ДУБАИ – ЈУНИ – 8 ДЕНА 2023
Дубаи најголемиот и најнаселен град во Обединетите Арапски Емирати. Се наоѓа на југоисточниот брег на Персискиот Залив и е главен град на истоимениот емират, еден од седумте емирати што ја сочинуваат земјата.Дубаи неодамна го привлече вниманието на светот преку многу иновативни големи градежни проекти и спортски настани. Градот станал иконски поради своите облакодери и високи згради, особено највисоката зграда во светот, Бурџ Калифа.
ТЕРМИН: 01.06-08.06.2023 – 7 НОЌЕВАЊА / 8 ДЕНА
ПРОМО ЦЕНА: 699 ЕУР / 43 340 ДЕН.
01.06.2023 (ЧЕТВРТОК) МАКЕДОНИЈА – СОФИЈА
Состанок на групата во утринските часови на 01.06,2023. Поаѓање со автобус кон аеродромот во Софија Полетување за Абу Даби во 13:35 (локално време), слетување во 19.30 (локално време) Организиран трансфер до хотелот во Дубаи.Сместување во собите. Ноќевање.
02.06-08.06.2023 – ДУБАИ
Хотелско сместување на база појадок..
Во наредните 7 дена ќе имате можност да уживате во убавините на најпопуларниот град во светот. Слободно време за плажа, посета на шопинг центри, индивидуални активности.
Предвидени факлутативни екскрузии за посета со доплата:
-Разглед на Дубаи со локален водич
-Пустинско сафари со вечера
-Екскурзија до Абу Даби (Ferari World, Најголемата џамија во светот, претседателската палата)
-Крстарење по Дубаи марината со екслузивна вечера на брод
-Burj Khalifa – највисоката зграда во светот
-Рамка (The Frame)
08.06.2023 (ЧЕТВРТОК) ДУБАИ-АБУ ДАБИ-СОФИЈА-МАКЕДОНИЈА
Појадок.Организиран трансфер до аеродром во Абу Даби. Авионот полетува во 20:00 (локално време). Пристигување во ноќните часови во Софија. Трансфер до Македонија. Пристигнување во утринските часови.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
Автобуски превоз Македонија-Софија-Македонија
Авионски превоз Софија – Абу Даби – Софија – авио компанија WIZZAIR
Аеродромски такси
Трансфер аеродром-хотел-аеродром
Кабинска тоба со димензии 40х30х20 до 10кг (можност за доплата – дополнителен багаж)
Сместување во хотел на база 7 ноќевањa со појадок во Дубаи
Локален водич за реализација на излетите
Организација на аранжманот и придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Виза за Дубаи 130 евра (со македонски пасош)- за европски пасош – НЕ Е ПОТРЕБНО ВИЗА
Доплата за чекиран багаж – куфер до 10кг – 4.300 мкд/ чекиран багаж – куфер до 20кг – 5.200 мкд
*(цената е променлива, инфо во агенција при резервација)
Патничко – здравствено осигурување
Туристичка такса која се плаќа во хотелот(околу 3 евра, по соба на ноќ, во зависност од категоризацијата на хотелот)
Факултативни излети: Разглед на Дубаи 50-60 евра, Пустинско сафари 60 евра, Екскурзија до Абу Даби 90 евра, Крстарење по Дубаи марина 70 евра, Burj Khalifa124 катвлезница 45 -50 евра , летање со хелихоптер 200 евра, Рамка – THE FRAME – 35 еур
Напомена:
– Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.
– Доплата за еднокреветна соба 9000 мкд
–За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
–Потребни документи за виза: скениран пасош со висока резолуција и слика во JPG формат со бела позадина со големина како за пасош.
– Факултативните излети ги организира локална туристичка агенција, пријавување и плаќање на излетите се прави на лице место.
– Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …
–Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
–Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
–Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
–Патната исправа треба да е валидна минимум 6 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.
SIMILAR OFFERS
-
Uncategorized
Кумбургаз 2023-та Hotel Grand Gold 3*
-
Uncategorized
СОКОБАЊА- 8ми Март 2022 – ЛТ –
-
Uncategorized
ИСТАНБУЛ – 8ми Март 2022 – ЛТ –
-
Uncategorized
ВИЛА MIHALIS – Неа Флогита – атк – ЛЕТО 2024