ВИЛА BILIS -Јерисос - имп - ЛЕТО 2025

Share on facebook

40.399927, 23.880494

до 22 % попуст за 50 % уплата заклучно со 03.12.2024 (вторник) и целосна доплата заклучно со 04.01.2025 (сабота)

Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики и е на само 340 км од Скопје. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители има долга, песочна плажа која има ‘сино знаме’ за чистота со кристално чисто море и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулиани (каде се наоѓаат прекрасните плажи Аликес, Мегалиамос и др.). Во близина на местото се и неверојатно убавите и многу познати плажи Комица, Какудиа, Вулица, Ксиропотами итн…

Куќа “Billys” се наоѓа на идеална локација на само 30 метри од прекрасната песочна плажа, на самиот почеток на главното шеталиште, над fast food-caffe ‘Streat’, спроти caffe bar ‘Theatro’. Куќата располага со два апартмани. Користење на клима уредот и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Има паркинг веднаш до вилата како и на 15 метри од вилата во правец на плажата.

Апартман број 1 (1/3+1) – прв кат, со директен поглед море од голема тераса со маса и столови. Апартманот е простран,  има брачен кревет + 1 стандарден кревет на извлекување во спална и стандарден кревет во кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет, маси и столови итн.). Од двете соби се излегува на тераса. Опремен е со малку постар, но квалитетен мебел и сопствен тоалет.

 

Апартман број 2 (1/6) – прв кат, многу простран и голем апартман. Има поглед кон улица од една голема тераса (од кујна)  и страничен поглед море од друга тераса (од спална). Има брачен кревет + 1 стандарден кревет во спална и 2 софи на извлекување во кујна. Опремен е со малку постар, но квалитетен мебел, сопствен тоалет, кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет итн.). И на двете тераси и во кујната има маси и столови.

 

 

 

 

  1. Вонсезонски цени
Термин Ноќевања 1/6 апартман

(бр.2)

задолжително плаќаат 3 лица

1/3+1 апартман

(бр.1) задолжително плаќаат 2лица

25/05-01/06 7 119 159
01/06-08/06 7 139 179
08/06-15/06 7 169 229
15/06-22/06 7 209 269
22/06-29/06 7 219 289

* цена по лице со вклучен превоз

15 % попуст за 50 % уплата заклучно со 03.12.2024  и целосна доплата заклучно со 04.01.2025 

 

  1. Сезонски цени
Термин Ноќевања 1/6 апартман бр. 2 1/3 +1 апартман бр. 1
29/06-06/07 7 659 629
06/07-13/07 7 699 679
13/07-20/07 7 729 709
20/07-27/07 7 729 709
27/07-03/08 7 779 739
03/0810/08 7 779 739
10/0817/08 7 729 709
17/0824/08 7 729 709
24/0831/08 7 719 699

* цена за наем на апартман

22 % попуст за 50 % уплата заклучно со 03.12.2024  и целосна доплата заклучно со 04.01.2025 

 

  1. Вонсезонски цени
Термин Ноќевања 1/6 апартман

(бр.2)

задолжително плаќаат 3 лица

1/3+1 апартман

(бр.1) задолжително плаќаат 2 лица

31/0807/09 7 209 269
07/0914/09 7 169 229
14/0921/09 7 139 169
21/0928/09 7 119 149

* цена по лице со вклучен превоз

15 % попуст за 50 % уплата заклучно со 03.12.2024  и целосна доплата заклучно со 04.01.2025 

 

Напомени и услови:

  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
  • ВО ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ засопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ.
  • Во вонсезонските цени во апартман плаќаат минимум 2 лица или 3 лица | 3-то, 4-то и 5-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, а плаќаат само превоз доколку користат;
  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА апартманЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во истиот, без вклучен превоз, а превозот се доплаќа:
  • Завозрасни 3.100 мкд. (50 евра), еден правец 2.480 мкд. (40 евра)
  • За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра),еден правец 170  мкд. (35евра)
  • Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
  • Во апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
  • Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска против вредност (1евро=62мкд).
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по патна ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 50% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 15 дена пред терминот на поаѓање.
  • Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Туристичкататакса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 1,50 евра на ден по студио/апартман.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Пикник травел НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на климауред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
  • Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Пикник травел“ и на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.