ВИЛА ЏИНА - Неа Мармарас - стф - ЛЕТО 2024

Share on facebook

Неос Мармарас е најголемото приморско село на полуостровот Халкидики, на вториот крак Ситонија. Тоа е најкосмополитното место на Ситонија и секоја година илјадници туристи го посетуваат и уживаат во прекрасните плажи, прекрасната глетка, природата на околните планини, ноќниот живот и романтичните прошетки по улиците со поглед на малиот остров Келифос.

Вила Ѕина се наоѓа во централниот дел на Неос Мармарас, во близина на црквата, на околу 80 метри од морето и 500 метри од градската плажа. Вилата располага со  двокреветни и трокреветни студија, како и 1/3+1 (со 2 единечни кревети во собата и тросед на преклоп во кујната) и четворокреветни апартмани. Сите соби имаат комплетно опремена кујна, бања, тераса, ТВ, клима уред и WiFi.

20% ПОПУСТ ДО 15.02.2024 НА ЦЕНИТЕ ЗА НАЕМ
РЕЗЕРВАЦИЈА СО
50% УПЛАТА А ОСТАТОКОТ НАЈДОЦНА ДО 01.04.2024

ТЕРМИН НАЕМ 1/2 стд 1/3+1 апп 1/4 апп
26.05 7 ноќи  220 250 280
02.06 7 ноќи 280 320 340
09.06 7 ноќи  360 400  430
16.06 7 ноќи  420  460 490
23.06 7 ноќи  450 490 520
30.06 7 ноќи 480  520 560
07.07 7 ноќи  510  550  580
14.07 7 ноќи  560  600 650
21.07 7 ноќи  560  600  650
28.07 7 ноќи 560  600 650
04.08 7 ноќи 560  600  650
11.08 7 ноќи  560  600  650
18.08 7 ноќи 510 550  560
25.08 7 ноќи 470 500 530
01.09 7 ноќи 410 460 490
08.09 7 ноќи 370  420 460
15.09 7 ноќи 330 370 390
22.09 7 ноќи 300 320 350

 

 

Во цената е вклучено:

  • Наем на апартман за 7 ноќевања/8 дена
  • Wi fi интернет
  • Клима уред

Во цената не е вклучено:

  • Автобуски превоз
  • Туристичка такса  1.5 еур. на ден се плаќа во агенција
  • Здравствено и патничко осигурување

НАПОМЕНИ:

 

ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања.

Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).

За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.

Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.

Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.

Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.

Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над  дозволениот број, може, на  дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.

Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.

Превземање на собите е по 14 часот – локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.

По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

Во цената на аранжманот каде што е вклучено  користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.

Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.

Секој патник  има  обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

 

Цена за превоз:

Превоз за возрасен 45€ / Еден правец 35€

Деца до 11.99 години 35 € / Еден правец 30 €

Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно

Датумот во табелата е термин на тргнување, состанок на група половина час пред наведеното време. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Патникот е должен минмум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање  да се информира за потврда за времето и местото2 на поаѓање.

 

Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Пикник травел“ и на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.