Семејна авантура - Hotel Sunrise 4* - hol

Share on facebook

Скијањето во Банско е совршено за семејства кои бараат активен и забавен зимски одмор! Придружете се  и уживајте во скијање, зимски спортови и дружење во семејна атмосфера. Искористете ја можноста да скијате на врвните патеки на најпознатиот скијачки центар во Бугарија, сместен во прекрасната планина Пирин.

Со Picnic Travel, вашето патување ќе биде исполнето со одлична организација, многу забава и незаборавни моменти.

Патувањето е уникатно по тоа што нудиме ски часови за деца од 7 до 15 години под водство на професионални инструктори. Родителите можат да се релаксираат, да уживаат во спа или да скијаат, додека искусни инструктори целосно се грижат за вашите деца.

Создадете убави семејни спомени и не пропуштајте ја оваа уникатна можност за незаборавен зимски одмор во Банско!

Еден одмор – милион спомени!

Датум: 13.01.2025 – 18.01.2025
Времетраење:  5 ноќевања
Дестинација: Банско, Бугарија
Транспорт: Сопствен / Можност за организиран превоз
Цена: 260 еур

13.01.2025

07:30 Поаѓање
15:00 Пристигнување и сместување во Хотел
18:00 Состанок со одговорно лице од агенцијата и појаснување на ски програмата за децата
19:00 Вечера во хотел

14.01 – 17.01.2025

08:00 Доручек
09:30 Превземање на децата за скијање
12:00 Тргнување со почетници за скијање
12:30 **Почетниците скијаат само 2,5-3 часа на ден. (Средно и напредно ниво на деца скијаат цел ден со инструктор)
15:30 Собир со сите и поаѓање кон хотелот
18:30 Вечера
20:00 Вклучена вечерна анимација за деца
10:30 Ноќевање во хотел

18.01.2025

08:00 Појадок
09:30 Напуштање на соби
10:00 Поаѓање за Македонија
Деталната програма ќе ви биде дадена 1 месец пред почетокот на кампот. Организаторот го задржува правото на какви било промени во програмата, а учесниците ќе бидат навреме известени. Со пријавувањето потврдувате дека ги прифаќате сите услови!

Семејни пакети за Хотел Sunrise 4* – Банско

  • Семејни пакети (13.01-18.01.2025) – HB (Полупансион)
  • Возрасен во студио: 260 ЕУР
  • Возрасен во едноспален апартман: 275 ЕУР
  • Дете – 0 – 4,99 години = БЕСПЛАТНО (Не е вклучено во програмата)
  • Дете – 5 – 7,99 години = 145 ЕУР – Вклучена попладневна анимација (4 часа)
  • 1 дете – 7 – 11,99 години = 299 ЕУР (Цената вклучува ски инструктор, анимација и опрема за скијање)
  • Второ дете – 7 – 11,99 години = 245 евра (Цената вклучува ски инструктор, анимација и опрема за скијање)
  • Дете од 12 – 17,99 години = 299 ЕУР (Во цената е вклучен ски инструктор, анимација и опрема за скијање)
  • Инструкторите работат во група со деца на исто ниво (почетно, средно и напредно ниво)
  • Работа на средно и напредно ниво цел ден од 08:30 до 16:00 часот
  • Почетниците работат околу 3 часа (во различни периоди од денот)

Во цената е вклучено:

  • 5 ноќевања во хотел со 4* со два оброка на ден (појадок и вечера – шведска маса)
  • Ски инструктори за децата
  • Трансфер до гондола
  • Спа центар во склоп на хотелот
  • Професионален водич од агенцијата

Во цената не е вклучено:

  • Превоз до Банско (повратен билет 50 евра)
  • Ски карта
  • Ски опрема
  • Патничко осигурување

Важна забелешка:

  • Пасошот мора да важи најмалку 90 дена од влегувањето во земјата од Шенген зоната
  • Секој патник мора да има важечко патничко осигурување
  • Потребен е депозит од 30% за да биде валидна резервацијата
  • Плаќањата во денари ќе се пресметуваат по курс од 1 евро = 62 денари.
  • Докторот достапен 24 часа
  • Часовите за почетници траат од 2,5 до 3 часа