ВИЛА АЛЕКСАНДРА - Неа Врасна - вт - ЛЕТО 2024
Неа Врасна се наоѓа во залвот Strimonikos,карактеристична е по долгата песочна плажа,убавото море,многубројните таверни,ресторани и забавни паркови за најмалите.Мирниот одмор и долгите прошетки до Асправалта или Ставрос се главна карактеристика на ова место за луѓе кој ја сакаат прошетката со долги разговори.На оддалеченост од 60 км од Солун,Неа Врасна е дестинација за фамилијарен опуштен одмор,каде на само неколку стотици метри се наоѓаае познатите маркети Lidl I Masoutis и Diskont маркет .
Вила Александра се наоѓа на 50 метри од прекрасната песочна плажа во Неа Врасна. Вилата располага со двокреветни и четворокреветни студија. Сите соби имаат комплетно опремени кујни и купатила. Користењето на клима е вклучено во цената . Wi-fi – бесплатно.
ТЕРМИН ОД: | НОЌИ | 1/2 Студио
Бр 13 |
1/4 Студио
Бр.6,7,8 Приземје нереновирано |
1/4
Студио БР 1 ново приземје |
1/4
Студио Бр 9 ново 2 кат |
1 /4 апп
Бр 10 Ново 2кат |
09.06 | 7 | 270 | 290 | 340 | 340 | 440 |
16.06 | 7 | 290 | 310 | 380 | 380 | 540 |
23.06 | 7 | 310 | 350 | 380 | 380 | 540 |
30.06 | 7 | 310 | 410 | 380 | 380 | 540 |
07.07 | 7 | 310 | 440 | 400 | 400 | 540 |
14.07 | 7 | 400 | 440 | 510 | 510 | 640 |
21.07 | 7 | 400 | 440 | 510 | 510 | 640 |
28.07 | 7 | 400 | 440 | 510 | 510 | 640 |
04.08 | 7 | 400 | 440 | 510 | 510 | 640 |
11.08 | 7 | 400 | 440 | 510 | 510 | 640 |
18.08 | 7 | 400 | 440 | 510 | 510 | 640 |
25.08 | 7 | 310 | 410 | 400 | 400 | 540 |
НАПОМЕНИ
Цените за дадените смени се однесуваат за наем на студио за 7 ноќи
ДОПЛАТА ЗА ПРЕВОЗ:
45 € за возрасни – повратна карта
35 € за возрасни или деца – карта во еден правец
35 € за деца до 12 години – повратна карта;
Деца до 02 години бесплатно – не користи седиште
Опис на студиа
Стд ½ бр 13 – нереновирано на 1 кат мало студио со еден брачен кревет кујна и купатило .
Стд ¼ број 6 , 7 и 8 нереновирани на приземје со два брачни кревета , кујна и купатило
Стд ¼ бр 9 реновирано на 2 кат со два брачни кревета кујна и купатило
Стд ¼ бр 10 на 2 кат еден брачен кревет еден единачен кревет и софа на пуштање , кујна и купатило .
-
- Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денарска противвредност а по курс 1 евро = 62 мк
- Тргнувањето од Скопје е во 5 часот наутро (за сите промени патниците ќе бидат навремено информирани) а состанок на групата е 30 мин. пред времето за поаѓање . Тргнувањето од Грција кон Македонија е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.
- Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
- За сигурна резервација се прифаќа исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 15 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.
- При правење на резервација на одбраниот објект, ве молиме да приложите копии од пасоши на сите патници кои ќе престојуваат во истиот.
- Преземањето на собите е во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин. Љубезно молиме да се почитуваме и ова правило.
- Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи (важност најмалку 3 месеци од денот на враќање) и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во самата агенција.
- Туристичката такса која од лето 2024 година изнесува 1,5 евро на ден се плаќа во агенција .
- За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
- Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
SIMILAR OFFERS
-
2 КРАК - СИТОНИЈА
ХОТЕЛ GOLDEN BEACH 3* – Метаморфози – ткс – ЛЕТО 2025
-
Uncategorized
ХОТЕЛ „JENNY 3*“ – Сивири – тур – ЛЕТО 2024
-
1 КРАК - КАСАНДРА
ВИЛА STAVROS – Неа Каликратија – атк – ЛЕТО 2025