Нова Година 2025 БУКУРЕШТ – св
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 4 дена / 2 ноќевања со појадок
29. Декември (недела) СКОПЈЕ – БУКУРЕШТ
Состанок на паркингот пред СЦ “Борис Трајковски” во 18:30 часот. Поаѓање за Романија во 19:00 часот. Ноќно возење преку Бугарија со попатни паузи за одмор.
30. Декември (понеделник) БУКУРЕШТ
Пристигнување во Букурешт во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот со локален водич. Главниот град на Романија е познат уште и како „Мал Париз на Истокот“ заради своите монументи: Плоштадот на револуцијата, Операта, Војничката Академија, Триумфалната Капија, Палатата на Парламентот – најголемата административна зграда во Европа, Патријаршијата, Селото Музеј… Сместување во хотел. Навечер, факултативна вечера во традиционален ресторан. Ноќевање.
31. Декември (вторник) БУКУРЕШТ – СИНАЈА – БРАН – БРАШОВ
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности или факултативна екскурзија (Синаја, Бран и Брашов). Посета на градините на дворецот Пелеш во Синаја, еден од најубавите дворци во Европа, некогашна летна резиденција на романските кралеви. Продолжуваме кон Замокот Бран, познат уште како Замокот на Дракула. Изграден уште во XIV век, тука во 1462г. бил затворен Дракула. Патувањето продолжува кон градот Брашов, лоциран во централниот дел на земјата, во регионот Трансилванија. Градот е вистински музеј на отворено. Разглед на стариот градски центар во кој се наоѓа и познатата Црна Црква од XIVвек, најголемата готска црква во југоисточна Европа. Враќање во хотел во вечерните часови. Вечерта можност за дочек на Новата 2025 година на некои од плоштадите во градот. Ноќевање.
01. Јануари (среда) БУКУРЕШТ– СНАГОВ – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотелот. Посета на езерото Снагов и истоимениот остров, на кој се наоѓа манастирот со гробот на Дракула. Се верува дека местото е полно со тајни и мистерии. Слободно време до заминување за Скопје, во попладневните часови. Ноќно возење преку Бугарија, со попатни паузи за одмор. Пристигнување во Скопје следниот ден во раните утрински часови.
Цена на аранжманот: 149 €
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со туристички автобус на наведената релација
– Сместување во хотел Rin Central **** на база 2 ноќевања со појадок
– Организирани разгледи согласно програмата
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Туристичка такса, наплата на рецепција во хотел
– Влезници за музеите и културно-историските споменици (Peles Castle – околу 11€ /Bran Castle – околу 14€ по лице)
– Факултативна вечера во национален ресторан
– Факултативен разглед на Синаја, Бран и Брашов (40 € не се вклучени влезници)
– Патничко здравствено осигурување
– Доплата за еднокреветна соба (80 €)
НАПОМЕНИ:
– Патниците се запознаени со новата регулатива за важност на патните документи на РСМ од 12.02.2024
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници.
– Цената е изразена по лице за пакет аранжман во двокреветна соба.
– За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош, со важност најмалку уште 3 месеци.
– Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување.
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А. Пикник Травел.