ВИЛА AMOS - Калитеа - ткс - ЛЕТО 2025
Калитеа или во буквален превод (добар поглед) е опкружена со шуми и зеленило лоцирана на ридот над тиркизното море, на не повеќе од 100 метри до прекрасна долга плажа со ситен бел песок добитник на плаво знаме за чистота збогатена со модерни луксузно опремени кафулиња и барови кои се умерено поставени и прекрасно се вклопуваат во амбиентот кои ја прават Калитеа права дестинација за хедонистички одмор. Постепениот пристап во море и благата транзиција од плитко во длабоко ја прави оваа дестинација погодна за сите возрасти.
Калитеа е најпосетуваното монденско место на Халкидики, оддалечено на само 90 километри од Солун и секоја година привлекува илјадници туристи. Голем број кафулиња и барови привлекуваат помлада популација, па Калитеа е позната како место со најдобра забава на Касандра.
Во Вила Амос, ќе бидете во центарот на случувањата бидејќи се наоѓа на главното шеталиште на Калитеа и на само 3 минути пешки од својата фамозна плажа до која имате пристап БЕЗ СКАЛИ. Амос има 20 удобни и просторни студија кои се целосно опремени за ваша комплетна удобност и релаксирање. Кујни, бањи, телевизори, WI-FI и клима уреди – сето ова е достапно, без дополнителни трошоци, што ќе ви го направи престојот удобен и безгрижен.
ТЕРМИН ОД: | НОЌИ | 1/2 Студио | 1/3 Студио | 1/4
Студио |
24.05 | 7 | 99 | 99 | 159 |
31.05 | 7 | 109 | 149 | 169 |
07.06 | 7 | 149 | 199 | 209 |
14.06 | 7 | 209 | 219 | 339 |
21.06 | 7 | 249 | 259 | 359 |
28.06 | 7 | 349 | 369 | 429 |
05.07 | 7 | 419 | 439 | 489 |
12.07 | 7 | 429 | 439 | 519 |
19.07 | 7 | 449 | 479 | 549 |
26.07 | 7 | 489 | 519 | 599 |
02.08 | 7 | 489 | 519 | 599 |
09.08 | 7 | 489 | 519 | 599 |
16.08 | 7 | 489 | 519 | 599 |
23.08 | 7 | 449 | 479 | 549 |
30.08 | 7 | 309 | 339 | 389 |
06.09 | 7 | 209 | 229 | 369 |
13.09 | 7 | 169 | 179 | 229 |
20.09 | 7 | 129 | 139 | 199 |
27.09 | 7 | 99 | 109 | 149 |
НАПОМЕНИ:
* Цените се однесуваат за наем на студио за 7 ноќевања;
* Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, односно исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест. Единствено, над бројот на кревети е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години. (не користи легло);
* Туристичка такса се плаќа во вилата;
* Сместувањето во собите е после 14:00 часот локално време, а напуштањето на собите е до 10:00 часот локално време;
* Агенцијата не превзема одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во апартманите/студијата;
* Плаќањето се врши во денарска противредност каде 1 евро = 62,00 денари
* Промена на име на патник, термин или сместувачки капацитет без оправдана причина се смета како манипулативен и административен трошок и се наплаќа 20 евра.
ПОПУСТИ:
* За уплатени два аранжмана 7+7 ноќевања одобруваме вкупен попуст од 5%;
* Различните попусти не се комбинираат, односно не се одобрува попуст на веќе одобрен попуст по друга основа;
* Попустите за рана резервација не се комбинираат со останатите попусти;
РЕЗЕРВАЦИИ И ПЛАЌАЊЕ:
* За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 15 дена пред започнување на аранжманот;
УСЛОВИ ЗА РАНА РЕЗЕВАЦИЈА:
* Уплата 50% од износот на аранжманот;
* Доплата најдоцна до датумот кога истекува попустот за рана резервација;
* Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуeлни во периодот на доплата;
ПРЕВОЗ:
* Превозот со автобус се извршува до најблиското место каде што може да застане автобусот;
* Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот;
* Агенцијата, распоредот на седење во автобусот го прави 2 дена пред датумот на поаѓање;
* Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот;
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ Скопје-Халкидики-Скопје:
* 45 € возрасни (повратен билет)
* 35 € возрасни (eден правец)
* 35 € деца од 2 – 12 години
* БЕСПЛАТНО за деца до 2 години (не користи седиште)
SIMILAR OFFERS
-
11 дена ГРЦИЈА
ВИЛА MARIJA – Калитеа – аткк – ЛЕТО 2024
-
1 КРАК - КАСАНДРА
ВИЛА KOSTAS – Неа Потидеа – атк – ЛЕТО 2025