ВИЛА Marias House - Никити - аткк - ЛЕТО 2024
Никити се наоѓа на северниот дел на полуостровот Ситонија помеѓу Метаморфозис и Неос Мармарас и ги разделува двата полуострови Касандра и Ситонија. Во последните неколку години ова е едно од најбараните туристички места на Халкидики. Има долга песочна плажа и кристално чиста морска вода, а на прекрасно уреденото шеталиште покрај градската плажа се наоѓаат изобилство кафе барови, ресторани и таверни. Во градот има се` што е потребно за пријатен одмор: три големи супермаркети: (Lidl, Masutis и Marinopoulos), мини маркети, месари, пекари, слатарници, лекар, аптека. Вилата „Maria`s house“ се наоѓа во централниот дел на Никити, на само 20 метри од плажата. Располагаме со четирикреветен и петкреветен апартман на прв спрат кои имаат поглед на улица и страничен поглед од терасите кон морето. Сместувачките капацитети се опремени со модерен мебел, мини кујни, телевизори и клима уреди чие користење е вклучено во цената. Не е дозволено да го оставате вклучен клима уредот доколку не сте во апартманот. Во спротивно сопственикот на вилата има право да го исклучи. Терасите се заштитени со тенди. Сместувачките капацитети се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Вилата нема паркинг простор.
-10 % Попуст за целосна уплата заклучно со 25.01.2024
Вила “Maria’s House” – Никити | |||
Смена: | Ноќевања: | 1/2+2 апартман | 1/5 апартман |
20.05-30.05.2024 | 10 | 370€ | 520€ |
30.05-09.06.2024 | 10 | 470€ | 620€ |
09.06-19.06.2024 | 10 | 620€ | 820€ |
19.06-29.06.2024 | 10 | 720€ | 920€ |
29.06-09.07-2024 | 10 | 770€ | 970€ |
09.07-19.07.2024 | 10 | 820€ | 1050€ |
19.07-29.07.2024 | 10 | 820€ | 1050€ |
29.07-08.08.2024 | 10 | 820€ | 1050€ |
08.08-18.08.2024 | 10 | 820€ | 1050€ |
18.08-28.08.2024 | 10 | 820€ | 1050€ |
28.08-07.09.2024 | 10 | 770€ | 970€ |
07.09-17.09.2024 | 10 | 720€ | 920€ |
17.09-27.09.2024 | 10 | 520€ | 720€ |
27.09-01.10.2024 | 4 | 180€ | 220€ |
– Цените во табелата се однесуваат за наем на цел апартман за 10 ноќевања без вклучен превоз (последната смена е на 4 ноќевања)
– Туристичката агенција има право да ги продаде преостанатите капацитети по last minute понуда. Патникот нема право да бара рефундација доколку има разлика во цената
– Доколку патникот го откаже аранжманот кој го уплатил по early booking цена, се применуваат општите условите за отказ согласно потпишаниот договор за патување. Патникот не може да го користи истиот попуст за следен термин
– Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
– Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите се напуштаат последниот ден во 09.00 часот по локално време
– Доплата за туристичка такса во Грција-1,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)
– Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс 62 денари
– Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Неа Флогита-Никити-Неос Мармарас
– Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции
– Цена на повратен билет –50 евра; деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 години-40 евра…Цена за билет во еден правец 40 евра; деца од 2-12 години- 35 евра. Распоредот на седење во автобусот е според датумот на уплатата.
Напомена: Патниците се оставаат до најблиската локација до каде има пристап за превозното средство. Секој патник самостојно го пренесува својот багаж од автобусот до сместувачките капацитети. Багажот е ограничен на еден голем куфер и една мала патна торба по патник.
Апартман бр.1
Трокреветен апартман на прв спрат од вилата. Во првата просторија има голема трепезариска маса и тука се сместени елементите од кујната (електричен шпорет со рерна, аспиратор, голем фрижидер со комора, основни садови за готвење и јадење). Од оваа просторија се продолжува во друга која не е одделена со врата. Тука има еден единечен кревет, мебел, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Од оваа просторија се излегува на терасата која е долга и тесна, заштитена е со тенда и има страничен поглед на море и директен поглед на улица. Од оваа просторија се влегува во спална соба која е издвоена со врата. Опремена е со еден дупли кревет и има прозор. Купатилото е со нормална големина.
Апартман бр.2
Петкреветен апартман на прв спрат од вилата. Првата просторија е голема. Во неа има еден единечен кревет, а од истата просторија се влегува во издвоен дел каде има голема трепезариска маса и тука се сместени елементите од кујната (мини електричен шпорет со рерна, голем фрижидер со комора, основни садови за готвење и јадење). Просторијата има прозор. Од првата просторија се влегува до две посебни спални соби издвоени со врати. Тука има по еден дупли кревет, мебел, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Терасата е долга и тесна, заштитена е со тенда и има страничен поглед на море и директен поглед на улица. Купатилото е со нормална големина.
Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Пикник травел“ и на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.
SIMILAR OFFERS
-
Лето 2024 вкупно
ВИЛА ELEFTERIA – Олимпик бич – св – ЛЕТО 2024
-
Лето 2024 вкупно
ВИЛА PENNY – Ханиоти – св – ЛЕТО 2024
-
Uncategorized
ВИЛА GREGORI – Ханиоти – св – ЛЕТО 2024
-
Uncategorized
ВИЛА DIMITRA – Никити – атк – ЛЕТО 2025