Општи услови

Share on facebook

ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ p

Во цената се опфатени само условите наведени во програмата, Организаторот, го задржува правото да ги зголеми цените на аранжманот и да бара доплата од патникот доколку настанат промени на цените на хотелските услуги, промени на тарифата на превозот и/или промени на курсот на пазарот.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ПРЕСМЕТАНО СЛЕДНОТО

Трошоците кој патникот ќе ги направи самиот/ телефонски разговори / собен сервис пијалок и храна кои не се предвидени во програмата, трошоци за носење на багажот, трошоци за факултативни излети, како и аеродромски такси кои не се предвидени во програмата.

РЕЗЕРВАЦИЈА-УПИС

При резервација странката уплака 30% од вредноста на аранжманот, остатокот се уплака најдоцна 20 дена пред погање.

ОТКАЗИ

Патникот има право да го откаже патувањето, за што е должен писмено да го извести организаторот. Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметување на надокнадата која ја задржува организаторот, изразена процентуално во однос на вкупната цена на патувањето, и тоа:

  • 50% од цената на чинење за отказ до 30 дена пред патувањето.
  • 60% од цената на чинење за отказ 29-15 дена пред патувањето.
  • 80% од цената на чинење за отказ 14-8 дена пред патувањето.
  • 90% од цената на чинење за отказ 7-1 ден пред патувањето.
  • 100% од цената на чинење за отказ на денот на патувањето.

 

ОДГОВОРНОСТ НА ОРГАНИЗАТОРОT

Организаторот изречито изјавува дека не превземе одговорност за штети кои би можеле да настанат со измена на програмата настанати поради виша сила, вклучувајки, но не орграничувајки се на: природни катастрофи, граѓански немири, воена акција, и други околности кои се надвор од контролата на организаторот. Организаторот го задржува правото да го откаже или одложи патувањето во случај на недоволен минимален број на патници предвиден според програмата, најдоцна 7 дена пред предвиденото погање. За ова организаторот ќе го извести патникот. Во случај на откажување на патувањето, организаторот во целост ќе му ја врати уплатата на патникот, а најдоцна во рок од 8 дена од отказот. Во случај на откажување или одложување на патувањето, патникот не може да бара никакво дополнително обештетување од организаторот. Организаторот, од оправдани причини делумно може да ја измени програмата, за што за тоа ќе го извести патникот најмалку 7 дена пред предвиденото погање. Доколку поради измените на програмата патникот одлучи да се откаже од патувањето, организаторот се оврзува дека ќе му ја врати во целост уплатената сума во рок од 8 дена. Организаторот може, од оправдани причини да изврши промена на договореното сместување во објект од иста или повисока категорија (на своја сметка). Доколку замената е за пониска категорија, организаторот, ќе го обештети патникот во износ од стварната разлика во цената помегу двете сместувања.

ПАТНИ ИСПРАВИ

Секој патник е должен да внимава и обезбеди валиден пасош за патување во странство, согласно барањата на државата во која се патува. Организаторот не превзема никаква одговорност доколку пасошот на патникот е неисправен или доколку патникот го изгуби својот пасош. Организаторот на патувањето неможе и не превзема никаква одговорност доколку дипломатско-конзуларното претставништво го одбие издавањето на виза или доколку емиграционото одделение на странската земја во која се патува не одобри влез во истата. Сите евентуални трошоци/штети поради немање исправна патна документација или одлуки на домашни или странски државни органи за влез/излез во/од држава ги сноси самиот патник.

БАГАЖ

Во случај на оштетување или губење на багажот, патникот е должен барањето за надокнада и обештетување да го поднесе директно во авио-компанијата или дирекцијата на хотелот, или агенцијата која го врши автобускиот превоз, во зависност каде е багажот изгубен. Организаторот, доколку може, ќе пружи помош преку претставник на агенцијата, но не може и не презема одговорност за оштетување или губење на багаж на патникот. .

СМЕСТУВАЊЕ ВО СОБИ И АПАРТМАНИ

Доколу патникот-закупувач не договорил соба/апартман со посебни карактеристики, ќе прифати било која официјално регистрирана соба/апартман за сместување во договорениот објект, опишана во каталогот и ценовникот. Доколку е можно, организаторот ќе се обиде да одговори на дополнителните барања на патникот (комфор, ориентација на собата, кат и слично) но, не може да гарантира исполнување на таквото барање. Вообичаеното сместување во собите е од 14:00 часот, а напуштањето на собите е до 10:00 часот (доколку во куќниот ред не е поинаку назначено).

РЕКЛАМАЦИИ

Сите рекламации патникот е должен да ги направи на лице место со писмена изјава, односно во присмена форма, на водичот/ организаторот на патувањето. По враќањето од патувањето, доколку постојат рекламации, патникот е должен најмногу во рок од 8 дена, писмено да се обрати до организаторот на патувањето. Рекламациите кои ќе бидат примени подоцна и кои не ги исполнуваат горенаведените услови нема да се земат во предвид од страна на организаторот.

РЕШАВАЊЕ НА ПРИГОВОРИ

Постапка за поднесување приговор:

– Веднаш, на самото место, патникот ја рекламира евентуалната неадкватна услуга или проблем, кај претставникот на организаторот или кај извршителот на услугите. Патникот е должен да соработува со претставникот и со извршителот на услугите во добра намера за да се одстранат причините за приговорот.
Доколку патникот на самото место, не го прифати понуденото решение на рекламацијата кое одговара на уплатената услуга, организаторот нема да ја уважи дополнителната рекламација на патникот и нема да одговори на истата.

– Ако причината за рекламација не биде отстранета, патникот за тоа, со претставникот составува писмена потврда (записник).

– Најдоцна 8 дена по завршувањето на аранжманот, патникот поднесува писмен приговор во продажното место каде што го уплатил аранжманот, и ја приложува писмената потврда (записникот) потпишана од претставникот, како и евентуалните сметки за дополнителни трошоци. Организаторот ќе ги прими во процедура само потполно документираните приговори поднесени во наведениот рок од 8 дена.

 

– Организаторот е должен да донесе писмено решение во рок од 14 дена од приемот на приговорот во продажното место. Организаторот може да го одложи рокот на решението на приговорот, заради комплетирање на информациите и проверка на наведените рекламации кај извршителот на услугите. Организаторот ќе ги решава само оние рекламации за кои во местото на одмор не можеле да бидат одстранети причините кои ги предизвикале.

– Додека организаторот не донесе решение по приговорот, патникот се откажува од посредување на било кое друго лице, судска постапка или давање информации во јавните медиуми. Евентуалното непридржување на купувачот-патникот кон истата, или пак нарушување на отпочнатата постапка со било каква активност спомената или не, дава причина за неприфаќање на приговорот, прекинување на отпочнатата постапка и воедно поднесување на тужба пред надлежните органи од страна на организаторот, за наплата на претрпената штета за нарушен углед во јавноста.

– Највисокиот надомест по приговорот може да достигне сума до износот на рекламираниот дел од услугите, но, таа не може да ги вклучува веќе искористените услуги како и севкупниот износ на аранжманот. Со ова се исклучува правото на купувачот за наплата на “идеална штета”.

 

ВАЖНИ НАПОМЕНИ

Согласно угостителските правила гостинот има право да ја користи собата од 14.00 часот на денот на пристигнувањето, и најдоцна до 10.00 часот на денот на заминување. Во случај да не се одјави собата до 10.00 часот, хотелот наплаќа трошоци за уште еден ден. Доколку патникот од било кои причини сам го прекине патувањето, против-вредноста на неискористените услуги не се рефундира.Хотелот е должен да ги пружи само оние угостителски услуги кои се наведени во ваучерот. Ваучерот е важечки само доколку гласи на име на доносителот. Во случај на болест во текот на користењето на аранажманот трошоците за лечење или евентуалните лекарски интервенции ги сноси патникот По враќање во земјата трошоците за лекување можат да се надокнадат со соодветна документација, доколку со таа земја е склучен договор за здравствено осигурување