет), поглед кон главна улица и шума.

Термин

Ноќевања

1/3 СТД

21.05 7 ноќи

150 

28.05 7 ноќи

200 

04.06 7 ноќи

230 €

11.06 7 ноќи

310 €

18.06 7 ноќи

350 €

25.06 7 ноќи

360 

02.07 7 ноќи

390 

09.07 7 ноќи

430 

16.07 7 ноќи

470 

23.07 7 ноќи

470 

30.07 7 ноќи

470 

06.08 ноќи

470 

13.08 7 ноќи

470 €

20.08 7 ноќи

430 

27.08 7 ноќи      360 €
03.09 7 ноќи

330 €

10.09 7 ноќи

240 €

17.09 7 ноќи

180 €

24.09 7 ноќи

150 €

 

 

 

 

НАПОМЕНИ:

ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања.

Доплата за туристичка такса 0,50 евра по студио/апартман на ден, се плаќа во канцеларија.

Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд). 

За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.

Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.

Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.

Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.

Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над  дозволениот број, може, на  дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.

Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.

Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.

Превземање на собите е по 14 часот – локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.

По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

Во цената на аранжманот каде што е вклучено  користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.

Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.

Секој патник  има  обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

Во услови на Ковид 19, превозот ќе се организира и реализира согласно актуелните мерки и протоколи за вршење на внатрешен и меѓународен превоз. За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно. При влез во автобус задолжително е мерење на телесна температура на секој од патниците, во случај на покачена телесна температура лицето нема да може да патува согласно протоколите и препораките за меѓународен сообраќај. За време на патувањето во автобус задолжително е носење заштитна маска со која се покрива устата и носот. Патниците за време на патувањето се должни да ги почитуваат во целост актуелните мерки за претпазливост и безбедност како и инструкциите од пратителот на патувањето.

Протокол за влез во Грција / Македонија:

Негативен PCR или негативен Брз антиген тест, или потврда за вакцинација од Covid-19 (14 дена по примена втора доза од вакцината) или сертификат за прележан Covid-19 (можно е патување по 1 месец од потврдената инфекција, но, максимум до 6 месеци од датумот на тестирање. Патниците кои патуваат со свое возило треба да го пополнат онлајн дигиталниот формулар за локализација на патниците https://travel.gov.gr/#/

Цена за превоз:

Превоз за возрасен 45€ / Еден правец 35€

деца до 12 години 35€ / Еден правец 30€.

Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно

Место и време на поаѓање:

Скопје 04.00 ч. Холидеј Ин

Велес 04.30 ч. бензинска пумпа Мак Оил (Мотел Македонија)

Неготино 05.00 ч. бензинска пумпа Макпетрол

Смоквица 05.30 ч. бензинска пумпа BWO петрол

Гевгелија 06.00 ч. бензинска пумпа Шимов или граничен премин

Датумот во табелата е термин на тргнување, состанок на група половина час пред наведеното време. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Патникот е должен минмум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање  да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.